Sony го прекина производството на PSVR 2 поради слаба продажба

Во неодамнешниот извештај, се декларира дека Sony го паузира производството на уредот PSVR2 додека не „се продадат сите уреди кои што си стојат“. Оваа вест доаѓа во време на пад на продажбата што се појави поради недостаток на содржина компатибилна со уредот. Во извештајот објавен од Блумберг, се покажа како PSVR2 е во постојан пад откако беше објавен во 2023 година, кој беше надминат од уредот META Quest VR.

Што понатака?

Уредот PSVR2 на Sony страда на пазарот кој сè уште се обидува да ја усоврши VR технологијата – и има голема конкуренција. Има очекувања дека пазарот на VR ќе расте во наредните години, но PSVR2 малку заостанува. Во написот на Блумберг, цитат преземен од Јиџија Жаи, аналитичар на Macquarie, гласи:

The high price of VR hardware acts as the main hurdle for its expansion. Currently, there are limited games that support VR devices, and that will also lead to lack of motivation for players to purchase VR hardware. This limited content also has a reason – the development cost for VR games is substantially higher than normal titles.

Тоа е секако висока цена што го блокира пристапот до VR технологијата за повеќето корисници. Неодамнешното лансирање на уредот на Vision Pro на Apple беше исмејувано од потрошувачите кога беше откриено дека уредот доаѓа со цена од 3499 долари. Тоа е многу подалеку од цената од 550 долари поврзана со PSVR2, но тоа е повеќе од цената на сосема нова конзола за PlayStation 5, што ги прави потрошувачите да се тресеат на колена во повеќето случаи.

Шест недели по лансирањето, Sony објави дека PSVR2 продаде речиси 600.000 единици. Аналитичарите сугерираат дека продаде нешто повеќе од еден милион единици во првата година. Минатиот декември, шефот на глобалниот бизнис на SIE, Ерик Лемпел, изјави за Financial Times дека PSVR2 е „малку предизвикувачка категорија во моментов“, додавајќи дека мислел дека „генерално има поголеми очекувања за тоа што ќе направи VR за игрите“. Се чини дека PSVR 2 се продаваше слабо за време на празничната сезона во 2023 година. RoadToVR ја следеше продажбата на Амазон на Meta Quest 2 и 3 во споредба со PSVR2 за време на празничната сезона и откри дека слушалките на Meta значително ги надминуваат продадените PSVR2.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN