Наум Михајловски - Основи по Game Design @ Game Weekend
420 прегледи20 април 2016 07:57
81
Како прв говорник на Game Week powered by Телеком го имаме
Наум Михајловски (TabTale) кој ни објаснува се околу Гејм дизајн. Од креирање ликови, правење механики во играта, менаџирање на тимовите кои ја прават играта како и детали околу нејзино пласирање.
Неговото патешествие почнува одамна. Уште од времето кога благодарение на него беа имплементирани еден куп промени во Heroes III. Потоа некое време помина во клупите на Нордиус, а сега е во првите борбени редови на ТабТејл.
Наум можете да го добиете на http://goo.gl/JlVT34
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....
Кристијан Трајковски - Unity Tips & Tricks @ Game Weekend
236 прегледи20 април 2016 07:57
30
Кристијан Трајковски (Dark1) – еден од пионерите на Инди игри во Македонија кој освен што не пропушта ниту еден Game Jam е и еден од организаторите на Alt Ctrl Jam.
КИКО е темелот на Dark1, односно првите победници на македонскиот Гејм Џем. Тој со својот тим секоја година доаѓаа со сепонапредна и покомплицирана идеја за игра.
Тој не воведува во програмирањето и работата со Unity engine. На лице место ќе видиме трикови кои некогаш дури и напредни програмери не ги знаат.
Кико можете да го добиете на https://goo.gl/CQUspM
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....
Петар Котевски - Storytelling in video games @ Game Weekend
281 прегледи20 април 2016 07:56
70
Петар `perokolera` Котевски (Kamai Media) зборуваше за приказните и нивното раскажување во видео игрите. Како да изберете/напишете приказна, како да внимавате на замките на кои ке наидете следејќи ја и други детали.
Тој сподели многу детали од неговото богато искуство работејќи за големите гиганти во ААА индустријата. Разврза големи дебати и многу гејмерски муабети.
Неговата рута засега е Битола – Крајтек – Банџи и Мајкрософт... па пак Битола!
Човекот кој ја стави македонија во гејминг историјата (Easter eggs во Far Cry). Петар беше задолжен за Вештачката интелегенција на непријателите во играта на 50 сент, потоа стави печат на Хало поточно на Мастер Чиф.
Петар можете да го добиете на https://goo.gl/kCKWxy или на www.kamaikamai.com
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....
Лорент Копиц е човекот кој стои зад наградата за музика на играта Journey која беше апсолутен победник по излегувањето на играта во неколкуте години кои следуваа. Студиото во Македонската Радио Телевизија заедно со неговиот симвониски оркестар никогаш не звучело подобро. Од таму излегоа десетина саунд траци за игри и многу повеќе за филмови, серии, трејлери, реклами, а исто така и за документарни и анимирани филмови.
Тој зборуваше за FAME’S PROJECT и проектите кои (ќе)ги работат.
Лорент можете да го добиете на www.fames-project.com
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....
Александар Сотирковски - Masterclass on characters @ Game Weekend
158 прегледи20 април 2016 07:56
30
Александар Сотировски е македонски стрип-цртач и илустратор, автор на најновиот генерациски бран main stream стрип автори. Тој е создавач на многу препознатливи стрипови и илустрации и има соработувано со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи.
Ова беше превземено од неговата Википедиа страна која за жал е прилично оскудна. Затоа тој ни се обрати со расправија за цртањето на ликови и карактери во видео игри, стрипови и анимации.
Сотиро можете да го добиете на https://goo.gl/IMVId6
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....
За крајот на првиот ден направивме панел дискусија. Во опуштена атмосфера имавме шанса да поразговараме со лугето кои издадоа игри или се на пат да издадат игра, точно од тука, од Македонија.
Учесниците на панелот беа:
- Енди Милојкоски – човек армија кој самостојоно (со малце помош) ја направи и ја издаде Raining Blobs (https://goo.gl/Dxo1J0).
- Васко Атанасовски од Workbench. Пред една година исфрлија тизер трејлер и футиџ од нивната игра Wounded, а пред некое време направија и кик стартер кампања (www.workbench-entertainment.me),
- Петар Котевски е основач на Kamai Media кои работат на нивното прваче Sonder кое најнепретенциозно стреми да биде првата македонска ААА игра (www.kamaikamai.com).
- Иван Ивановски е основачот на Tesseract Interactive, кои добија грант на една стартап конвенција во Бугарија. Тие минатата недела и официјално ја пуштија на својот паблишер својата игра Excubitor (http://excubitorgame.com/).
Сите информации околу Game Weekend powered by Телеком можете да ги најдете на https://goo.gl/i2fU8f или на фан страната на МАГДА....