Корисниците на ТикТок во Америка моментално се соочуваат со можноста дека наскоро има шанса социјалната мрежа да биде целосно укината во сите земји од САД по изгласување на нов закон во US House of Representatives. Законот наложува за тоа Кинеската Фирма “ByteDance” мора да ги продадат сите нивни акции од апликацијата во рок од 6 месеци. Доколку ByteDance не го направи тоа, ТикТок ќе биде целосно блокирано во САД.
Стравот кои што го имаат ByteDance моментално е поголем бидејќи овој закон и случај ќе биде многу поврзан со Кинеската влада, што значи дека сите податоци на сите корнисници ќе можат да бидат контролирани од Кинезите. Ова исто така ги загрижи и странските обвластени лица
Законот кој што е изгалсан во US House of Representatives е подржан од двете големи партии во САД. Сепак, некои членови изразија загриженост за потенцијални прашања, вклучително и пречекорување на владата, додека поголем број демократски пратеници се загрижени дека забраната на апликацијата ќе ги отуѓи помладите гласачи – клучен блок за гласање што им е потребен на демократите за да успеат на изборите во ноември. Против забраната е и поранешниот претседател Доналд Трамп, и покрај напорите да се забрани апликацијата во минатото.
Кинеската Влада
Кинеската влада се потсмеа на сметка на BCC каде што го цитира портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи”
“This kind of bullying behavior that cannot win in fair competition disrupts companies’ normal business activity, damages the confidence of international investors in the investment environment, and damages the normal international economic and trade order.”
Изјавата од BBC
Експлозивната популарност на ТикТок доведе до пораст на приходите од рекламирање. Истражувачката компанија Emarketer проценува дека ТикТок ќе донесе околу 8,66 милијарди долари приходи од реклами само од САД оваа година. Стана популарна апликација за влијателите и малите бизниси да ги пласираат своите производи.
ТикТок долго време е грижа за странските влади. Веќе е забранет од владините уреди во многу европски земји, мнозинството американски држави и Канада. Исто така, има целосна забрана во Индија. Минатата година, сенатскиот комитет на Австралија предупреди дека TikTok претставува еден од најголемите безбедносни ризици во земјата.
ТикТок е премногу скапа комапнија
Нацрт-законот му дава на ByteDance само шест месеци да ги среди сите работи. Според ByteDance (преку CNBC), ТикТок би можел да вреди дури 268 милијарди долари. Тоа е голема цена што потенцијалните инвеститори ќе ги остави во мислење, а тоа е пред можноста за антимонополски мерки и правни предизвици да влезат во равенката.