Вовед во Мијазаки

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Како главен’Souls Game’’ љубител помеѓу моите пријатели, од време на време го добивам прашањето  Брат, дали да ја зеам Elden Ring / Sekiro / Dark Souls? и секогаш мојот одговор е Пробај, се надевам нема да ти легне и ќе ме пцуеш за парите потрошени“.

Повеќето од вас се збунети поради одговоров, ама за мала група од „напатените“ кои поминале низ тој процес има гооолема смисла.

Да ни дадеш да избереме помеѓу да ни се избрише меморијата за да ги играме од почеток сите овие игри, или да ни се избрише меморијата и да живееме во комплетно незнаење за нив, верувајте, доста од нас ќе изберат дека  Ignorance is Bliss“.

Не постои гејминг после Souls освен голема потреба за повеќе Souls“, и се што ќе фатиш после тоа изгледа, прелесно, не доволно наградувачко, без чувство на надминување, банално подобрување итн итн. Ова парче текст е за сите вас што сте љубопитни околу овој жанр, планирате да дадете шанса на некоја игра од FROMSOFTWARE или макар се чудите околу овој Bukowskiефект околу овој жанр, како може толку да биде религиозно сакан и мразен во исто време.

Во неколку точки ќе ви објнаснам што ве чека од кога ќе се фатите за ова патешествие наречено Хидетака Мијазаки

Elden Ring

Или го прифаќаш светот на Мијазаки и играш по неговите правила или не ти е местото тука

Главен креатор на овие игри е Хидетака Мијазаки, од од неговото влегување во FROMSOFTWARE, кое е на чуден начин, од кога му дале да поправи игра (Demon’s Souls), самата таа игра добива култно следење и почнува да се создава јадрото на „Souls” играчи.

Со секоја следна игра ја подобрува формулата и носи нешто уникатно, како на пример  поврзаноста на светот во Dark Souls, комбатот во SEKIRO и ред други подобрувања што кога би збореле сега за нив би ви биле банални и би ви немале смисла од аспект на нубови во жанров.

Уште во првата игра се покажа дека или го прифаќаш светот на Мијазаки или не. Основните правила се многу едноставни. Имаш начин на купување ‘ајтеми’ и левел со тоа што добиваш души (кои се ултиматвната парична вредност во сите игри со мали отстапки во SEKIRO) со победување непријатели во светот и лутање. Имаш фиксни Save Points познати како „Bonfire” иако имаат различно име во сите IP-ња сите ги нарекуваме така поради тоа што првиот пат кога се појавија овие Save Points  беа во облик на „Bonfire”. Секоја душа што ќе ја заработиш од моментот кога ќе го напуштиш твојот „Bonfire”, се до следниот (или враќање на истиот) без да умреш, можеш да ја користиш за купување на статови дури си на „Bonfire”. Ако умреш душите ти паѓаат, те враќа на „Bonfire” и мора да одиш пак до местото каде што си умрел за да си ги земеш, ако умреш пак се губат. Има други правила околу ајтеми, тие не може да паднат, се купуваат во  HUB area или посебен shop зависно од играта ама се дел од главната есенција.

ТОЛКУ! Тоа е светот на Мијазаки кој треба да го прифатите!

Иако ви изгледа лесно на старт, тоа е дека фокусирате на работите што се кажани, а не на работите што не се кажани. А еве НЕКОЛКУ од нив.

  • Во сите овие игри светот е преголем а нема мапа (освен Elden ring).
  • Дури и најголемите ветерани во играта не смеат да го потценат најобичниот непријател.
  • Немаш ниедна насока каде треба да се движиш, се е оставено на експлорање и логика.
  • Не постои такво нешто како Entry Boss  да ти го нафида егото дека си добар, туку напротив, некаде има Entry Boss што ќе ти покаже колку си мизерен ти во светот и ќе треба да бегаш од него или да оставиш да те здроби.
  • Во ниеден момент немаш туторијал и држење за рака околу тоа што треба да направиш.
  • И најглавното, нема DIFFICULTY, има само еден начин да играш.

Чувство на личен прогрес и награда

Овие игри уште во самиот девелопмент идат со водат под мотото Hard, but fair.

