EA Sports FC 24 пристигнува во Септември – Најново е Мажи против Жени

EA Sports FC 24 беше официјално претставена денеска со нов долг и убав трејлер за самата игра. EA направи еден мал тизер минатата недела за играта, но овој нов трејлер навистина претстави нешто ново (но сепак старо) за како би изгледала играта без целата лиценца на FIFA. Иако тие не го обновуваат фудбалот, EA Sports FC 24 ќе има некои важни и интригантни иновации кои ќе се надоврзат на минатогодишното издание. Играта официјално пристигнува на 29 септември на платформите PlayStation, Xbox и PC, но сеапк може да се купи Ulitmate Edition и да се вклучат во Early Acess од 22ри септември, недела дена порано.

Многу од работите откриени денес протекоа последниве неколку недели, така што нема премногу големи изненадувања за секој кој обрнува внимание на тие делови. Една од позабележителните промени е тоа што мажите и жените ќе можат да играат еден до друг во Ultimate Team за прв пат досега. EA не ги објасни сите детали за режимот или како жените ќе бидат инкорпорирани во промо тимовите, но тие информации треба да бидат објавени во наредните недели. ЕА исто така потврди дека Халанд од Манчестер Сити ќе биде заштитниот спортист за стандардното издание на EAFC 24. Нормално кој друг ако не најголемата фаца во фудбалот денес. Заврши времето на Роналдо и Меси, нив ги испративме во Легендите иако се уште си шутираат.

Знаеме, исто така, дека EAFC 24 ќе воведе нова верзија на Hypermotion, технологијата што ги поттикнува анимациите зад акцијата на терен. Се вели дека Hypermotion V има 80 пати повеќе анимации во својата база на податоци отколку што има FIFA 23 и може да сними снимки од вистинска утакмица за потоа да ги имплементира во системот за анимација на играта „за неколку дена“. Тимот исто така ја користи технологијата Sapien што EA првпат ја воведе при откривањето на Madden NFL 24. Оваа технологија е целосна ремонт на скелетот што треба да го подобри изгледот на секој играч, тренер и судија во EA Sports FC 24. И, како и кај повеќето години, EA Sports додава неколку нови лиги, вклучувајќи две нови женски лиги за навистина да го пополни списокот на женската Лига на шампиони.

Едно нешто што не беше објавено е воведувањето на Playstyles. EA тврди дека ова ќе им ги даде на клучните играчи нивните вистински животни вештини на начин сличен на X-Factors во Madden. Тие не нурнаа длабоко во тоа за време на презентацијата, но најверојатно ќе дадат повеќе информации во текот на следните неколку недели. EA исто така зборуваше за нова функција во Ultimate Team наречена Evolutions. Повторно, тие само го спомнаа попатно, но звучи дека ќе можете да еволуирате играчи во текот на годината.

Има смисла што тие задржуваат некои работи бидејќи ова е само почеток на циклусот на возбуда на EA Sports FC 24. Имаме уште неколку месеци до лансирањето на играта, па очекувајте да слушнете многу повеќе за неа во наредните денови. Всушност, наскоро би требало да слушнеме повеќе за новите икони и херои, бидејќи многу од нив веќе протекоа пред денешната објава. Наводно, играчите како Боби Чарлтон, Винсент Компани и Томас Росицки доаѓаат како легенди на играта, иако тие допрва треба да бидат потврдени од ЕА.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN