Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Веќе се претпоставуваше дека 2-та сезона на „The Last of Us“ на HBO ќе биде објавена во 2025 година со оглед на распоредот на снимање. Но сепак денес компанијата потврди дека серијата офицјиално ќе пристигне во 2025 година.

Снимањето на втората сезона требаше да започне во јануари 2024 година, но неодамна беше малку одложено до февруари поради презафатениот распоред на Педро Паскал. Официјалниот датум на започнување за снимање на 2-та сезона на Last of Us сега е 20 февруари 2024 година и се очекува да заврши до 9 септември 2024 година.

Распоредот на снимањето на Педро Паскал е преполн бидејќи ги снима филмовите и сериите „Gladiator 2, Fantastic Four, and The Maldalorian“.

Откритието дојде кога магазинот GQ го прашаа Neil Druckmann: „Луѓето исто така шпекулираат како сезона 2 ќе опфати толку голема игра. Дали следната сезона ќе го опфати целиот тек на вториот дел?” На што Дракман одговорил: „Втората игра ќе биде во повеќе сезони“.

Датумот на објавување во 2025 година може да биде малку разочарувачки за фановите, но чекањето треба да вреди. Адаптацијата на The Last of Us од HBO направи огромен успех за својата прва сезона, а првата епизода беше премиерно гледана од 4,7 милиони гледачи на првиот ден. Неделните епизоди потоа ги надминаа претходните рејтинзи на гледачите од недела во недела, при што серијата имаше во просек 32 милиони гледачи по епизода.