The Last of Us Part II Remastered – Рецензија

Како гејмери сите можеме да се сложиме дека ремек делата од игри не се толку многу чести, иако сме опколени и заситени со илјадници игри од различни студија, па дури и од различни региони од целиот свет. Една од таквите игри коишто многумина, па и јас лично, ја сметам за ремек-дело е The Last of Us Part II. Играта којашто беше креирана од познатите Naughty Dog, креатори на франшизи како Uncharted, Jak and Daxter, Crash Bandicoot, и нормално TLOU франшизата. Фанатици и виновници за креирање на најубавите PlayStation искуства уште од далечната 1996 година со првата Crash игра.

Со години Naughty Dog се креатори на буквални ремек дела, и веројатноста е дека нема никогаш да ја згазат кочницата и да успорта. Во последно време е многу интересно како компанијата многу сака да ја промовира својата најголема и најпродавана франшиза – The Last of Us. Со нивната франшиза го освоија буквално целиот свет. Иако се заочна во далечната 2013 година кога пристигна првата The Last of Us за PlayStation 3, популарноста на франшизата се крена многу повеќе по издавање на вториот дел, и подоцна кога франшизата доби Играна серија, адаптирана од страна на HBO.

Кога кажувам многу сакаат да ја промовираат и да заработуваат од франшизата, тоа го кажувам во аспект дека сакаат игрите да ги продадат буквално на секаков начин. Во 2014 година направија кратко продолжение на првата игра која се викаше „The Last of Us: Left Behind“, но дополнително бидејќи веќе излезе следната генерација на PlayStation, успеа да направат Remastered верзија. Причината за тој Remastered е само поради тоа што првиот дел не беше Мега успешен како што очекуваа девелоперите бидејќи беше меѓу последната игра за PlayStation 3.

Извор: PlayStation

Многумина беа задоволни со The Last of Us Remastered и со тоа што можеа да си играат, до степен што никој не очекуваше дека приказната може да се продолжи, и дека воопшто ќе се продолжи некогаш … Но во 2020 година, Naughty Dog издаде продолжение коишто ги помина и победи сите граници и пречки за тоа што се вика продолжение … Ја добивме The Last of Us Part II … Игра којашто ги освие срцата на повеќе од 10 милиони гејмери ширум светот. Иако беше на почетокот играта со најмногу барања да се вратат парите на гејмерите и критикувана со лоши оценки од почетокот на приказната. Но тоа се среди.

Доколку сакате да прочитате прекрасна рецензија за TLOU 2, тоа можете да го сторите со рецензијата на Гораст -> ТУКА
Извор: PlayStation

Гејмерите повторно беа задоволни бидејќи си ја продолжија и заврија нивната омилена приказна, и едноставно сметаа дека крајот е тука, нема да гледаат ни играат ништо повеќе од тој универзум … Но сепак Naughty Dog имаше многу други планови за сите гејмери, и како да направат голем профит од сите нив! Naughty Dog во 2022 година реши дека The Last of Us не треба да заврши само така, туку заслужуваме РИМЕЈК верзија! И поради таа причина добивме игра којашто се викаше The Last of Us Part I. Добро … во ред … Тоа е тоа …

Епа не, зошто да застанат тука, кога имаат опција за многу повеќе. Зошто гејмерите да не можат да бидат збунети со тоа што ќе купуваат. Naughty Dog решија дека The Last of Us Part II иако е супериорна, иако е перфектна, иако не е ниту малку остарена, заслужува да добие Remastered верзија. *длабоко вдишување и издишување*. Зошто? Се прашувате зошто? Иако сакам да дадам некој критички голем одговор ќе одговорам со тоа, зошто да не, на крај на денот пак ќе платиме и пак ќе се вратиме во тој универзум. Плус чини само 10 €/$ доколку веќе ја поседувате играта Физички или Дигитално.

Голем број на нови Модови

The Last of Us Part II беше објавена на PlayStation 4 само неколку месеци пред лансирањето на PlayStation 5, па дури и на хардверот на последната генерација, оваа игра изгледаше брилијантно. Оваа нова ремастерирана верзија реално прави полирање на некои од погрубите рабови и играта никогаш не изгледала подобро, но оние што бараат графички скок сличен на The Last of Us Part I на PlayStation 5, во споредба со верзијата PlayStation 3, ќе бидат многу разочарани. Бидејќи тоа не може да се добие … The Last of Us Part II веќе изгледаше добро пред 3ипол години, така што на оваа игра не ѝ беа потребни никакви козметички надградби. Има неколку ажурирања ваму таму за новиот систем, како што се некои додатоци прекрасни Haptic Feedback контролерот на PlayStation 5, но ништо толку огромно како првото што го доби The Last of Us по неговото објавување. Подобрено е, но сепак ќе го забележите доколку ја играте играта по првпат, доколку веќе сте ја играле на PlayStation 4 ќе го забележите само на одредени моменти.

