The House of the Dead: Remake доаѓа на PC, PS4, Xbox One и Stadia

Forever Entertainment денес најавија дека The House of the Dead: Remake наскоро пристигнува на PC (Steam и GOG), PS4, Xbox One и Google Stadia на 28 април. Ова е интересна дата бидејќи е 21 ден откако играта беше издадена како ексклузива за Nintendo Switch. Заснован на стариот Arcade Rail-Shooter од 1996 година, The House of the Dead: Remake играчите играат со AMS агент – Thomas Rogan и G додека минуваат низ замок исполнет со зомбиња и други заразени суштества. Играта беше најавена уште во 2021 година за време на Nintendo Indie Showcase. Беше планирано да се појави некаде во 2021 година, но скоро никој не знаеше дека е одложена до 2022 година, при што издавачот во март објави дека ќе излезе на 7 април. Многу тајно и ја презакажаа и најавија нова дата. Можеби бидејќи и самите они со знаење дека нема многу заинтересираност за оваа игра.

Најавата за дополнителни платформи не е ни изненадување ни ништо ново за овие креатори. Panzer Dragoon: Remake, кој исто така е од Forever Entertainment, првпат беше лансирана за Nintendo Switch во март 2020 година, пред да биде објавен за PC, PS4, Amazon Luna и XBOX One до крајот на истата година.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.