Првиот трејлер за филмот Gran Turismo

Sony го објавија првиот трејлер за адаптацијата на играниот филм – Gran Turismo. Овој филм е навистина сериозна адаптација од PlayStation игра на големите платна во кино салите! Трејлерот им дава на гледачите поглед на некои од автомобилите што ќе се појават во филмот, како и идеја за наративот како би се движел. Искрено, дури многу работи се ставени во трејлерот. Во интервју за EMPIRE Magazine минатиот месец, режисерот Neill Blomkamp малку се нашали дека филмот ќе содржи „крвави интензивни трки”, како и „дела на карактери што го поттикнуваат филмот да стане нешто сериозно“. Денешниот трејлер нуди добра идеја како Gran Turismo ќе ги балансира овие елементи, и навистина филмов ќе содржи и кравави и интезивни и сериозно добри трки кои што ќе ви го задржат вниманието од самиот почеток до крајот.

Првиот трејлер за Gran Turismo:

Gran Turismo треба да се појави во кино салите на 11-ти август оваа година. Филмот излегува во правото време, во време кога адаптациите на видео игрите забележуваат голем успех во Холивуд, бидејќи филмот „Super Mario Bros.“ сега заработи повеќе од 1 милијарда во Боксофисот. Иако веќе таа бројка за жал можеби нема да се зголеми бидејќи целиот филм беше објавен на Твитер од луѓе кои што мислат дека се фраери со тоа што го направија. За разлика од Super Mario Bros., Gran Turismo технички не се заснова на самата игра, туку всушност вистинската животна приказна на ликот Jann Mardenborough. Ликот започнал како обожавател на видео игрите на PlayStation, но на крајот станува професионален возач на трки.

Во филмот улогата на Mardenborough ќе биде толкувана од актерот Archie Madekwe, покрај него ќе биде фамозниот David Harbour. Он исто така правеше добри тизери, велејќи му на Collider минатата година дека Gran Turismo ќе има „висцералност на овој филм, на овој свет на видео игри што е толку кул“.

МАРКЕТИНГ

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”