XBOX ја претстави специјалната Black Panther: Wakanda Forever Series X конзола

Xbox го слави објавувањето на Marvel’s Black Panther: Wakanda Forever со прилагодена Xbox Series X конзола. Black Panther: Wakanda Forever е долгоочекуваното продолжение на филмот од 2018 година – Black Panther. Продолжението започнува по смртта на T’Challa, која што за жал смртта е поради актерот Chadwick Boseman, не самиот негов карактер. Болниот факт е како смртта во филмот е иста како и во светот кој што ние живееме. Филмот е исто така заклучок на Marvel Phase 4 и е пофален како еден од најдобрите филмови што Marvel ги има издадено во подолго време. Не само што е потресно, туку е и исполнето со одлична акција, возбудлив негативец и прекрасни ликови. Но ова е според одредени критичари, според нас од GG филмот не е добар.

Филмот веќе се продава ненромално добро бидејќи сите сакаат да ја видат Wakanda провторно, но XBOX најдоа начин да го прослават филмот на подобар начин. Xbox подарува навистина прекрасен прилагоден Black Panther: Wakanda Forever Xbox Series X. Конзолата е украсена така што изгледа како новиот костум на Black Panther во филмот со златен стил, ѓердан со канџи и многу повеќе. Конзолата доаѓа со два слично дизајнирани контролери и „држачи за контролори“ кои изгледаат како шепи на пантерот. Покрај тоа, победниците ќе добијат и прилагодена Kimoyo Beaded Bracelet како што се гледа во филмовите. За оние кои имаат 18 и повеќе години, следете ја официјалната сметка на Xbox Twitter, цитирајте го овој твит со „#XboxWakandaForeverSweepstakes“ и треба да бидете внесени за да го освоите пакетот.

Xbox доста често прави вакви подароци за да се поврзе со други изданија на игри и филмови. Моментално даваат само една ваква конзола, но има румор дека ќе даваат уште една. Веројатно никогаш нема да видите едно од овие ако не го освоите, освен ако не се препродаде за бизарни пари на eBay години подоцна. Во секој случај, тоа е одлична конзола за восхитување и на секој обожавател на Black Panther најверојатно ќе му се допадне.

МАРКЕТИНГ

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”