Banishers: Ghosts of New Eden – Рецензија

Можеби името на студиот Don’t Nod Entertainment или по ново само Don’t Nod не е толку популарно за погоелмата публика на гејмери, но сепак за некоја си ниш и уникатна публика е многу големо нешто. За тие коишто не се запознаени, одма сакам да нарпавам мала ретроспектива на студиото и што имаат направено. Во 2013 година студиото го направија својот прв наслов којшто или не сте го слушнале до сега или ви е тотално заборавен „Remember Me“. Наслов којшто направи успеси, но многумина ја сметаат за една од најзаборавените игри некогаш направени.

Но сепак после неколку години студиото малку го размрда светот и гејминг сцената со нивниот најпознат наслов до сега „Life is Strange“. Игра којашто нормално повторно е за ниш публика, ама сепак направи големи успеси и им остави многу специјални и посебни моменти на многу гејмери ширум светот! Јас како човек што не сум фан на такви игри каде што мора да правиш одлуки, играта ме завлече многу сериозно! Мераци!

Студиото после Life is Strange релативно падна во сенка од големите конкуренти бидејќи сепак се работи за делумно Инди и Double-A студио коешто не пробува да биде на врвот и да биде конкуренција на сите големи конкуренти. Студиото ги направите игрите Vampyr, Life is Strange 2, Tell Me Why, Twin Mirror итн., но сепак никои од тие наслови не се ни пласираше многу кон публиката. Што е реално фер одлука од страна на Don’t Nod како Гејминг Студио од Франција. И ова се трае до оваа година кога студиото направија Double-A игра, но овој пат ја пласираа и промовираа многу повеќе од што било и од било кога! Се работи за Banishers: Ghosts of New Eden. Наслов и ново IP коешто е билдано од сите претходни наслови и пробано се да се стави во едно! Најголемото Фала веројатно студиото треба да им го дадат на Focus Entertainment од причина што издавачите повторно го видоа потенцијалот на студиото после издавањето на нивната игра Vampyr.

Banishers: Ghosts of New Eden

Уникатна приказна со Истребувачи

Може да се сложиме сите дека често седнуваме и истражуваме што да играме дента, неделата, месецот, и истражуваме на начин со вадење на одредени точки што сакаме да видиме во играта. На пример ако сакаме да играме игра каде што имав магии, да е авантура, голем свет, чудовишта и сè останато, нормално дека на сите првиот избор секогаш би ни било The Witcher … Но што ако концептот на Witcher го земеме, и така малку го измешаме со познатиот концепт на Шерлок Шолмс – Мистерија и Откривање на Убиства. Звучи забавно нели? Добро сепак, за кој како …

Banishers: Ghosts of New Eden раскажува една многу интересна и уникатна приказна за љубовното дуо Antea и Red коишто се Ловци и Истребувачи на Духови и зли сили коишто се шират низ светот. Дуото се повикани да го истражат мистериозниот случај и неколкуте убиства коишто се случиле во местото „New Eden“. Во процесот на истражување девојката Antea станува дух! Ни Antea ни Red не знаат која е причината зошто она станува дух, но се претпоставува дека е убиена и нејзиното тело е некаде однесено да се прави некое секташко жртвување. Иако целта беше само да се истражи зошто се случуваат убивање и да се истребат духовите, приказната сега се дуплира во нов проблем, а тоа е да се најде причината за убивањето на Antea.

Banishers: Ghosts of New Eden

Убавината во приказната е што на почетокот само знаеме дека се пар, дека работат заедно, но сепак не знаеме ништо друго за нив, какви карактери се, какви им се размислувањата и сè останато. Во текот на самата игра сами си одлучувате дали сакате да дознавате повеќе детали за вашите карактери. И многу е интересно што одамна не сме виделе игра каде што ви давате опција да играте симулатно со два карактери, но да се во љубовна врска. Сме виделе родителски и пријателски карактеристики, но сепак на ваков начин можеби за многумина ќе е и првпат да играат вакво нешто.

