Хорор играта IMMORTALITY е новиот наслов од креаторот на Her Story и Telling Tales која што доаѓа ова лето

Indie девелоперот Sam Barlow кој што е познат по неговите неконвенционални FMV хитови Her Story и Telling Tales, го претстави својот нов проект кој ќе биде многу сличен на тоа што е познат до сега.

IMMORTALITY е нов интерактивен FMV хорор, порано беше познат како “Project Ambrosio” (Code Name), кој бил во креација од Barlow во соработка со Half mermaid Productions. Тоа е вознемирувачко достигнување кое треба да ја раскаже приказната за измислената актерка ‘Marissi Marcel’ и нејзините три филма (Ambrosio од 1968, Minsky од 1970 и Two of Everything од 1999) кои што никогаш не ја виделе светлината на денот.

Со копање низ архивата и материјалите, зад сцената, на споменатите филмови играчите ќе треба да ја состават приказната за секој од филмовите и да откријат што се случило со Мариса на крајот. Овој сегмент од играта ќе биде сличен на оној од претходните дела на Sam Barlow. Освен што интеракцијата со секој од филмовите ќе биде многу подетална и интерактивна бидејќи сега ќе може да се забави или паузира видеото и директно да се лика на една од точките од интерес на екранот. На тој начин подетално да се занимавате со вашето истражување.

Во развојот на ова остварување се вклучени неколку познати сценаристи од филмската и ТВ сецна, а најпознати меѓу нив се Allan Scott (Queen’s Gambit, Don’t Look Now), потоа Amelia Gray (Mr. Robot и Maniac) и на крај Barry Gifford (Wild at Hearth и Lost Highway).

IMMORTALITY ќе излезе за PC и за XBOX Series S/X во текот на ова лето. На излегување ќе биде и дел од XBOX Game Pass. Се планираат и верзии за другите платформи како Playstation 4/5 и Nintendo Switch, но ќе бидат објавени подоцна.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Според новиот извештај од аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо (забележан преку IGN), компанијата наводно ги прекинува испораките на Apple Vision Pro во 2024 година.

Овој потег, наводно, ќе ги намали испораките на околу 450 илјади уреди, наспроти проектираните 800 илјади што ги очекуваа пазарните аналитичари.

Apple само што го лансираше уредот во февруари, и брзо акумулираше со мешани критики. Уредот вклучуваа над 200 наслови од Apple Arcade, како и поддршка за контролери. Сепак, уредот јасно даде приоритет на пробивање на нови терени во компјутерскиот простор наместо игри.

Скапичок уред…

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, изјави дека уредот ќе воведе нова ера на „Spatial Computing“. Но, пониските пратки подразбираат малку помал оптимизам.

Сепак, извештајот во март сугерираше дека Sony на сличен начин го паузира производството на уредот PSVR2 поради намалената продажба. Извештајот од Yijia Zhai објасни дека „високата цена на VR хардверот делува како главна пречка за неговото проширување“.

Уредот беше лансиран со висока цена од 3.499 долари… Ова е сосема поинаков простор во споредба со традиционалните слушалки за игри. Значи, ако компанијата навистина ги намали испораките, тоа можеби не мора да биде затоа што самите карактеристики се слаби.

Што понатаму?

Минатиот февруари, клучниот Xbox Podcast ги ажурираше фановите за плановите на Мајкрософт за идниот хардвер. Претседателката на Xbox Сара Бонд изјави дека „има некои возбудливи работи кои излегуваат во хардверот што ќе ги споделиме наскоро“.

Немаше спомнување за Xbox VR уред, иако можеби сè уште не е на одмет. Неодамнешните тврдења сугерираат дека Xbox прави прототип на мајчин рачен уред Xbox.

Apple Vision Pro