Протекоа првите дизајни за новата игра на Wonder Woman од Monolith Productions

На 9ти декември 2021 година, врвните девелопери од Monolith Productions и издавачите WB Games го споделија трејлерот за следната игра на која што работат, и сите беа изненадени кога го видоа карактерот на Wonder Woman. Оттогаш, не знаеме буквално ништо… Ништо не сме слушнале за играта, а камоли нешто да видиме. Но сепак тие работи денес се променуваат за многу малку. На Reddit, некој корисник откри нешто што се чини дека е некој вид концепт арт за играта на LinkedIn профилот на девелопер кој работи на играта. За жал, протекувањето е само концепт уметност, така што не е јасно колку ќе биде репрезентативен за финалниот производ, слично како гореспоменатиот тизер трејлер.

На сликата подолу ќе видите дека наводниот концепт арт ја карактеризира Wonder Woman и уште два други лика кои изгледаат како два, нови оригинални ликови. Можно е ликот со штитот да е Артемида, но ова е само шпекулација. Што се однесува до ликот со пиштолот, е ново нешто.

Како и секогаш, ништо не е официјално и се е шпекулација. Ова е протекување, не е официјално објавен концепт арт. Разумно е да се мисли дека е реално, имајќи предвид дека изворот е страницата на LinkedIn на девелопер кој што работи на играта, но… КОЈ ШТО ЈА ИМА СМЕНЕТО СЕГА СЛИКАТА!!!

Wonder Woman се очекува да биде во развој за PC, PS5, Xbox Series S и Xbox Series X. Нема информации за датумот на објавување или кога ќе се појави повторно.

“In development by Monolith Productions, creators of the critically acclaimed Middle-earth: Shadow of Mordor and sequel Middle-earth: Shadow of War, the single player open-world action game will introduce an original story set in the DC Universe and allow players to become Diana of Themyscira in the fight to unite her Amazon family and the humans from the modern world. Powered by the Nemesis System, gamers will forge deep connections with both enemies and allies as they progress from a heroic fighter into a proven leader.”

Изјава за медиумите од Monolith Productions од 2021 година

МАРКЕТИНГ

About The Author

IKEA штотуку го претстави BRÄNNBOLL, целосно нова колекција на мебел наменета за гејмерите. Ова е разновиден опсег кој вклучува дваесет нови видови на мебел, од кои сите се дизајнирани да ги поддржуваат гејмерите на различни начини. Претежно е центрирано околу столици, но има и решенија за складирање, корпи, маси и странични маси кои влегуваат во колекцијата.

Гејмингот стана мејнстрим за сите

Во блог пост објавен на веб-страницата на IKEA, беше наведена основната желба за палетата BRÄNNBOLL:

With BRÄNNBOLL, we are embracing the idea that gaming is for everyone and belongs everywhere in the home. It’s about making it simple for people to create spaces that adapt to gaming, living, and everything in between. We hope this collection will encourage friends and families to engage together, bringing joy and connection through shared gaming experiences.

Во колекцијата BRÄNNBOLL има неколку врвни предмети, вклучително и тепихче, но и подлога за маус, но поголемиот дел од комплетот е составен од предмети за мебел. Со оглед на тоа што е дизајниран да се издвојува од елементите на „традиционалниот дизајн на игри“ што ги знаеме толку добро, BRÄNNBOLL, на почетокот, не е најочигледниот опсег за гејмерите. Се вели дека може да се пофали со „разигран, уникатен изглед“ кој може – понекогаш – „физички да го ангажира играчот“.