God of War Ragnarök Рецензија – Не е лесно да си родител на Бог

Не сме сигурни дали ние како фанови и играчи или луѓето од Sony Santa Monica повеќе се имаат прашувано како да направат директно продолжение на една од најдобрите игри на сите времиња, и продолжението да е подобро!? Иако сме го виделе тоа само во мал број пати, бидејќи е многу ретко, овие луѓе успеаа да го скршат тој санта мраз кој го носи Fimbulwinter и да направат многу подобро продолжение на играта која ја доби наградата “Game of the Year“. Ragnarok е дефинитивно приказната која што ја става Нордиската Митологија во една прекрасна игра на многу добар и вистински начин. Сите може да се сложиме дека нашата најголема допирна точка со Нордиската Митологија е од Филмскиот Универзум на Марвел, и тоа е многу тажно од причина што таму се е направено од стрим автори и уметници како големиот Stan Lee. За разлика од замислата на Stan Lee, овде карактерите си имаат смисла и се претставени како да излегле директно од приказните за Нордиската Митологија! Thor е дебела пијаница што го интересира само Вино и Војна, Odin е слабичок старец кој што го шета универзумот да изучува нови работи, и сите други богови кои што се појавуваат во играта се направени како што треба!

Што се случи во God of War 2018?

Без да ви правиме многу спојлери за што има во самата игра ќе ги ставиме работите на многу нормално ниво. Приказната на Kratos започнува неколку години по последните моменти на God of War од 2018 година. Уште одма мора да ви кажеме дека Ragnarok не е игрите или приказните кои што можете директно да им влезете без да го играте минатиот дел. Не е причината дека вие нема да знаете да играте и што ќе треба да правите (но и тоа влијае), но причината е што вие ќе бидете целосно изгубени во самата приказна… Доаѓа апокалиптичниот Ragnarok, а настаните целосно кружат околу синот на Kratos – Atreus. Fimbulwinter – најлошата зима во митологијата и време на немир што го најавува Ragnarok – дојде многу и, во текот на изминатите години. Atreus порасна и станува посилен, дознавајќи за неговото џиновско име „Loki“ и се обидува да го убеди својот татко да му верува во тоа што он сака да го направи и да го дознае. Но сепак Kratos нема да му дозволи на Atreus да продолжи со неговата епоха бидејќи Kratos ја дозна приказната што ќе се случи доколку Atreus продолжи да биде Loki и оди да ги бара тајните кај Odin The All-Father.

Но од каде продолжува приказната? Ragnarok продолжува како што кажавме неколку години по завршувањето на минатиот дел кога сите крактери се малку остарени, но тоа најмногу се гледа кај нашите протагонисти Kratos i Atreus. Овој пат навистина се гледа дека Kratos е измачен од сите работи што ги поминал, неговото тело изгледа како на набилдан дедо кој што сака да оди во пензија иако знае дека се уште не му е време. Дишењето му е потешко, емоциите и експресиите веќе не му се тоа што беа, во буквална смисла сака да ја остави секирата и мечовите и само да легне да го преспие Ragnarok, да нема никаков допир со најголемата војна! На Kratos му фали само некоја добра Германска Пензија и да продолжи да ужива во неговите можеби последни години во животот… Слична приказна е и со малиот Atreus кој сега навистина е пораснат и ние можеме да кажеме едно огромно ФАЛА на Santa Monica што добиваме тинејџер кој што се пронашол во светот на Midgard и знае дека неговиот живот нема да помине лесно со телефон во рака, туку неговиот живот ќе помине со лов, сечење дрва, одгледување волци и најмногу ќе продолжи во истражување на неговото потекло како Џин! Atreus веќе не е досадното дете кое што мисле дека може да го промени светот, овој пат Atreus е созреано момче кое што буквално сам може да се снајде во овој свет без помош на неговиот татко. Се уште ги има сфаќањата дека мора да ја открие неговата тајна и неговото минато, но овој пат не трча со глава во ѕид пред да размисли два пати! Atreus овој пат е еден од најдобрите протагонисти некогаш направени во делот на гејминот но и во целата литератур!

