Remedy наводно работат на Triple-A Doctor Strange игра

Излезе гласина која вели дека познатото студио Remedy работи на нова Doctor Strange AAA игра која треба да биде најавена наскоро!

Кога ќе се помисле дека неделата ќе помине многу лесно, без некоја голема новост, излегува гласина која што вели дека Remedy, студиото виновно за правење на Alan Wake, Control, Quantum Break, Max Payne и уште многу други работи на голема Doctor Strange игра.

Веста дека Remedy веќе некое време работи на AAA игра фокусирана на овој суперхерој на Marvel, пристигна денеска преку Twitter, каде на страницата Moth Culture, која објавува прилично точни протекувања, беше наведено дека играта е во развој и нејзиниот прв тизер е планиран за летото, некаде за време на една од конференциите (E3 ако има, но веројатно Summer Game Fest), што донекаде може да се совпадне со премиерата на претстојниот филм Multiverse of Madness.

Пред околу година дена излезе слична ваква гласина која што сугерираше дека Insomniac Games работат на оваа игра. Insomniac се креаторите на Spider-Man игрите и во иднина Wolverine играта. Нормално ги спомнавме само од Марвел, Insomniac Games зад нив имаат голема историја на игри.

Не е ни толку битно дали Insomniac Games или Remedy ја прави оваа игра бидејќи се работи за две масовни студиа кои што се под водство на Sony. Но сепак може да се каже дека Remedy би било подобро они да ја прават од причина што Remedy се мајстори за раскажување на добра приказна, и тоа многу мрачна! Баш како што му стои на Doctor Strange.

Нешто најблиску до Doctor Strange игра излегува за неколку дена, на 22ри март и таа игра се вика “Ghostwire: Tokyo”

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.