Концептот на играта е направен дека од почеток до крај можете симултано да играте со двајцата карактери, но сепак играта е фокусирана да игрте со Red повеќе од неколку прости причини. Првата причина нормално е дека ќе играте со човек, а не со дух … Но сепак главаната причина овој пат е бидејќи целиот концепт е изграден женственоста да има поголема доминација во самата приказна. Целото дејствие е наменето да имаме некој концепт на Џедај Мастер и Падаван, само во случајов Џедај Мастерот е Anthea. Девелоперите рекла дека е доволно само мажите да се издигнуваат, мора малку и женственоста да се прикаже дека може да има поголема доминација!

Banishers: Ghosts of New Eden

Е сега, колку и да е уникатна приказната, сами треба да си одлучите дали приказната ќе ве завлече и вози, или можеби ќе сакате што повеќе само да се движите од едно место на друго место. Јас лично се доведов до степен одредени места да ми се најдобрите работи што некогаш сум ги видел, а одредени места да сакам само да завршат што побро. Главната причина ви ја прават и карактерите коишто ги сретнувате. Со сите можете и да зборувате и да истражувате нови работи за нив, сепак многу од нив се досадни, ама па и добар број од нив се многу уникатни!

Секој избор е важен!

Многу RPG игри ви даваат опција што сакате да кажете кога зборувате со некој карактер и со тоа ви даваат многу детали околу играта и самото место. Но овде секое зборување е многу важно бидејќи сами си одлучувате како ќе ја терате самата приказна. Бидејќи нормално се работи за коценпт со мистерија и откривање на убиства и дела, на крај од секое истражување мора да одлучите кој е во право, кој е виновен, и дали можеби ќе му ја земете душата на некој карактер! Во секоја мистерија на крајот мора да направите важна одлука. Одлуката како што кажав и погоре најчесто е дали ќе го обвините карактерот за некое дело или ќе му ја земете душата за нешто што направил. Можете да играте на начин дека ќе бидете фини и на сите ќе им давате одлука да живеат или можете да играте злобдно и на сите да им ги земате душите! Секоја одлука завршува со различен крај!

Banishers: Ghosts of New Eden

За жал немав можност да бирам различни опции и да доаѓам до различните краеви бидејќи за се тоа треба цело време одново да ја играте целата игра. А одновно да се игра нешто што трае околу 20тина часа не е заебанција. Ова е игра и приказна за некој што може целосно да се посвети само на оваа игра и да ја игра секојдневно многу саати.

Прекрасно дизајниран свет

Америка ја имаат најглупавата историја! Слободно можете да ме критикувате и мразите после ова, но сепак како човек што е љубител на Историја и Географија, според мене Америка ги има најглупавите моменти во историјата и целиот тој континент е сега уникатен. Играта е сместна во 1600-тите години на Америка кога е убедливо најдосадното време на целиот континент. Но. кој би рекол дека некоја ваква игра со овој концепт ќе ме натера малку повеќе да ми се допадне таа Америка. Целиот тој коцент на светот што е сместен во таа досадна Америка му се ставени елементи да зли сили, истребување и едноставно луѓе коишто полека бегаат од своите живеалишта да најдат мирно место за живот. Искрено ова е сетинг којшто не можам да се сетам ни дали сум играл некоја игра којашто го води овој период. Цел свет исполнет со многу религија, верби во виши сили, колонизации, мистицизам, вештерки, магија … Нема толку многу елементи на фантазија колку што е вистинското нешто што се случувало. Единствената фантазија е тоа што има реални Истребувачи и вистински Суштества.

Banishers: Ghosts of New Eden

Светот се чувствува дека е жив на начин што стварно на одредени места има луѓе што живеат и на одредени места има непријатели коишто масакрираат. Многу убаво и точно е прикажано каде и зошто има некое село, повторно каде и зошто има рудник, точно место исполнето со тоа баш таму да има некоја пештера или река. Не здосадува едноставно. Немате моменти на утепување од шетање во некоја шума и да го гледате истото добри 5 минути, имате моменти кога цело време гледате уникатни дрва, мостови, реки, планини и сè останато. Тој што им бил дизајнер за кое просторно планирање си ја изработил работата како што треба!

