Google развива вештачка интелигенција што треба да биде ко-оп карактер во сите игри

Google развива DeepMind вештачка интелигенција која што на крај би требало да испадне втор играч во игрите и да ви биде ваше ко-оп другарче. Според Google не се работи за “Pay-to-Win” или “Super-Bot” карактерот направен од вештачка интелигенција, повеќе би било нешто што ќе учи од начинот на кои што вие играте…… DRAGON’S DOGMA?! Се слушаме ли?!

Google го претстави ова развување во труд напишан од Рован Чеунг кој што се нарекува Scalable Instructable Multiworld Agent (SIMA). Во глобала се работи за вештачка интелигенција која што учи од сите вашите потези и истражувања во игрите. Може да добива знаење преку вербални и виртуелни новсоти.

Голем потенцијал

Google за тестирање на оваа вештачка интелигенција се здружиле со “Eight Game Studios” да го тестираат SIMA моделот најмногу во игрите Valheim, Goat Simulator 3 и No Man’s Sky. Имаа голем избор на игри кои што се избрани од SIMA за да го имаат овој модел со вештачка интелигенција. Иако е на почеток SIMA има околу 600 основни интеракции како следење, интеракција со предмети и работење со менињата на својот карактер.

Новинарот од PC Gamer – Крис Шевшки изјави дека е фанатик на No Man’s Sky и дека за него оваа вештачка интелигенција во играта ќе му помогне премногу посебно во делоте на собирање реурси. Смета дека доколку го истренира својот AI да собира ресурси за него, играта ќе се движи многу побрзо. Ова многу е слулно со тоа што го прават 11Bit Studios со Alters.

Почетоците се најтешки

Google се задоволни со раните почетоци на SIMA вештачката интелигенција која што е пробана и во игри кои што светот се уште ги нема видено. Веројатноста дека се работи за игри кои што се од нови студија, специјално правени за SIMA, се огромни.

Google SIMA

Нормално ова не е ништо ново… Сите сме играле и God of War и многу други игри кои што имаат ко-оп другарчиња во игрите, но сепак Google изработува нешто кое што ќе може да се користи во поголемио дел на игри со отворени светови.

Ова нема да го видиме уште долго време, шансите да пропадне и никогаш да не се финализира се исто така огромни, така да… треба да почекаме да видиме што ќе се случи со ова.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.