Overwatch League се враќа за два месеца, но немаат ниту еден спонзор

За помалку од седум недели, во мај, започнува петтата сезона на официјалната Overwatch League на Activison-Blizzard, која што ќе започне со голем настан во живо од Тексас. Но сепак тажната и мрачната страна е што за два месеца ќе започне, но сепак немаат најдено ниту еден спонзор и никој не сака да им биде спонзор на настанот. Официјалните лица тврдат дека причиназа ова се “тековните случувања” кои се случуваат со различни партнери, но по бројните тужби и обвинувања за сексуално вознемирување, минатата година се чини дека компаниите се уште се претпазливи да се вклучат овде.

Поради Ковид-19 Overwatch League нема одржано настан во живо во САД од почетокот на 2020 година. Така, започнувањето на следната сезона на популарната е-спорт лига со голем настан лично е голема работа за Activision-Blizzard и разни тимови и луѓе кои се вклучени во лигата. Исто така, ќе биде едно од првите места што ќе дебатира Overwatch 2, продолжението на популарната игра.

Како што објави The Washington Post, додека лигата се засилува за своето големо враќање и новата ера на Overwatch, таа моментално работи без големи спонзори. Големите корпоративни спонзори како Kellogg, State Farm и Coca-Cola ги прекинаа своите рекламни договори со лигата по јавното обелоденување на тужбата поднесена на 20 јули 2021 година, од страна на Калифорнискиот оддел за правично вработување и домување, откако се појави долгогодишна и многу долга истрага. Приказни за повеќе жени кои секојденвно трпеле малтретирање додека работеле во Activision – Blizzard. И на The Washington Post овие компании му кажале дека ниту една не планира да ги обнови своите договори за рекламирање или спонзорство со лигата во 2022 година, иако компаниите исто така одбија да кажат дали одлуката за прескокнување на 2022 година се должи на тековните тужби со кои се соочува Activision – Blizzard.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN