Kao the Kangaroo го демонстрира старошколскиот дух на платформерите

Станува сè појасно дека Као Кенгурот ќе игра со носталгија за 3D платформери од ерата на PlayStation 2. Стилот, изгледот, музиката, па дури и ликот на Као, кого го немаме видено од 2005 година, секако не доведоа до тој заклучок. А новиот трејлер само го потврдува кажаното. Посветен е на локациите и светот во кој ќе ја играме играта ова лето, кога Kao the Kengaroo ќе излезе и за PlayStation и Xbox конзолите, како и за PC и Nintendo Switch. Играта треба да излезе во лето оваа година.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.