Светот е константен, се ќе биде на истото место,од непријател па се до главен ајтем секогаш кога и да поминеш таму. Нема рандомизација на светот, со секое твое влагање во светот, учиш нешто за него, ти станува познат, учиш како да се носиш со неговите предизвици.

Најблиску што може да ви го доловам чувството на награта и функционирањето на светот (за жал не на сите, ама на добар дел од вас), е првиот пат кога ќе свртите игра со еден жетон на флипери.

 Тој чин не е само обична победа, тој чин е полн со емоции, мемории на патот до таму, тој чин е кулминација на сите жетони кој си ги ставил предходно., трудот кој си го вложил.

Чин полн со среќа, самодоверба, чувство на вредност поради надминување на тешкотии.

Како дете кога си имаш 10 денари или во детски очи два жетона дневно, и првиот пат кога ќе ставиш жетон па новиот флипер, кога се ти е ново и не знаеш кај одиш, па се до моментот кога неколку месеци подоцна, повторувајќи го тој процес, ден за ден, жетон за жетон, победа до пораз, нервоза до нервоза, ќе го стекнеш потребниот скил, со помош на малку среќа ќе стигнеш до крајот и чувството на top of the worldкога ќе ја свртиш играта со еден жетон.

Sekiro: Shadow Die Twice

Очигледно и објективно чувство на прогрес поради личен скил

Ретко кои од денешниве игри може да се пофалат со ова, јас не познавам ниедна освен оние на FROMSOFTWARE и неколку други од овој жанр (пример TEAM NINJA).

Oва е чувство на скил и прогрес е комплетно оставено за компетитивните игри, комплетно извадено од single player” игрите и тоа ги прави уникатни. Моето патешествие во SEKIRO каде што ми требаше 40+  часа да го завршам првиот playthrough се до моментот 150 часа подоцна можев да праам speedrun за помалце од еден час одејќи по истиот пат, ми беше уникатно чувство што ниедна игра освен оние на FROMSOFTWARE ми го немаше подарено.

Најфасцинантен ми беше самиот момент, кога после година дена од кога сакав да се вратам на играта, да ја свртам од почеток, ми требаше 15 часа да го направам тоа.

Буквално играта ми покажа колку сум добар и колку сум изгубил скил во неа. Ми покажа дека не сум newbie ама далеку од тоа што сум бил. Скилот се губи ако не го негуваш, исто како на компетитивните игри.

Последно предупредување за сите што мислат да дадат шанса на „Souls” жанрот

Ќе ја цитирам најкултната сцена на Морфиус:

You take the blue pill – the story ends, you wake up in your bed and believe whatever you want to believe.
You take the red pill – you stay in Wonderland and I show you how deep the rabbit hole goes.

Мој совет е БЕГАЈТЕ!
Сега не е време да бидете НЕО.
Бегајте што подалеку од ова!

Сеуште не знаеме дали „ова“ е благодет или зло, ама ова ви го гарантирам:

  •  Никогаш повеќе нема другите игри да ги уживате, нема да постојат за вас.
  • Ептен ретко ќе се најде нешто што ќе ви фати око, тоа со 99% сигурност ќе биде или некој rogue-like, или некоја игра што нуди огромна и значајна експлорација.
  • Секоја нова игра што ја чекате нема да сакате да ја играте после првата мисија во неа, ќе ви изгледа како некоплетно, бљантаво, сувопарно, недоволно интерактивно.

Совет за сите тие што сакаат да бидат како НЕО

  • Дозволете да бидете поразени, навикнете на зборовите „YOU DIED“, нив ќе ги читате и по илјадници саати во било која ов овие игри.
  • Ова не е спринт, ова е маратон, не брзај, истражи го секое ќоше, уживај во светот, ако некој пат е тежок и не можеш да поминеш, најди друг, секако ќе се вратиш таму кога ќе бидеш посилен.
  • Соочи се со тоа дека единствен начин да ја поминеш секоја препрека во овие игри е познатата изрека GIT GUD. Секогаш кога ќе побараш помош на Reddit или на некој форум околу бос во играта ќе го добиеш истиов одговор.
  • Не е лошо да погледнеш guides за генерално знаење околу играта, пример, како да чуваш злато во SEKIRO, што значат бројчињата пред оружјата, скејлање итн итн.
  • Секој souls играч барем 2 пати ја има избришано првата вак ваиграта поради rage quit на почетокот.
  • И ако некогаш решиш да „чизаш“ било каков дел, момент, бос, за тебе ова комјунити има оставено убава порака и гласи вака:

