Продолжението на Fallen Order ќе се вика “Star Wars Jedi: Survivor”

Продолжението на Star Wars Jedi: Fallen Order е Star Wars Jedi: Survivor, се тврди, не е сигурно.

Репортерот на VentureBeat, Jeff Grubb, го изјави ова тврдење за време на неговата премиум емисија Giant Bomb Grubbsnax. Он твдри дека под името на продолжението ќе биде “Survivor”. Grubb не продолжи да кажува ништо друго за тоа зошто е одбрано ова име. Односно некој член од чатот пробувал да погоди кое би било името и кажал “Survivor”, Grubb на тоа одговорил со ова:

“Star Wars Jedi: Survivor… you got it. You nailed it. Well done. That’s the name.”

Зборувајќи повеќе за играта во општа смисла, Grubb продолжи да збори дека Respawn и EA планираат само да ја објават Star Wars Jedi: Survivor на PlayStation 5, Xbox Series X и PC. Ова е донекаде очекувано со оглед на тоа што играта излегува приближно две години во циклусот на најновата конзола, но се чини само уште еднаш потврдува дека оние на PS4 и Xbox One ќе треба да бараат нови конзоли. Во период кога е тешко да дојдеш до конзола.

И како за крај Grubb исто така изјави дека Star Wars Jedi: Survivor нема да излезе барем до 2023та година. Повторно, ова не е шок бидејќи на почетокот на оваа недела, самите EA кажаа дека ќе објават “Наслов на некој партнер“. Многумина претпоставуваа дека оваа игра е во прашање Star Wars Jedi: Survivor, што би укажало дека проектот треба да излезе во одреден момент помеѓу јануари и март 2023 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.