Извор: Eurogamer

Причината за сериозни подобрувања се гледа во тоа што The Last of Us Part II Remastered ја издвојува играта преку бонус содржина за да ја покаже неверојатната количина на работа што се вложила во создавањето на оваа игра. Секој синематик во играта има дополнителен коментар од писателите и актерската екипа што го објаснува повеќе детали во наратив. Најинтресни се деталите за тоа како прво било планирано, но не се направило. Пример е како планирале да се убие главен негативец, но на крај тоа не било така. Дополнително има детали за кои песни биле планирани, но на крај биле заменети. Овие се многу добри моменти бидејќи се многу слични како да гледате специјална верзија од некој филм и режисерот дава коментари за одредени работи. Голем број од наративот е направен нормално од Нил Дракман! Тоа ме шокираше многу!

Научете да свирите Гитара

Во играта сега има многу интересен нов мод додадено, а тоа е кога ќе посакате да можете да свирите на интерактивната гитара! Играта дозволува на играчот да се забавува со сложената гитарска механика на играта преку различни карактери како Џоел, Ели, па дури и нов карактер кој што го претставува композиторот на целата музика во играта – Густаво Сантаолала.

Многу е убаво направено тоа што можеби додека ја игравте порано играта со гитарата ќе се изгубевте целосно, немавте време, сакавте повторно да се вратите или некои такви пречки. Овде можете да свирите со саати и колку сакате. Но нешто што најдов многу интересно е фактот што има ГОЛЕМА ШАНСА, да можете да научите да свирите гитара! Сите рифови и ноти, начинот на држење на жиците, е прекрасно прикажан!

Доколку дома имате гитара, ви стои за украс а сакате да научите да свирите, одете земете ја веднаш и пробајте да научите преку овој мод. Ова го кажувам бидејќи јас лично дома имам акустичка гитара што ми стои како украс веќе долги години, немам мотивација да научам. Некако сакам да пробам преку играва да научам барем неколку ноти!

Извор: Eurogamer

Кога играм нешто коешто во името има Remastered или Remake, сакам да е слично на тоа што го знам или што постоело порано, но сепак сакам да имам и нови содржини. Овде креаторите имаат додадено мал број на „Изгубени нивоа“. Тоа се локации и нивоа коишто биле планирани да бидат оставени во играта но сепак на крај биле избришани пред да се издаде играта. Не се многу големи и битни, се гледа зошто биле тргнати бидејќи не прават некоја голема разлика, но сепак даваат некој нов шарм кога првпат се гледаат. Исто така, вклучително и изборни коментари, овие три сегменти се одличен поглед во дизајнот на играта, бидејќи девелоперите разговараат зошто овие парчиња од играта не одговараат на поголемата слика, дали затоа што го нарушија ритамот на играта. Овие избришани нивоа нудат нешто уникатно што не беше видено во последната игра, но можеме да видиме и како елементите ќе влезат во готовиот проект.

Ако умреш… Нема да се вратиш… “NO RETURN” мод на играње

Можеби најголемото додавање во Remastered верзијата е No Return, режим за преживување кој им овозможува на играчите да ја тестираат борбата како различни ликови преку рандом борби со непријатели. No Return има различни предизвици и можности за отклучување, додека секое успешно завршување отвора сосема нов дел на можности за играње и опции за последователни проби. Иако постоеше одредена загриженост дека оваа игра, која навидум се однесува на бесмисленоста на насилството, ќе има режим како No Return, кој бара од играчот да убива бран по бран на непријатели, режимот работи како уште еден пример за посветеноста и грижата што се појавија во секој аспект од The Last of Us.

No Return им дозволува на играчите да испробуваат различни типови на игра на кои можеби не се добро приспособени. Секој карактер има свој начин на играње и на тоа како ќе се справувате со непријателите. Ако умрете, нема да се вратите, но ќе се научите од ново како не треба. Ви звучи ова познато? Да … се работи за Roguelite игра, но сепак овде нема сè што е потребно да има, мора едноставно да го најдете начинот сами да преживеете без големи наградувања. И кога станува збор за како се играте, имате опција дали сакате со Томи да бидете снајперист, или ќе играте со Аби којашто сака да масакрира глави со чекан. Исто така е многу различно и со Џоел и со сите останати карактери. Сами ќе си одлучите со кого е најдобро.

