God of War Ragnarök – Launch Party во Галерија

Времето е малку кога имаш заедничка тема за муабет со луѓето околу тебе

Во најголемиот продажен салон на најдобриот Дистрибутер и Увозник за PlayStation во Македонија ГАЛЕРИЈА на 9ти ноември 2022 се одржа еден од најдобрите и најубавите Lunch Party’s за видео игри! Се одржа Launch Party за големиот гејминг хит God of War Ragnarök!

Гораст “Kratos” Цветковски

Пан Европа Л.Т.Д. е компанија основана во 1995 година. Од самото основање e овластен увозник и дистрибутер на програмата на SONY. Од 2007 година со одделувањето на SIEE-PlayStation од рамките на SONY стануваат единствен овластен увозник и дистрибутер на истата за територијата на Република Македонија и Косово. Пан Европа или познати како Галерија освен што се дистрибутери и увозници на Sony и PlayStation исто така можат да се пофалат со огромната дистрибуција и увоз на брендовите Razer, Dell, Logitech и гигантот NINTENDO!

God of War Ragnarok – Jotnar Edition

Настанот беше воден од познатиот глумец, шоумен и водител – Гораст Цветковски кој што заедно со неговиот син беа облечени во караткерите на Kratos и неогвиот син Atreus! Двајцата беа облечени како карактерите од првата God of War игра заедно со познатите оружја кои што се застапени во играта. Доколку учествуваат на Cosplay натпревар како Duo-Cosplay веројатно би добиле прво место! Костимите навистина го одземаа здивот! Врвна шминка направена од професионалци, целиот костим шиен и фарбан од луѓе кои што си ја знаат работата, нешто што навистина ќе се памти долго време!

Настанот иако беше краток беше полн со луѓе кои што беа дојдени да ја купат играта God of War Ragnarök или да учествуваат во Квизот кој што беше полн со прашања за франшизата на God of War! Многумина од посетителите и купувачите си добија и маички со логото на God of War Ragnarök. Голем дел од луѓето кои што беа на настанот си отидоа со маичка и игра, но некои си отидоа со прекрасен нов PlayStation 5 и God of War Ragnarök!

МАРКЕТИНГ

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”