Единствената негативност кај истражување на овој свет е што доколку барате причина зошто да го истражувате, нема да ја најдете причината па ни потребата. Нормално цело време имате места каде што можете да се качите на некој врв или да влезете во некоја пештера каде што ќе ве чека некој ковчег, или ќе имате некој пентаграм за повикување на непријатели, но сепак … Ништо од тоа не ви ни вреди ни ништо. Целиот концепт на RPG е што работите што ќе ги наоѓате како нови Items нема ништо да ви променат. Јас лично ја поминав цела игра со работите што ги добив на самиот почеток и само им правев Upgrades. И се може да се купи … Нема никаква потреба за истражување и барање на работи …

Banishers: Ghosts of New Eden

Комбатот е мизерија и с**ње

Мора да се најдат луѓето коишто биле фокусирани на правење на целиот комбат систем во играта малку да се седне на разговор со нив и да се дефинираат работите коишто се добри а коишто се лоши. Само негативно во случајов е што целиот комбат систем е мизерно направен! Цело време барав скип копче на моменти кога има борби бидејќи не сакав да се заморувам со тие работи. Единствената уникатност во Комат системот е тоа што можете инстантно да се менувате дали сакате да играте како Човек или Дух, односно дали сакате да сте Red или Athea. Двајцата карактери нормално имаат уникатен начин на борба. Со главниот карактер Red имате опција да се тепате со меч или да пукате со пушта, а со Athea духот се тепате со голи раце … Среќа што им текнало дека дух може да прави повеќе работи и имаат ставено многу досадни напади коишто се прават со Духовни способности коишто реално се слаби и досадни за користење. Ставени се во играта колку да може да има неколку работи повеќе за да не биде па баш целиот комбат систем тотална мизерија.

Во играта има Skill Tree каде што со левелирање ги надградувате можностите и на Red и на Athea коешто е наменето за кога се тепате малку да сте појјаки, и додека се менувате од човек во дух да имате некои уникатни анимации коишто се смета дека се напади, но верувајте дека се гола вода и ништо не менуваат … Јас лично би го избришал или целиот концепт на Skill Tree или само би го скратил на одредени и битни работи коишто нема да имате избор, туку се клучни. Левелирајте, надоградете се на тоа што е следно и тоа е тоа … Не ми давај дали сакам да правам 10% повеќе DMG. или да имам 10% повеќе одбрана … Не треба во вакви игри Skill Tree со избор.

Banishers: Ghosts of New Eden

И како во многу игри, така и тука дизајнот на непријатели паѓа во делот на Главни Непријатели, и обични непријатели коишто ги гледаме секаде низ светот. Главните непријатели секогаш се големи чудовишта со различни моќи коишто срце ви игра додека се борите со нив, и концептот на Perry и Lock On најмногу се користат во борбите со тие непријатели. Е сега ако се запрашувате на начин ’па тоа е целиот концепт на главен непријател‘. Да, нормално, но сепак здосадува на моменти кога цело време се шетате во свет каде што има непријателчиња со еден напад кој нормално е замавнување со меч или само фрлање на некоја магија … А после доаѓаш кај големите непријатели каде што скокаат, пукаат, замавнуваат и сè останато. Сите сакаат да бидат како Souls игрите на Хидетека Мијазаки, но го забораваат делот дека и целиот отворен свет треба да биде исполнет со уникатности.

Игра преполна со Гејм Брејкинг Багови

Сите сме играле игри кои биле полни со багови и кои не биле исполирани до крај како што треба. Тие багови често биле на пример некој карактер да премине низ ѕид, да се држи на пример чаша а во кадар се крева само рака а чашата стои на масата и некои такви работи. Но ништо од тоа не ви е гејм брејкинг и не ви штети на самата игра. Но во Banishers: Ghosts of New Eden има толку проблеми што јас при играње од почетокот до крајот на самата игра морав да ја рестартирам играта 17 пати! Ги броев, затоа е спесифична бројка. Јас лично играта ја тестирав на PlayStation 5, но од тоа што можев да видам е дека на XBOX и PC играта работи уште полошо и од PlayStation 5! Тоа е многу заебана работа! Причините за моите 17 рестартирање на играта беа – Целосно губење на Звук, Карактери со коишто треба да се збори се во Воздух, Квестовите во играта се расипуваат целосно!

Banishers: Ghosts of New Eden

Првиот пат кога ми се случи целото губење на звук во играта мислев дека е некој проблем со мене дека ми рокнале звучниците, и кога поврзам слушалки повторно немаше никаков звук. Во сетингс се измачив да видам која би била причината за да се изгуби целиот звук … И после цело мачење и промени, единствениот спас беше само рестартирање на самата игра! Во 2024 година добиваме игри коишто имаат проблеми со звук. Вториот најголем проблем што го имав во целата игра е што голем број на карактери со коишто треба да збориш за да си ја продолжиш приказната и да ги завршиш со квестовите, често ги наоѓав како стојат во воздух горе … и нормално опцијата да збориш со нив не постои од причина што лебдат … И нормално немаш опција за поправање, мора едноставно да ја рестартираш целата игра.

И нешто што ужасно ме изнервира при играње на играта е што имаше еден Quest од главната кампања којшто мораше да се заврши за да се заврши и самата игра, едноставно реши да се расипе … Треба да се збори со еден карактер, не е битно кој е и каде е и што е, но карактерот едноставно го немаше никаде. Ако ви се верува потрошив цели 4 часа за истражување на буквално целата мапа и со помош на туторијали карактерот го немаше никаде! После залудно потрошени 4 часа, спасот било рестартирање на играта! Сакам Don’t Nod и Focus Entertainment да ми дадат нешто уникатно за залудно потрошени часови во еден Quest. После тоа се случи уште на неколку места, но бев спремен и знаев што да правам.

Banishers: Ghosts of New Eden

И како за последен Гејм Брејкинг Баг во самата игра – Оптимазцијата е тешко ѓубре! Како што спомнав погоре, морам повторно да кажам, играта ја тестирав на PlayStation 5. Најдобрата и најсилната конзола. Играта со ставен Performance Mode во 70% од времето паѓаше на некоиси 15-20FPS. Во 2024 година, со Performance Mode на PS5 да ти паѓаат FPS на 15-20FPS е срамота! На локациите каде што се случуваа тие дропови, ставав Quality сетинг, и луѓе … Играта не мрдаше … Од луѓе коишто ја имаат тестирано на PC добив дека играта целосно и крашнувала… 🙂

Оценка: 5/10

Banishers: Ghosts of New Eden

МАРКЕТИНГ

About The Author

Утрово официјално „Амазон Студиос“ (Amazon Studios) и „Гејмс Воркшоп“ (Games Workshop) го финализираа договорот кој се подготвуваше цела година. Завршувањето на овој договор значи дека Амазон Студиос сега има ексклузивни права за сите филмови или телевизиски проекти поставени во универзумот на Warhammer 40.000 – а според следната обновена информација од Гејмс Воркшоп, во подготовка се повеќе проекти.

Веста беше споделена и на социјалните мрежи од Хенри Кавил, кој најдолго време е поврзан со проект поврзан со Warhammer 40.000. Тој ќе продуцира и ќе игра главна улога во своја серија, што ќе му овозможи уште еден начин да ја истражува својата страст која ја следи веќе 30 години.

Потпишано, Запечатено и Доставено! Во ажурирање објавено од тимот на Warhammer, беше потврдено дека неколку проекти се на пат од универзумот на Warhammer 40,000. Изјавата гласи:

Официјално е – Games Workshop и Amazon Studios го финализираа својот договор – креативните упатства се утврдени, и сега сме подготвени да го донесеме Warhammer на екран.

Но, што точно значи тоа?

Па, тоа значи дека сега имаме синопсиси и распоред за приказните што ќе ги раскажеме… да, кажавме приказни! Можеби беше потребна година, но беше година добро потрошена! И каква забава – пребарување низ огромноста на универзумот на Warhammer 40,000, дебатирање за ликови, приказни и тематската суровост што го поддржува сето тоа.

Во правното соопштение, беше наведено дека Амазон исто така има опција да ги лиценцира правата за универзумот на Warhammer Fantasy по објавувањето на било која продукција од Warhammer 40.000 – така што овој договор може на крајот да се продлабочи значително.

За жал, тимот на Games Workshop и Amazon Studios нагласија дека ќе поминат многу години пред целосно да се појави продукцијата. Оној проект што е наречен „Project One“ е сè уште во фаза на подготовка за пишување на сценариото, така што ќе треба да чекаме долго време пред да се остварат резултатите од овој договор.

„Процесите на продукција во однос на филмовите и телевизиските серии може да траат неколку години.“

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!