You cheated not only the game, but yourself.
You didn’t grow.
You didn’t improve.
You took a shortcut and gained nothing.
You experienced a hollow victory.
Nothing was risked and nothing was gained.
It’s sad that you don’t know the difference.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Рано е да се каже, но… Gollum е најлошата игра за 2023 година

Светот на Middle-Earth и тоа што го има креирано величествениот J. R. R. Tolkien е нешто што можеби никогаш нема повторно да се повтори во иднината на човештвото. Светот живее и расте благодарение на сите нас што сме фанови на тој прекрасен свет кој е богат со најдобрите Фантази елементи некогаш креирани и некако сите сакаат некогаш да бидат Middle-Earth и Lord of the Rings… Целата таа франшиза е преполна со книги, стрипови, филмови и многу други дела, но сепак како гејминг медиум сакам да се врзам само на тие работи повеќе. До сега има креирано преголем број на игри сместени во тој свет и сите раскажуваат одредени приказни на војни или ликови. Убавината е што секој гејмер си има своја омилена игра од овој свет. На многу фанови најдобри игри од овој свет се игрите со Рејнџерот “Middle-Earth: Shadow of Mordor & Shadow of War”, но исто така гејмерите ги обожаваат The Lord of the Rings Online, The Lord of the Rings: Battle for Middle-earth, LEGO игрите кои што се фантастички и се натака…

Германците од Daedalic Entertainment уште во 2019 година ја најавија оваа игра која што уште тогаш знаевме дека ќе се вика Gollum дека главниот карактер ќе биде ова мало другарче и требаше да ја видиме во 2021 година. Уште од прв ден сите беа зачудени од тоа што гледаат и дали воопшто вреди вакво нешто да биде направено бидејќи факт е дека никој не сака да игра со “GOLLUM” во свет како што е Middle-Earth… Во моментов како што го пишувам ова се повеќе ми се прави тежина во мислите дека играв како Gollum. По официјалното претставување на играта во 2019 година Gollum до сега беше одложувана 6 пати… Од официјалното издавање во 2021 година, играта официјално излегува денес, на 25ти мај 2023 година. Причина за тоа навистина е пандемијата која што го погоди целиот свет и ова студио навистина не успеа да работи убаво на оваа игра, но сепак од 2022 го сега имале доволно време да ги поправат работите кои што веројатно никогаш нема да ги поправат…

Gollum има многу слична приказна како Cyberpunk 2077, само разликата е што Cyberpunk 2077 го згреши времето на издавање, и еве тек сега полека се поправа. Gollum не згреши време, со Gollum ја згрешиле целата потреба. Многу сакам да го запознаам човекот што едно утро станал свеж од кревет, се дотерал, отишол на работа и дал предлог пред студиото “Дали мислите дека е добра идеја да правиме LOTR: Gollum игра?!”. И дополнително да ги запознаам луѓе кои што му ја одобриле оваа идеја да стане реална, но за жал да заврши со ваква тешка проблематика.

Gollum или Sméagol, на чива страна сте вие?

Морам прво да ја исфрлам агонијата која ми ја направи оваа игра…

Целата игра ја играв на PlayStation 5, или ајде убаво да се изразам, целата игра се обидував да ја играм на PlayStation 5. Доколку се прашувате зошто кажав ‘се обидував’ причина за тоа е бидејќи играта навистина не работеше… Во буквална смисла играта не работи на PlayStation 5! Играта е достапна за PC, PlayStation 4, PlayStation 5, Nintendo Switch и XBOX S/X, имав шанса да ја тестирам само на PlayStation 5 и не можам да кажам на другите платформи како работи, но на PlayStation 5 играта целосно крашнува и не може да се игра. Најголемите проблеми ги имав на самите почетоци во Chapter 3 и Chapter 4 каде што не можев ни да поминам 1 минута во играта додека се шетав во пештерите и пробував да се скријам од непријателите. Играта беше реинсталирана повеќе од пет пати од кои што два пати беше инсталирана и PlayStation 4 верзија за да се проба дали проблемите се исти. Да… проблемите беа исти, небитно која верзија ќе ја симнете, во истите моменти. Не е проблем да крашне игра (односно проблем е да), но сепак кога играта крашнува на буквално една минута играње, тоа навистина не се прифаќа…

Дополнително играта е преполна со други гејм-брејкинг багови кои што за жал ги гледав од самите почетоци до самиот крај на играта. Такви багови беа додека трчаш и пробуваш да побегнеш од непријател бидејќи те видел играта на отворено место ти прави бариера која што не знаеш како и зошто се случува и на моменти ми доаѓаше стварно да стиснам “DELETE RIGHT F**KING NOW” на самата игра бидејќи нема логика во 2023 година, игра која што се продава со цена од $69.99 (да не се буните, првично беше Full-Price, па се скарија и двете верзии за $10), да е на најновите генерации од конзоли, и воедно да носи толкаво име зад себеси да има вакви гејм-брејкинг багови, не може едноставно… Ова е нешто што требало уште еднаш да се одложи и да излезе барем во 2024 година кога навистина се ќе биде направено. Ниту еден човек на планетава да бидеме реални не ја очекуваше играва за да ги форсира девелоперите да ја издадат што е можно побрзо, и полна не довршена.

Најлошите гејм-брејкинг багови навистина беа на моментите кога треба да се користи една од најбитните механики во играта која што е нормално “Качувањето” по стрмните ѕидови и скокот од една платформа на друга. Не сте свесни колку пати се случуваше со карактерчето Gollum само така да гледам во ѕидот кој што е обележан за качување само така да си стои и да не ни пробува да се качи. Требаше малку да се движам низ околината, да свртам едно кругче за после неколку секунди да дојдам и да почне да се качува. Не… не може такво нешто да се случува веќе, срамота е. Да не навлегувам графички играта колку не е достојна, сите си имаат свој графички стил кој што го водат, но сепак овде е нешто што не може да се прифати во 2023 година. Навистина многу го класифицирам тоа временски, но навистина ова не се прифаќа. Играта графички нешто има згрешено со тоа што голем број текстури не можат да се прикажат и може често да се види некој камен или карпа да има замачкана текстура, се да се колку толку ајде да кажеме прифатливо, и само да се свртите и гледате нешто што не ви е јасно зошто е така.

Доколку ја играте ве молам НЕ УМИРАЈТЕ! Мора со болдирано ова да биде нагласено бидејќи ако умрете некако во самата игра рачунајте дека и вие ќе умрете во душата директно! Најголемите багови се случуват доколку направите грешка и умрете, е тука само треба да се молите вашата игра да работи како што треба. Баговите јас кои што ги видов после умирање беа тоа што карактерот не се движеше според јас каде што го насочував, многу пати при ползење или паѓав или излегував од самата игра. Доколку ви се случи и вас вакво нешто, директно Restart Level, не се обидувајте Restart from Checkpoint.

Дизајнот на Карактерите и Светот… Ајде да седнеме малку да разговараме со дечките, да им најдеме луѓе што навистина добро го работат тоа, да си ги платат и да им изработат нешто стварно убаво и значајно. Во ред, да, пробале, но сепак ајде малку да седнеме на разговор…

Иако немам убави зборови, сепак ќе преминам на добрите страни

Целата приказна е некако фокусирана на некоја приказна која што во стил никогаш не сме ја виделе и никогаш не сме ја дознале, и целата приказна е всушност присеќања на авантурите на Gollum. Омилениот лик на сите LOTR фанови – Gandalf го наоѓа Gollum во една од затворските келии на Elf-овите и го прашува да му раскаже се што се случило во минатото на крактерот. Фактички ние играме нешто што веќе се случило, и се навраќаме во мислите на Gollum и Sméagol, низ што поминал овој карактер

Играта земала големи инспирации од Uncharted франшизата па ајде да кажеме и од Assassin’s Creed франшизата за тоа како треба да се понаша некој лик кој што најголемите механики му се поврзани со качувања и криења. Качувањата на ѕидови и скокање на платформи навистина се осеќаше како да играв Uncharted игра само што карактерот не е лепотанот Nathan Drake, туку е едно гадно суштество наречено Gollum, што според концепти за малку ќе личел на многу чуден фетус и некој вид на дебело тесто… Можеби филмовите на Peter Jackson не ни го претставија Gollum во најдобро светло од аспект на овој карактер колку всушност може да биде акробратски настроен бидејќи факт е дека во филмовите на го видовме Gollum да е карактер што може баш така да се качува по карпи и планини, да скока ненормално високо па и во далечина, и да може да издржи многу работи кои што му ги даваат карактерите од светот да ги прави. Морам да признаам дека качувањето по ѕидовите (кога работи нормално) е прилично доста забавно и интересно бидејќи за да се стигне од едно место до друго најчесто мора да се качите или симнете од некоја локација. Доколку сте фанови на тие механики од Uncharted и Assassin’s Creed франшизите овде исто така добро ќе си поминете. Една замерка е тоа што сите качувања се многу кратки и многу често сакав онака да ме натера да се качам на некоја огромна планина бидејќи на моменти ми беше многу забавно, ама се е прекратко.

Интересен избор кој што играта ви го нуди е при разговор со некој NPC дали сакате да вратите како Gollum и да му вратите нешто злобдно, да направите нешто лошо и да го отерате таму каде што не треба, и тоа често ве носи во ситуација која што не е баш убава, или ќе вратите во улога на Sméagol. Доколку вратите на разговор со Sméagol, речениците секогаш се со исплашен глас, секогаш се ништо лошо да не се прави и секогаш да се најде добрина во нешто. Сепак… во Middle-Earth сме, која добрина да ја барам… Секогаш избирав да враќам како Gollum од причина што… Нема причина, јако е!

Играта не е ниту малку полна со механики за жал, но сепак што механики би имал Gollum сепак. Главните три механики кои што ги има играта се прекрасното качување, ползењето поред непријателите да не бидете чуени лесно и интересното криење кое е многу едноставно и логично, но сепак е многу добро ставено во текот на самата игра.

Поради некоја причина има ставено механики да пробате да задавите некој непријател со тоа што ќе му се скриете и од позади ќе му скокнете и ќе го убиете. Искрено малку заборавав дека во играта постои и вакво нешто од причина што од самиот почеток до крај не сум сигурен дали убив повеќе од 10 непријатели… Комотно можеле да не ни стават вакво нешто во играта, ништо не би променило… Но сепак нешто што доста ја менува играта и навистина ви помага при играње, барем мене многу ми помогна беше GOLLUM SENSE. Карактерот тоа го има добиено од причина што имал голема изложеност од The One Ring и добил сетило каде што може преку ѕидови да гледа каде има непријатели, каде треба да се движи и што има да се земе на самата мапа. Јас ова сетилот најмногу го искористив кога сакав да се осигурам дали позади тој ѕид има непријатели, на каде гледаат за дали можам да поминам позади нив, и искрнео многу го користев за каде ме насочува да идам во играта бидејќи цело време се губев и тотално губев ориентација за што и како треба.

Има пливање… Ако на некој тоа му значи нешто, иако пливањето ќе го користите само доколку сакате да барате некои Artifacts кои што се скриени под вода, за жал не видов ниту еден момент да требаше да отидам под вода за да се скријам од непријатели. Не е Gollum за во вода, он е добар само да трча по ѕидови па затоа има и ставено “HORIZONTAL WALL-RUN” & “VERTICAL WALL-RUN” кои што самите имиња кажува за што се работи. Со Horizontal трчате хоризонтално и пробувате да не паднете во некоја дупка, а со Vertical трчате вертикално на големи ѕидови каде што има белег оставен од големи канџи. Ако прашате зошто не може на сите ѕидови да трчате Хоризонтално и Вертикално веројатно нема да добиете одговор од девелоперите.

Нема многу што да се кажува друго за LOTR: Gollum. Прилично е кратка, нема да потрошите многу саати во самата игра, освен ако не сакате да го свртите буквално секое камче, но и тогаш нема да потрошите нешто ептен многу саати во светот. Искрено ќе кажам, не ви ја предлагам оваа игра да трошите пари и да ја купите одма. Оваа година следат многу добри игри, купете си некоја од нив или купете нешто што одамна сакате да купиете, за ова парите навистина ќе ви отидат беспотребно. Доколку сте навистина ептен Хар-Кор Фанатик по Lord of the Rings и светот на Middle-Earth и мора се да видите и играте тогаш добро, тогаш навистина се прифаќа, но доколку сте кежуал играч, не, но сепак одлуката е ваша.