Сценаристите на ТВ серијата Halo велат дека не обрнале внимание на игрите

Според еден од водечките креативци на претстојната ТВ серија Halo, тимот не гледал или зборувал за игрите кога ја спремале ТВ серијата

Серијата Halo е заглавена во една пеколна декада која што пробува да се развие повеќе од 10 години и никогаш не успевала. Серијата е во продукција од страна на Steven Spielberg. Он е во тимот уште од самиот почеток на креирање на серијата, и е одбран од страна на XBOX и нивното производство на мултимедијални содржини за своите франшизи. Иако шоуто наводно добило многу форми во текот на неговиот развој, звучи како да не било многу важно да се следат игрите…

Во интервју за Variety, водителот на првата сезона на Halo, Стивен Кејн, изјави дека тие не барале помош од игрите за шоуто.

Не гледавме на играта. Ние не зборувавме за играта. Зборувавме за ликовите и светот. Затоа никогаш не се чувствував ограничен поради тоа што е игра.

Со оглед на тоа што ТВ серијата Halo е во посебна временска рамка од игрите, не е супер шокантно да се дознае дека тие не обрнувале внимание на игрите. Општото знаење и светот што се проширува во работи како што се книгите е она што најмногу би било корисно за вакво шоу. Се разбира, Master Chief еволуира малку во текот на видео игрите бидејќи е растргнат помеѓу неговите должности како војник и неговиот восхит кон Cortana, но можеби дефинирањето кој шеф е во неговото јадро и почнувајќи од таму ќе биде добра работа.

Серијата моментално добива микс на различни рецензии, но поголемиот дел се со среден резултат, ни многу добра ни многу лоша. Но сепак многу луѓе што ги погледнале првите епизоди не се задоволни од тоа што го имаат гледано. Сепак не ни треба ни некои сериозни рецензии кога имаме тизери и трејлери кои што личат ужасно.

Серијата својата премиера ја добива на 24ти март на стриминг платформата Paramount+

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.