Remedy го најави продолжението на Control

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Во изработка е продолжението на познатата игра “Control” од Remedy Entertainment во соработка 505 Games кои официјално ја најавија како Control 2. Продолжението на првата игра која беше објавена во 2019 година ги доби своите први детали заедно со најавата која потврди работи како платформите на кои ќе биде достапна, енџинот со кој што ќе биде правена играта и многу повеќе. Сепак, се чини дека ќе помине некое време пред фановите на Control да можат да го играат продолжението, бидејќи Remedy во својата објава рече дека Control 2 моментално е во концептна фаза.

Remedy најави дека играта Control 2 ќе излезе за платофмите PlayStation 5, Xbox Series X|S и PC, така што оваа игра сигурно ќе ги остави зад себе Xbox One и PlayStation 4. Тоа се разочарувачки вести за оние кои сè уште немаат купено конзоли од нова генерација, но тоа барем значи дека овој пат нема да има компликации како што беше со минатата игра. Минатата игра има имаше компликации кога даваше Free Upgrade за од PS4 на PS5. Фановите не ја сфатија политиката на девелоперите, но и девелоперите не им објаснија на фановите се како што треба и дојдоа компликациите. Но не е толку битно веќе тоа.

Remedy, исто така, потврди дека Control 2 е иста игра која беше под Codename Heron, која беше најавена од девелоперите. Ова продолжение ќе биде правено во Northlight енџинот, а Remedy и 505 Games ќе се поделат на кој што ќе работи. Remedy ќе работата на PC верзијата за Control 2 а 505 Games ќе работат на протовите за конзоли на Control 2.

“We are excited to deepen our cooperation with Remedy and continue the success story of Control together. Since its launch in 2019, Control has sold over 3 million copies. Control is the biggest investment 505 Games has ever made, so it has a special place in our hearts. We are grateful to the whole player community that has made Control such a long-lasting and loved game, and are even more excited to bring out Control 2.”

Rami and Raffi Galante, co-CEOs of Digital Bros Group/505 Games

Покрај работата на Control 2, Remedy работи и на продолжение на Alan Wake со Alan Wake 2. “Играта е во целосна фаза“, неодамна изјави Remedy и се очекува да излезе во 2023 година. Alan Wake Remastered, исто така, неодамна ги исполни своите планови за лансирање со портање на Nintendo Switch, а во тек е и ТВ-шоуто на Alan Wake. Remedy ни самите не знаат како ќе постигнат се!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Втората сезона на Overwatch 2 ќе започне следната недела на 6ти декември! Ажурирањето на сезоната носи нов херој во играта заедно со нова мапа, Battle Pass, празнична козметика и многу повеќе…

Оваа вест доаѓа преку новиот трејлер за 2та сезона на Overwatch 2, објавен денеска, кој можете да го погледнете подолу, заедно со нов блог пост од Blizzard. Во трејлерот, го гледаме новиот херој кој се приклучува на списокот на херои – Ramattra како и новата експорт Shambali мапа која влегува во редовната ротација на играта заедно со досегашните. Исто така го гледаме новиот Mythic скин на Junker Queen достапен во новиот Battle Pass како и поглед на некои од празничните скинови од претстојните празнични настани.

With a new season comes a new map pool. Along with our newest map, Shambali Monastery, players can anticipate the return of a fan-favorite, Rialto, and the most epic place on earth, Blizzard World. We’ll be visiting Oasis and Nepal at different times of the day and rotating out Hollywood and Watchpoint: Gibraltar. As a reminder, all off-rotation maps will continue to be available in custom games.” 

Blizzard

Blizzard вели дека темата на 2-та сезона е грчката митологија, што објаснува зошто митските скинови од Battle Pass е Zeus Junker Queen. Овој скин ќе вклучува нови прилагодувања, модели на оружја, гласовни линии и специјални ефекти. Легендарниот скин на Poseidon Ramattra и Легендарниот скин од Hades Pharah може да се заработи и со квестови.

“These heroes and several others will be imbued with awesome god-like powers in our new Battle for Olympus game mode. This new limited-time event will start on January 5 and last until January 19.”

Blizzard

Blizzard исто така враќа два празнични настани: Winter Wonderland and Lunar New Year. Секој настан оваа сезона, вклучувајќи ја и битката за Олимп, ќе има скин како награда што можете да се заработи со играње и исполнување предизвици. Можете исто така да заработите помали работи од сезона 2 со гледање стримери на Overwatch 2 на Twitch.

Сезона 2, исто така, носи неколку промени во рамнотежата на Overwatch 2. Blizzard вели дека се фокусира на масакрирањето на Sojourn’s Rail Gun на растојание за сезона 2, во обид да ги поттикне играчите да ја „искористат големата мобилност на Sojourn за да го затворат растојанието за повеќе да има уништувања”. Doomfist добива „значајни промени кои подобро ја поддржуваат неговата улога како Tank на тимот, додека сè уште го одржува јадрото на стилот на игра на неговиот идентитет на херој“. Севкупно, Blizzard вели дека може да очекувате прилагодувања за Ana, Bastion, Junker Queen, Kiriko, Mercy и Symmetra кога ажурирањето на сезона 2 ќе биде објавено на 6 декември.