Убавината во No Return е што е направено да ви докаже дека не сте во обичен свет со апокалипса каде што можете да најдете некое најјако оружје и да си правите масакр на непријателите и да си уживате. НЕ! Овде верувајте дека не е уживање! Овде играта буквално ве става во улога на карактер којшто е сместен во апокалиптичен свет и мора да се снајде некако. Можеби ќе кажете дека целата игра е таква, но е многу различно. Во приказната имате делови со непријатели, овде имате бранови и бранови на непраијтели коишто мора да најдете начин како да се справите со сите нив, нормално без да умрете бидејќи нема „рестарт“.

Извор: PlayStation

Еден добар предлог е кога ќе сте во можност да пребарате на YouTube како гејмери прават „No Hit Run“ секвенци или некои такви слични работи за да сфатите колку е тешко во The Last of Us да се прават вакви работи … Некако изборот на играње брзо или бавно се губи целосно, бидејќи играта е стварно Преживување! Никогаш не сте со милион куршуми во вас и да не се замарате со тоа дали ќе трошите куршуми или само ќе си пукате.

Во No Return системот на наградување е многу детално направен бидејќи секое завршување ви дава одредени поени коишто нормално се трошат за отклучување на карактери и скинови за крактерите. Но сепак тоа не значи дека ви треба 100 поени да отклучите нешто, и нема да се замарате дали ќе умрете на Вториот бран бидејќи на крај ќе добиете одреден број на поени. Мора да правите многу одредени работи за отклучување на голем број уникатни скинови. Нормално доколку ова ви е јако можете тотално да ја баталите целата приказна бидејќи како што кажав погоре нема скоро ништо ново да видите.

Извор: PlayStation

Нови сериозни Графички режими

Новата верзија изгледа подобро од веќе импресивната верзија на PS4. The Last of Us Part II Remastered може да работи во режими на “Fidelity” и “Performance”. Првиот режим е да ви даде прекрасен 4K со 30FPS. Додека вториот режим е предобар, и јас лично целсно ја играв играта на овој режим кој нуди стабилни 60FPS на 1440p резолуција (со аутпут на зголемени 4K или 1440p, во зависност од поставките на вашата конзола). Има и функција „отклучени FPS“ за телевизори или монитори кои подржуваат VRR (Variable refresh rate).

Како што кажав јас многу повеќе ја тестирав и играв играта на вториот “Performance” режим бидејќи сум таков лик што за квалитет што не е многу разлчиен повеќе би сакал 60FPS, место да добивам некој сличен квалитет, ама да играм на 30FPS. Повеќе би сакал да ја имам флуидноста и прецизноста што доаѓаат со повеќе FPS. Но, од тоа што успеав да го видам и според истражувања и тестирања, доколку вашиот телевизор/монитор е 4K и подржува VRR тогаш доколку ја уклучите опцијата “Отклучени FPS” и можете да добиете стабилни 60FPS на 4K! Но сепак не скокајте многу со ова, бидејќи ова е додадено со една главна причина – PlayStation 5 PRO.

Извор: YouTube – DomTheBomb

Дали Naughty Dog со TLOU 2 Remastered сакаат да ни кажат дека наскоро ќе добиеме PS5 Pro?! МОЖЕБИ!

Во секој случај, играта изгледа зачудувачки, но не се разликува многу од тоа како изгледаше оригиналниот Part 2 на PS5. Работите се поостри и поживописни насекаде, како што би очекувале нормално. Предобро е што играта ни нуди 60FPS, иако… и до сега со нормална верзијата играта можеше да достигне 60FPS.

Од делот на мали детали, наведено е дека има одредени подобрувања на осветлување, подобрување на левеллот на текстурите што е класично полирање кое што сега PlayStation 5 го подржува и некои ситни поголеми детали. Не е драстично, и не нешто што се приметува како во многу други Remastered верзии, сепак е добро колку толку да се има.

Извор: YouTube – Cycu1

Нешто што е ново, што мене лично многу ме изненади е делот на “Field of View”! Одма кога го видов тоа го ставив на +10 (на макс) за да можам што повеќе детали да можам да гледам. Секогаш кога има FOV опција, ја ставам на макс за да не мора камерата да ми е до карактерот, сакам едноставно да уживам во се што е понудено. Малку ми е криво кај делот на FOV што немам “Ultra-Wide” монитор да можам да тестирам како играта со +10 FOV би си играла на тоа. Сметам дека овој детал е ставен само поради оваа причина.

Нови Скинови за Секого

Пакетот го заокружуваат еден куп нови скинови за сите карактери што може да се отклучуваат, вклучително и еден прекрасен скин за Ели кој што е костим за астронаут, комплет со кацига! ЛУДИЛО! Овие скинови многу се интересни во режимот за сликање кој што никогаш не сум го користел, ама има многу новитети и во него, како светла што можете да ги поставите околу сцената за да ја подобрите драмата. Има и глупав, но забавен режим „игра без гитара“, каде што можете да експериментирате со подобрена верзија на интерлудиите во играта каде што удираат на гитара за да ги започнете клучните ритам на приказната. Многу играчи веќе направија прилично диви креации користејќи гитара во играта, а сега можете да се префрлате помеѓу повеќе типови гитари (акустична, бенџо) и да додавате ефекти кои навистина ги отвораат креативните можности.

Извор: Dexerto

Завршни зборови

The Last of Us Part II Remastered е само малку подобрена верзија од оригиналната The Last of Us Part 2. Доколку сакате да ја играте играта, имате две опции кои што се многу легитимни. Првата е доколку веќе ја имате самата игра, можете да платите само 10€/$ и да си имате Remastered верзија Дигитално. Втората опција е доколку сте колекционер на физички копии, и сакате да ја имате како физичка копија, играта кошта 49.99€/$, можете да си ја купите и да си ја имате така.

Добро… Има и трета опција за играње, малку е поскапа и се вика “W.L.F. EDITION“. Оваа опција така кошта 99.99€/$, и со нејзе добивате неколку колекционерски работи – Играта, Метална Кутија, Карти за Трејдање, W.L.F. Стикер за Јакна и Enamel Pin Badge Set (4).

Доколку барате причина зошто би сакале да ја имате оваа Remastered верзија можам да потврдам дека во прашање се само две причини повоторно, но овој пат вистински само две. Првата причина е да сакате да ја изиграте играта од ново, но да дознаете некои работи за тоа прво како била планирана и на крај како испаднала со сите работи кои што се избришани, и со сите коментари од креаторите. И втората причина е “NO RETURN” модот.

Извор: PlayStation

МАРКЕТИНГ

About The Author

Утрово официјално „Амазон Студиос“ (Amazon Studios) и „Гејмс Воркшоп“ (Games Workshop) го финализираа договорот кој се подготвуваше цела година. Завршувањето на овој договор значи дека Амазон Студиос сега има ексклузивни права за сите филмови или телевизиски проекти поставени во универзумот на Warhammer 40.000 – а според следната обновена информација од Гејмс Воркшоп, во подготовка се повеќе проекти.

Веста беше споделена и на социјалните мрежи од Хенри Кавил, кој најдолго време е поврзан со проект поврзан со Warhammer 40.000. Тој ќе продуцира и ќе игра главна улога во своја серија, што ќе му овозможи уште еден начин да ја истражува својата страст која ја следи веќе 30 години.

Потпишано, Запечатено и Доставено! Во ажурирање објавено од тимот на Warhammer, беше потврдено дека неколку проекти се на пат од универзумот на Warhammer 40,000. Изјавата гласи:

Официјално е – Games Workshop и Amazon Studios го финализираа својот договор – креативните упатства се утврдени, и сега сме подготвени да го донесеме Warhammer на екран.

Но, што точно значи тоа?

Па, тоа значи дека сега имаме синопсиси и распоред за приказните што ќе ги раскажеме… да, кажавме приказни! Можеби беше потребна година, но беше година добро потрошена! И каква забава – пребарување низ огромноста на универзумот на Warhammer 40,000, дебатирање за ликови, приказни и тематската суровост што го поддржува сето тоа.

Во правното соопштение, беше наведено дека Амазон исто така има опција да ги лиценцира правата за универзумот на Warhammer Fantasy по објавувањето на било која продукција од Warhammer 40.000 – така што овој договор може на крајот да се продлабочи значително.

За жал, тимот на Games Workshop и Amazon Studios нагласија дека ќе поминат многу години пред целосно да се појави продукцијата. Оној проект што е наречен „Project One“ е сè уште во фаза на подготовка за пишување на сценариото, така што ќе треба да чекаме долго време пред да се остварат резултатите од овој договор.

„Процесите на продукција во однос на филмовите и телевизиските серии може да траат неколку години.“

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!