Dragon’s Dogma 2 ќе биде ‘четири пати’ поголема од првата игра

Претстојното продолжение Dragon’s Dogma 2 ќе биде „приближно четири пати“ поголемо од оригиналната игра во однос на обемот на што ќе нуди целата игра.

Во неодамнешниот твит од официјалниот профил на Dragon’s Dogma, беше објавено видео во кое се прикажани некои од опкружувањата на играта, вклучувајќи го и коментарот за обемот на играта. Претстојното продолжение беше објавено минатата година за време на 10-годишнината од франшизата.

Dragon’s Dogma 2 е можеби најочекуваниот акционен RPG наследник на култната Dragon’s Dogma објавена во 2012 година. Dragon’s Dogma 2 може да се пофали со богато детален и длабоко истражуван фантастичен свет создаден со помош на извонредна физика, вештачка интелигенција на карактери и најновата графика од EREINGEcom’ . Овој синглплеер акционен RPG управуван од наративот ги предизвикува играчите да ја искористат својата креативност и љубопитност за да го обликуваат сопственото искуство.

Карактеристики на играта

  • Голема авантура – Dragon’s Dogma 2 започнува во подземен затвор, каде гласот на змејот ечи во маглата на изгубените спомени. Со нивното срце земено од Змејот, The Arisen е испратен на пат да го уништи симболот кој што полека го уништува светот додека се вивнува низ небото на огромни крилја, дишејќи пламени што горат сè што ќе му се најде на патот. Какви предизвици и триумфи ги чекаат на патот кон нивната судбина?
  • Single player CO-OP – До три мистериозни суштества од другиот свет, познати како Paws, го придружуваат The Arisen во текот на нивното патување. Paws создаваат чувство на кооперативно искуство во игра нудејќи уникатни карактеристики, вештини и знаења добиени од нивните искуства со други Arisen. Или по едноставно кажано доколку повикате некој Paw тој ќе го прави истото што го правел другиот играч додека он ја играл играта. Доколку тој пуштал само огнени магии ќе пушта сами огнени магии, доколку бил будала, и тука ќе биде будала.
  • Направена со RE ENGINE – напредниот RE ENGINE на Capcom произведува живописно детални графики со висока верност во комбинација со извонредна физика и сложена и реактивна вештачка интелигенција за да создаде амбиент каде што одлуките и нивните последици оживуваат.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN