Indie авантурата A Space for The Unbound доаѓа на PS5 и XBOX Series S/X на крајот од оваа година

PQube и Toge Productions, заедно со тимот за развој на Mojiken Studio, објавија трејлер за нивната претстојна наративна авантура A Space for the Unbound. Со трејлерот дојде потврда дека играта излегува оваа година и за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series, откако првично беше најавена за PlayStation 4, Nintendo Switch, Xbox One и PC.

„Простор за неврзаните“ е наративна авантура сместена во доцните 90-ти во рурална Индонезија која ја раскажува приказната за надминување на анксиозноста, депресијата и врската помеѓу момче и девојка со натприродни моќи. Во текот на играта, ќе ги следиме Атма и Реј на нивното патување за самооткривање на крајот од нивните средношколски години.

Демо верзија е достапна на Steam, трејлерот е достапен подолу.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.