Во далечната 1997 година во компанијата Square Enix во Јапонија за тогашната модерна PlayStation 1 конзола ја направи и издаде за мене најдобрата Final Fantasy игра до тогаш направена – Final Fantasy VII. Игра којашто првично била правена за SNES, подоцна за N64, но на крај светлата страна на денот ја виде на PlayStation 1.
Нормално како и сите нејзини предци, се работи за една многу уникатна Фантази приказна каде што имаме неколку авантуристи коишто сепак главната мисија на крај на денот им е да го спасат и исчистат светот од злото. Final Fantasy 7 тогаш ја следеше приказната на едно плаво слатко момче Cloud коешто има голем меч и знае дека неговата цел е да го победи злобниот Sephiroth!
Во текот на приказната на Final Fantasy 7 дознаваме многу интересни работи и за карактерите и за целиот свет којшто е познат како Midgard. Звучни име нели … Но како ги дознаваме сите овие работи и едноставно уживаме во приказната, сфаќаме дека оваа Фантазија е нешто подобра од сите претходни, оваа фантазија дава некој многу добар шмек на работите бидејќи има многу длабоки приказни … Приказни коишто опфаќаат болка, страв, минато, љубов, соочувања и многу други работи …
Многумина млади гејмери денес, вклучувајќи ме и мене, за жал или не сме биле родени или можеби не сме имале можност да ја играме Final Fantasy 7 на PlayStation 1, и ни е многу криво. Мене лично ми е многу криво што не сум бил роден во тој период да го доживеам за првпат тоа чувство за Фантази приказна којашто те мава од земја како е напишана, и како е направена на крај на денот.
Пред неколку години, студиото прави еден многу интересен потег. Решава да направи целосен РИМЕЈК на Final Fantasy 7 и да ја направи во модерна игра. Ова е сериозен потег бидејќи се работи за сериозно огромна игра којашто тогаш беше направена на 3 Цедиња! И ако некого од тоа време се праша колку време било потребно да де заврши играва, би кажал неколку недели активно играње! Затоа ова е сериозен потег којшто е направен од страна на компанијата.
Square Enix решаваат дека ќе направат целосен римејк на играта, но … ќе ја сечат на три дела … Нормално дека на три дела бидејќи и самата приказна така се раскажува, но сепак и од технички аспект нема како да ни ги спојат сите три дела во еден. Ако на пример отишле на ниво скрос цела наеднаш да ја направат и после да ја продаваат, играта немаше да ја видиме во наредниве 10 години и луѓе веројатно би умреле на работа додека ја прават цела игра … Но како и да е во 2020 година го добивме првиот дел „REMAKE“ а сега „REBIRTH“! И уште сега типувам дека третиот дел ќе се вика или „RETURN“ или „RESURRECTION“!
Убавината на Final Fantasy 7 Rebirth
Тие што ја играа Final Fantasy 7 Remake знаат дека цело време се игра во таа мрачни и темни атмосфери, мртва природа, утепан свет, свет на којшто реално му нема помош … Се до самиот крај каде што сфаќаме дека сепак секогаш има некоја светлина на крај од тунелот. Така е и со животот којшто ние го живееме … Колку и да е мачно и мрачно, сепак знајте дека на крајот од тој некој тунел има светлина и следете ја светлината! Вистинска е!
Откако ќе тргнете во вашата голема авантура која се протега низ светот во Final Fantasy VII Rebirth, мистичната девојка со цвеќиња, Аерит, ги шири рацете и се восхитува на нејзиниот типично расположен начин на природната убавина на планетата. „Само погледнете го сето тоа“, вели таа, „Толку е зелено! Жива планета што дише …“. До овој момент, Аерит, заедно со другите херои од играта – Клауд, Барет и Тифа – се вртеа низ преполните сиромашни квартови, темни тунели на метрото и високите канцелариски мегакули во густиот, индустриски град Мидгар. Тоа е клаустофобично искуство кое го зајакнува чувството да се биде заробен под будното око на главниот негативец на претходната игра: корпорацијата Шинра која ја уништува планетата.
Каков почеток на една игра и авантура… Сме го виделе често пати… Можеби најпознато е од The Legend of Zelda: Breath of the Wild кога Link се буди после 100 години од пештерата и гледа жив свет. После го видовме во Elden Ring кога гледаме малку мрачен свет но исполнет со едно гигантско Златно дрво. И сега, го гледаме овде, во Final Fantasy 7 Rebirth кога групата сфаќа дека светот не е Метале и Мрачен, туку има Природа и е Жив!
