Извршниот директор на Мајкрософт сака да биде “Добар Издавач” за Sony и Nintendo

Во неодамнешното интервју за медиумот Bloomberg, Сатја Надела, извршниот директор на Мајкрософт, зборуваше за состојбата на гејминг индустријата по неодамнешното затворање на аквизицијата на Activision Blizzard.

За време на таа исцрпена сага, беа дадени ветувања за носење на игрите на Activision Blizzard на други платформи во годините што доаѓаат – а тоа вклучува објавување на наслови на Call of Duty на Nintendo Switch за прв пат.

Надела зборуваше дека ќе биде „добар издавач“ на платформи кои до пред неколку месеци се сметаа за строги конкуренти.

Еден за сите… Сите за… За кого?

Постои желба од Мајкрософт да ја искористи зголемената моќ на XBOX за да стане платформа број еден во индустријата за игри. А сите сме свесни за тоа колку е тешко бидејќи така мало време XBOX не биле на врвот. Само мало време…

Благодарение на неодамнешните аквизиции, таа цел е на повидок, но напорниот пат да се стигне до таму сè уште има многу фурни леб за јадење. Во неодамнешното интервју за Bloomberg, Сатја Надела зборуваше за иднината на активностите за издавање игри на Мајкрософт:

Ние сме огромни фанови на видео игрите. Всушност, познатата Flight Simulator е создадена дури и пред Windows да биде реалност. Можете со тоа да сфатите колку е тоа јако.

Но, не сметаат како да сме терти или четврти избор секогаш, но и со Activision сега, мислам дека имаме шанса да бидеме добар издавач, искрено кажано, на Sony и на Nintendo, и на PC и на Xbox.

Изјава од Извршниот Директор на Мајкрософт – Сатја Надела, за Bloomberg

Не е голема тајна дека постои цел да се прошири што е можно повеќе. Со неодамнешниот раст на основата на XBOX во одредени региони (како Азија) и зголемениот успех на услугата за претплата Game Pass, има многу позитивност во компанијата.

Gears of War 6 на PlayStation 5?

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN