Nintendo DS рекреирано со емулатор и телефон на преклопување

Некој на твитер објави видео како го претворил својот телефон на преклопување во Nintendo DS со помош на емулатор кој што може да се инсталира на телефон. Фановите на Нинтендо отсекогаш биле едни од најкреативните гејмери. Не само што наоѓаат начини да ја покажат својата страст за Nintendo и неговите IP адреси надвор од игрите преку Cosplay, па дури и реални верзии на Mario Kart, и успеваат да најдат начини да ги донесат игрите на Nintendo на други платформи. Игрите како The Legend of Zelda: Breath of the Wild стигнаа до PC преку емулатори и се чини дека еден фан на Nintendo нашол паметен начин да го реплицира Nintendo DS на друг уред.

YouTube-рот и твитерџијата кој се занимава со технологија Izzy Nobre сфатил дека неговиот Samsung Galaxy X Fold3 може да се користи за имитација на Nintendo DS, па пуштил да игра Pokemon и таа функционира како што се надевал. Користејќи го телефонот што се преклопува, тој можеше да има искуство слично на Nintendo DS, но Nobre истакна дека сметал дека вистинскиот рачин Nintendo е најдобриот начин за играње игри како овие. Тој, исто така забележал дека емулаторот што го користел е Drastic, кој ја покажува вистинската надворешност на DS, така што не го корсити само екранот исклучиво за игра. Иако вистинскиот Nintendo DS е подобрата опција, сепак е убаво да се види истата функционалност што би ја имал DS на мобилен телефон.

Со оглед на тоа што Nintendo DS веќе не е толку релевантен, убаво е да се знае дека се уште има начини да ги играте неговите игри во движење на забавен или донекаде ефикасен начин. Z Fold3 и исклучително скап телефон, па би било поевтино само да купите Nintendo DS онлајн и да ги играте на тој начин, но за оние кои го имаат телефонот на преклопување тоа е убав бонус. Се чини дека Nintendo Switch ќе биде патот на иднината за Nintendo, па љубителите на DS веројатно нема да бидат наследник во скоро време

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!