Играта мора постојано да не потсетува дека планетата, навистина, умира. Аерит, иако јасно знае повеќе отколку што дозволува, овде е фрлена како малку наивна и кусогледа, реагирајќи на она што го гледа на површината, иако опасноста никогаш не била поголема. Егзистенцијална закана се наѕира веднаш над хоризонтот. Нејзиниот и наш проблем е што Square Enix, студиото зад играта, изгради свет кој навистина е убав, исполнет со пријатни диверзии.
Истражувај и Уживај
Патувањето низ светот вклучува навигација на рудници полни со Mythril, пловење со бродови за крстарење, земање жичарници и користење на други форми на транспорт што ги спојуваат регионите на начин што создава илузија на поврзаниот свет. Боговите меѓу нив се забележителни дури и кога станува возможно слободно да се движат низ копно, море или воздух, но никогаш не е проблем затоа што тие се доволно значителни за да создадат огромно чувство за скала. Тие исто така имаат разновидност на естетика што го прави секој регион различен, и им се дава континуитет преку наративно-управувани зони. Иако може да биде посоодветно да се каже дека Rebirth е составено од отворени зони, работите што ги правите во нив се типични и исти што ги знаеме и што ги правиме секаде.
Оваа игра вклучува пронаоѓање на кули од пренасочување, скалирање на истите, а потоа ги активирате за да откриете повеќе активности што треба да се направат во околината. Оттука, можете да направите борбени задачи, да грабнете богатство од местата за ископување, да преземате моќни фиенти, да испитате светилишта или да соберете ресурси. На хартија, тоа е обична и незамислива формула на Ubisoft.
Фантастичната игра со карти „Queens’s Blood“ или специјалните Summon Shrines што водат до нови моќни материјали, сè уште се одлични дури и кога се повторуваат низ мапата на светот. И каде што целите на стандардната област ретко се оддалечуваат од формулата воспоставена рано, страничните потраги, кои се движат од добри и заборавни до одлични, посипани низ секој регион, обезбедуваат лежерност и убав допир на чудност во светот на Клауд и неговите пријатели.
Борбата на Клауд да го фати и запре Сефирот зазема малку пауза овој пат, давајќи им време на сите карактери да ги надминат своите емоции заедно бидејќи повеќето одат подалеку од местото каде што некогаш биле на овој свет. Тие дискусии и растечките врски се прават во и надвор од борбата, каде што новите Синергиски способности обезбедуваат значајни засилувања на акцијата на Rebirth на различни начини. Овие способности и други вештини директно ја подобруваат положбата на Клауд со неговата екипа, отворајќи можности за дополнителен увид и подигајќи посебен метар за односи.
Непријателите се тие што ја продаваат Приказната
Нормално во овој дел е сулудо да се спомне Sephiroth како непријател бидејќи тој карактер едноставно вечно ќе живее во нашите срца и умови и веројатно сите ќе го тетовираме некаде. Мала шала нормално. Но сепак навистина непријателите кои што ги има цело време насекаде вез брестан во светот се стварно правени со мерак и со љубов. Секои регион си има свои непријатели што го прави светот да е жив и уникатен. Непријатели што летаат, имаат многу магии, брзи се, многу сила имаат…
Убавината во Final Fantasy 7 Remake/Rebirth е што непријателите вие не можете ваш така да ги утехата со тоа што ќе ги удрите и исечете одма… Да не се заебаваме ама во сите игри каде што ако имате голем меч и го исечете чисто непријателот тоа е многу идиотско, пошто како тоа умира одма?! Овде ќе си се измачите малку повеќе бидејќи тепате сериозни суштества што нема да умрат одма. Босовите например се ремек дело за уживање… Ако нешто во FF7 Remake/Rebirth ви одземе време (освен истражување) тоа ќе се борбите против непријателите!!! Леле луѓе колку се они долги ама добрииии!!!
Завршни зборови:
Секоја Final Fantasy е Final Fantasy! Омилената реченица поради која што ја обожавам оваа франшиза. Нема ништо да кажам во делот за завршни зборови бидејќи играта не е завршена… Кога ќе се заврши и кога ќе го видиме тој трет дел ќе збориме убаво…