Изгледа дека GTA 5 верзијата на Playstation 5 работи многу подобро од верзијата на XBOX Series S/X. Новиот римастер на GTA 5 и дава на играта технички поттик со зголемен фрејмрејт, 4K резолуција и секакви нови ефекти за играчите на конзолата да се восхитуваат. Играчите на PS5 исто така можат да ги искористат предностите на новите функции специфилни за DualSense, како што се вибрации и повратни инфромации кои реагираат на временските услови и условите на патот, меѓу другото нормално. Ремастерот нуди некои маргинални надградби но не е ништо премногу зачудувачки и не е толку голем скок како првото повторно издавање на играта.
Сепак, се чини дека некои луѓе можат да имаат подобро искуство со играта во зависност од нивната платформа. Новото видео од YouTube каналот “ElAnalistaDeBits” ги спореди различните верзии на играта рамо до рабо и откри дека верзијата на PS5 од GTA 5 е значително подобра од верзијата на XBOX Series S/X. Не само што играта изгледа постра и генерално малку подетална на PS5, туку и стапката на слики се одржува и во тешки услови. Фрејмрејтот на PS5 останува стабилен, губи само неколку слики во особено експлозивни моменти, додека верзијата на XBOX Series S/X паѓа од 60 FPS на 40 FPS. Иако играта се уште изгледа добро на конзолите на XBOX, верзијата на PS5 се чини дека е технички најимпресивната од двете.
Покрај тоа, играчите на PS5 добиваат GTA Online бесплатно во првите три месеци. Играчите можат да го задржат дури и по завршувањето на овој период, така што тоа е само уште еден бонус за играчите на Playstation. Не е точно јасно што ги предизвикува ваквите несогласувања помеѓу PS5 и XBOX, особено затоа што XBOX Series X се рекламираше како најмоќната конзола некогаш направена, но тоа е интересна споредба…