Најголемиот проблем кој што го доживеав со Ragnarok беше самиот почеток и првите неколку часа кои што беа понудени во самата игра. Можеби многумина нема да се сложат со ова, за тие можеби првите часа играње се најдобри, но тие некако беа непотребни. Прична за тоа е што влегуваме во играта, сите сакаме да дојдеме до степенот да ја видиме големата војна на Ragnarok, знаеме дека целата приказни ќе оди натаму, но првите неколку саат не го ветуваат тоа. Првите неколку часа некако се чуствуваат како во првите часа во минатиот дел на God of War. Разликата таму е што не знаеме што не очекува освен нашата цел. Таму целта ни беше да отидеме на одреденото место, да си ја завршиме работата и да се вратиме. Овде повторно имаме цел која што нормално е Ragnarok, но сепак ништо не покажува дека Kratos и Atreus одат кон Ragnarok. Причината за тоа е бидејќи Kratos не сака да се случи визијата која што ја виде на крајот од првиот дел, но сепак до одреден степен нема логика што се случува. Но после тие неколку часа играње, самата игра ти кажува дека сега приказната ќе се стави во 6та брзина и ќе те вози до самиот крај! И навистина до самиот крај приказната те води до степен да те прероди!

Вечниот циклус на борба и справување меѓу родителите и нивните деца долго време е тема уште од оригиналната трилогија God of War, иако сериозно беше ставено една цртичка во играта од 2018 година. Целата игра е како ние како обични луѓе кои што не се вечни можеме да навлеземе во емоциите и животот на тие што се натприродни да ги доведеме до степен да видиме колку они се поразлични од нас, или можеби се целосно исти само со повеќе дарби. Болката води до гнев, гневот води до омраза. Прикажана неверојатно со новооткриената лутина од Danielle Bisutti, Freya е впечатливо присуство овој пат кој што немате шанси да го преспиете бидејќи Freya овој пат не ви е само другарка на која што можете да и се вратите, овој пат Freya е МАЈКА која го изгубила своето дете и која што ќе направи се да се одмазди до степен и она да го загуби својот живот. Според нас заедно со Atreus, хероината Freya го зема спотлајтот за најдобри карактери овој пат. Сметаме дека Freya ќе биде многу почитувана од женскиот пол и овој пат навистина се приклучува во малиот круг на хероини од видео игри!

Секој лик добива свои моменти навистина да влесне во текот на целата игра! Доколку имавте проблеми во минатиот дел со малиот број на карактери во текот на целата игра, овде се е многу поразлично, и навистина секој има свој момент! Имате многу моменти кои што ви даваат да се соочите со мислењата што ги имаат карактерите. Во буквална смисла да влезете во нивните обувки и да го шетате светот. Младиот Sunny Suljic повторно е војс-актерот на исто така младиот Atreus иако многумина мислеа дека актерот е променет. Suljic е слична возраст со Atreus и затоа неговиот глас навистина прекреасно се склопува со карактерот на Atreus. Во првиот дел звучеше баш како мало и досадно дете, но овој пат навистина звучи како тинејџер што може сам да се справи во овој мрачен и студен свет. Додатокот со отсечена глава на Alastair Duncan – Mimir, продолжува да дава лукавство и експонираност во изобилство. Овој пат има многу нови актери и екипата е многу проширена, сите даваат фантастични изведби, а особено истакната е Laya DeLeon Hayes, која зрачи со заразна енергија од мистериозната Angraboda. Ben Prendergast му носи топлина на нијансираниот Tyr – тој е шармантно искусен како нордискиот бог на војната. Глупавиот Brok и урнебесниот Sindri продолжуваат да го носат својот уникатен бренд на џуџестиот шарм додека ви ги даваат тие многу важни надградби. Тие често надополнуваат реченици со пцовки (Brok) или паметни реченици (Sindri), како и многу вистински корисни информации на патот, бидејќи овојпат играат многу поцентрална улога во приказната. Не се само да ви служат како ковачи на оружја и направи што ќе ви служат во патешествието.

Губење во Целиот Масовен Свет

Сите Realms кои што ги видовме и во минатиот дел но и сега во Ragnarok, се целосно извадени од страниците на бајките и приказните кои што се раскажувани за митологијата, богати со преголема флора и фауна! Овој пат има дополнителен напор да се навлезе подлабоко во митологијата бидејќи овој пат сите тие кралства се поголми! Овој пат не е само да се влезе да се истражи се што треба да и да се излезе, овој пат има многу повеќе работи што можат да се видат, да се прошетаат, работи што можат да се земат и нормално многу повеќе непријатели во сите тие кралства (Realms).

Градот на џуџињата Nidavellir е добредојдена рурална промена на пејзажот, со многуте домови и тунели во кои Kratos мора да ползи. Градот е во центарот на Svartalfheim каде што има прекрасни пејзажи каде што може да видиме и водопади, гејзери, песок и нормално зеленило! Има вистинско чувство дека царството е целосно земено и инспирирано токму од домот на старонордиската поетска приказна која доаѓа од Исланд. Тие гејзери се исто така клучни за решавање на многу од загатките и пазлите во регионот додека ги замрзнувате за да создадете отскочни камења и да манипулирате со машините. Овие работи го прават секое место да е многу подобро од било што. Само бидете спремни за многу лесни загатки да се изгубите и да потрошите некое време додека сфатите колку било лесно но не можело да ви текне. Целата игра е полна со загатки и секоја следна е потешка.

Овој пат повторно се враќа кралството на Alfheim каде што се потрошува повеќе време како минатиот пат. Како што се рефлектирачките кристали од кои можете да ја одбиете вашата секира за да ги отворите вратите или дури и да ги користите за да ги заобиколите несвесните противници во борба. Тоа е дополнителен пример дека не само секое царство изгледа различно, туку и се чувствува различно да се игра еден од друг. Еден голем акцент се стави во минатиот дел каде што секое место беше различно и тоа ја направи таа игра предобра. Овде е повторно исто така. Секоја локација речиси се чувствува како кутијата на пандора што постепено ја отклучувате преку комбинација на ‘мозок и сила’ додека се пробивате низ неа. Има и многу што да се открие, со некои сфери што изненадуваат во нивната пространост. Истражувањето се случува преку чамец по водите на Џуџињата или преку санки со кучиња и волци низ пустините на Елфовите. Уште еднаш, елементите на Metroidvania ве поттикнуваат да ги посетите блокираните патеки подоцна, откако ќе ја поседувате потребната вештина. Овие нови светови носат со себе опасни нови закани. Ако имало какви било грешки што може да се најдат во заживувањето во 2018 година, тогаш скромната непријателска разновидност можеби била една од нив. Сепак, не постои таков проблем во Ragnarok. Познати непријатели како што се Draugr и Elves се пробија, но овој пат им се придружуваат и Grims, кои се многу мрачни водни суштества кои што единствено што знаат да прават е да јадат, убиваат и да спијат! Einherjar – војници од Aesir кои ја користат моќта на Bifrost се непријателите кои што овој пат го зимаат спотлајтот бидејќи секој нападат им е изненадувачки. Доколку сте запознаени со што прави Bifost ќе сфатите зошто овие непријатели се можеби најдобри, но и непраијтели кои што ќе ве измачат. Секој сочинува дел од една целина – има привлечна, но никогаш неправедна крива на тешкотија, додека се соочувате со прогресивно поголеми закани.

Овој пат можете да одите буквално во ское Кралство (Realm) нормално со помош на мистичните врати кои што се наоѓаат насекаде низ тој свет. Овој пат главното место каде што можете да се вратите и каде што се случуваат сите планови е исто така една голема куќа, но нема да ви кажеме каде е тоа и како личи, ќе мора сами да си видите и да се воодушевите од тоа што го гледате. Сите кралства се толку добро направени што како например секој гејмер има омилена Zelda игра, така овде секој играч ќе има свој омилен Realm. Според мене најдобиот и најубаво дизајнираниот Realm и Asgard од причина што повеќе изгледа како слика од реалниот свет, не нешто што е направено во видео игра. Можеби некој омилен Realm ќе му е Midgard, Alfheim, Helheim, Jotunheim, Muspelheim, Niflheim, Vanaheim, Svartalfheim или Asgard, но сепак како што кажавме секој ќе си има свој посебен Realm и тоа е најдоброто нешто од целата игра! Не треба секој да има спесифично место, сите кралства се направени да имаат свој живот и своја посебност!

Ништо не е Филер, но не Брзајте

Како што погоре напишавме секое кралство (Realm) е различно и уникатно во секој аспект. Затоа најдобриот предлог што може да ви го дадеме е “Немојте Да Брзате!“. Со ова сакам да кажам е немојте ни малку да се мачите да вршите одма Side-Quests, да се пикате во секое можно ќоше и секој можен агол. Играта е преполна со работи кои што можете да ги истражите но сепак кога и да дојдете до одредено место ќе имате една голема кочница што ќе ви каже дека ви дали нешто што нема да можете да дојдете до тоа одредено место за да можете да го земете тоа одредено нешто. Во тој момент си го мразите животот бидејќи знаете дека сега нема да можете одма да го земете тоа нешто и дека треба да се вратите во моментот кога ќе го имате одредената направа или уредот кој што ќе ви е потребен за отклучување на тоа и тоа нешто. Затоа не треба да брзате со тоа дека вие треба се да земете во тој момент. Верувајте дека ништо не треба во тој момент да земете! Ништо нема да ви значи. Додека стигнете до послдните делови од играта вие ќе ги имате најдобрите Upgrades, ќе ги имате најдобрите Runes, се што ќе сакате ќе имате. Играта е толку добро направена со тоа што само да си ја терате главната приказна, така како што е правилно, ќе имате се што ви е потребно да ја завршите играта, дури до степен да сте премногу наградени за борбите.

Играта е исто така преполна со големи и долги Side-Quests. Сите тие странични работи се нешто што ако го фатите да го играте пред да ја завршите главната приказна само ќе ви одземат време и нема да си го имате истиот хајп кој што ќе го имате доколку идете целосно во 6та брзина до крај! Сите работи се прекрасно поврзани, сите се уникатно направени, но многу е подобро да си истерате прво до крај па потоа да се вратите да им помогнете на луѓето кои што ти побарале помош. Голем дел од страничните работи се малку досадни, затоа не треба да ги брзате, но имате некои што ќе ве измачат и ќе ве остават без зборови. Не очекувајте ни малку од странични мисии да се осетите да ја играте главната приказна. Страничните работи се најмногу за да се вклопите многу повеќе во овој свет и во сите кралстава. Со сите странични работи ќе си одлучите кое Кралство (Realm) за вас е најдобро!

Нема ништо да пропуштите ако ја терате само главната приказна, повеќе ќе си оставите за на крај. Многу е подобро да си ја терате главната приказна од причина како што напоменавме погоре има една главна цел во целата игра. Тоа е “Ragnarok“, се друго е само нешто ќе ви го надополни целиот тој свет. Нема да ви го надополни светот до крајот на играта, туку ќе ви го надополни светот за да го истражите малку повеќе за што спремиле Santa Monica.

Борби со Секира, Мечови, Штит, Лак и…..

Комбатот во God of War отсекогаш била блескавата атракција што привлекува толпа луѓе да бидат воодушевени од неговата приказна, а Ragnarok ја продолжува таа традиција на многу добро и сериозно ниво. Проблемот кој што го имавме што пак ќе се надоврземе се првите неколку часа во Играта. Одма сфаќаш дека ти ќе играш со секира, со мечовите, малиот Atreus ќе пука со стрелата кога вие ќе стиснете “Коцка“. И тоа ја прави целата игра да иде надоле до одреден степен. Многумина со минатиот дел имаа проблеми со целиот комбат кој што беше во целата игра, и кога сето тоа ќе ви се пренесе овде што е поентата тогаш? Нема поента… Сечилата на Кратос (Blades of Chaos) се камшикуваат наоколу во секоја насока, предизвикувајќи огнена болка на секое лице што ќе се најдат каде што сечилата ќе допрат. Острината на секирате поминува низ непријателите како катана, сечејки ги непријатлите да се превиткуваат како крвави оригами. И да, таа секира сè уште може да го пресече воздухот бидејќи Kratos има толкава сила што планина може да фрли а не па секира во далечина. Некако фрлањето е подобро направено, но тоа можеби е само ради хептиките кои што го нуди новиот DualSense контролер за PlayStation 5. Но… иако кажав дека нема поента се ова, луѓето од Santa Monica ги слушнале изговорите на фановите дека ниовниот комбат во играта е целосно ист и рекле дека многу работи ќе ги остават, но сепак ќе додадат уште повеќе работи кои што ќе го направат комбатот многу подобар. За жал комбатот повторно ќе ви е ист до крај на играта, нема логика цело време да е различен бидејќи не се работи за RPG игра или некоја Soulslike игра да си бирате вие оружја и целиот комбат да е целосно различен. Имате само одреден број на оружја низ текот на целата игра, некои ќе ги користите повеќе, некои помалку, но сепак комбатот е тој што ќе го видите на почетокот и потоа само ќе ве воодушевуваат убавите огни од мечовите или мразот од секирата, или можеби нешто што ќе треба сами да го видите во самата игра, нешто што е спојлер и нема да ви го кажеме.

Секирата е во голема мера слично на тоа како се сеќавате со неговата динамична мешавина од тешки напади и моќност во опсег, но начинот на кој ги ракувате сечилата е значително различен. Има поголем акцент на нивното користење за да ги фатите непријателите и да ги маневрирате низ арената – без разлика дали тоа е да ги влечете кон себе или да ги жонглирате во воздухот како најжешките компири. Тие се многу поблиску до тоа како се чувствуваа во оригиналните игри; носталгичен потег поставен со брилијантна модерна предност. Дејството се чувствува и изгледа извонредно и нема забелешки или исклучоци кога велам дека Ragnarok е само подобрување во однос на веќе жестоката борба на God of War.

И двете оружја имаат нови трикови за прикажување. Можете да ја „Frost Awaken“ секирата со држење на “Триаголник” за да го вклучите следниот напад. Истото тоа го имате и со мечовите. Доколку држите или стискате Триаголник ќе го направите обратното од Секирата, ќе направите “Fire Awakening” на мечовите кои што кога ќе се загреат ќе направат поголем Damage на непријателите. Оружјата на Kratos се буквално како карактерот Todoroki од Манга/Аниме серијалот “My Hero Academia“, споен е со Огнот и Мразот! Заклучувањето/Локнувањето на непријателот со замрзнување со секирата пред да се префрли на сечилата за да се ослободи од болка кај нивните пријатели е бескраен извор на уживање. Е тоа е доброто нешто во комбатот. Овој пат дури и штитот кој што го имате во самата игра и како дел од комбатот сега е повеќе алатка за бранење. Иако звучи смешно бидејќи штит се користи за тоа, за да се одбраниш, овој пат во играта има избор на многу штитови и додатоци што можат да се стават на штитот. Секој штит има различна Дополнителна фунција од само бранење. Некој штитови можат да вратат со напад, со некои штитови можете да се стрчате кон непријателите и многу повеќе. Parrying има вкусна тежина, а кога ќе го погодите тајмингот, сè уште се чувствува фантастично по илјадитото одбранување. Верувајте ми кога велам дека тоа е вештина што ќе сакате да ја усовршите пред да започнете со некои од најтешките борби на Ragnarok. Доколку играте на послаби нивоа можеби никад нема да го искористите штитот освен во моментите кога ќе морате, но ако играте на тешко ниво, штитот ќе го користите повеќе од самата секира или мечовите. Иако звучи малку чудно овој дел играта за разлика од 2018 година, е многу повеќе направена како Soulslike игра и тоа е прекрасно!

Runic Аbilities (специјални cooldown напади доделени во вашиот инвентар) исто така се враќаат и, иако овојпат нема исто изобилство на избор, секој од нив е катастрофално ефикасен. На пример, Hades Retribution – огнено прободување кое става бомба во ребрата на непријателот – е особено забавно да се спроведе во акција. Бруталните завршници (копче R3) на запрепастените непријатели се уште едно пријатно враќање на стариот God of War. Главите се распарчуваат, половината се остава да стои и испушта крв, а торзото се распаѓа на два дела. Забележливо е голема разновидност и во случајно избраните, специфични за оружје анимации, така што нема да ви биде здодевно да го гледате тој потег на извршување на едно копче од 2018 година одново и одново. Моето омилено мора да биде едноставното задоволство да го видам шокот на лицето на војникот додека рацете еден по еден им се откинуваат. Прекрасна!

Kratos овојпат е малку полесен за играње со малку помал начин за неговиот спринт. Движењето е дополнително нагласено со начинот на кој сега можете да се борите од далечина користејќи ги мечовите и да се фрлате низ празнините за да се нурнете во борба. Дизајнот на повисоките арени буквално додава дополнителни слоеви на битките. Борбените секвенци може да се чувствуваат слично на Doom Kill Boxes додека трчате и се вртите околу издигнатите платформи кон вашата следна жртва во изведбите на акробатско крвопролевање – жонглирање со заладувања, стрели на Atreus и вашиот Rage Meter за ефикасно и спектакуларно да ги уништите сите испратени да ве спречат. Борбата навистина се развива со текот на времето, бидејќи се воведуваат мали најачувања во текот на целата игра. Environmental strikes – како што е например удирање во труп (дрво) на земја за да се одбие јачината, пред да го замавнете како преголема безбол палка се прекрасно направени и нешто што ќе сакате да го има многу повеќе во текот на самата игра. Има многу други големи додатоци за борба против кои нема да ги откријам за да не ја уништам сензацијата да ги откриете самите, но Ragnarok вклучува некои од најпривлечните шарени магични напади што сум ги видел во игра, прекрасно. Деструктивни способности за повикување, и многу, многу повеќе. Сите се дополнителни примери за навидум бескрајниот базен на креативност на Sony Santa Monica. Рагнарок има огромен број повеќе алатки во својата торба отколку што некогаш имал God of War 2018, и е уште попривлечно за него. Сето тоа се чувствува извонредно кога е во полн тек, честопати хипнотизирачко со своите врвни дејствија преплавени со ритмичка бруталност и е едноставно најдобрата борба што можам да се сетам дека ја играв во игра.

Сево ова важи само за нормални борби против обичните непријатели кои што ги трескате од земја како мравки. Но… Битките се Босовите… Е тие борби се нешто ненормално нешто! Ако Souslike игрите продаваат борби со босови, овде е буквално исто. Нешто што многу ме измачи во текот на целата игра беа големите босови кои што имаат прекрасни напади кои ќе ве измачат ненромално. Можеби на лесни нивоа нема ни штит да искористите туку само ќе ги сечете и удирате, но на тешко ниво ќе сакате да си го скршите контролерот. Дефинитивно има некои од оние огромни борби со босови кои овој пат беа многу позастапени во оригиналната трилогија, со суштества редовно од поголеми размери отколку што гледавме пред четири години. Многу од овие средби еден на еден се вистински тест и за вашите способности. Не се само босовите во приказната – се борев со масивни суштества кои што исто така беа на сериозно тешкотија. Тие исто така се сметаат за некои мини-босови кои што ќе ги видите неколку пати во играта како ќе бидат сами, но и они се премногу тешки за победување.

Заклучок за God of War Ragnarök

God of War Ragnarök веднаш да кажам дека нема да играта која што ќе ја добие наградата GOTY. Причината за тоа е што играта искочи многу касно во текот на годината и дека многу луѓе нема да ја искусат целосно до самите GOTY’s награди. Но причина за тоа е што оваа година излезе една од најдобрите игри на сите времиња која се вика “Elden Ring” и која комотно ќе ја лапне таа награда. Но… God of War Ragnarök е играта која што на сите нас ќе ни остане во мислите засекогаш! Мене лично God of War Ragnarök ме погоди масивно во делот за приказната бидејќи ми покажа што значи да се самохран родител на дете во мрачниот свет! God of War Ragnarök е игра која што иако играте со богови и се шетате низ митологијата, карактерите се буквално како да се нормални луѓе што можете да ги видите на улица, во продавница, на пазар, во кафич и буквално секаде. Карактери како Kratos ретко се гледаат бидејќи главната цел во живото им е фамилијата, работат по 2 работи на ден за да се има пари за дома и за децата. Atreus е тинејџер кој што многу сака да знае за светот и историјата што кога ќе порасне шансите да студира на голем универзитет како например во Harward шансите се големи! Карактери како Thor можете нормално да ги видите во кафани, но во маалски кафани каде што одат само тешки пијаници и што не се задоволни со животите. Freya е јака хероина која што може да работи машка работа и ќе се бори до крај на животот, и на 70 години да може со гордост и сила да се бори за се тоа што има! Да не продолжуваме многу, работата беше иако се богови, сепак се сфаќа дека и боговите живеат како нормални луѓе во оваа митологија.

God of War Ragnarök е игра која што во многу моменти ќе застанете да гледате во екранот и да се воодушевите од пејзажите и ова е една од многу ретките игри каде што стоев и правев скриншоти од играта за колку беше добро се направено. Игра која што малку ќе ви ги отвори очите за реалниот свет, за каде живееме и како да ги живееме работите. Игра која што ќе направи бум во светот!

88%
OVERALL

God of War Ragnarök

4,890 ден

Summary

God of War Ragnarök е игра која што во многу моменти ќе застанете да гледате во екранот и да се воодушевите од пејзажите и ова е една од многу ретките игри каде што стоев и правев скриншоти од играта за колку беше добро се направено. Игра која што малку ќе ви ги отвори очите за реалниот свет, за каде живееме и како да ги живееме работите. Игра која што ќе направи бум во светот!

Позитивно

  • Графика
  • Врвен звук и саундтрак
  • Голем број на нови карактери
  • Истражување

Негативно

  • Side-Quests
  • Combat
  • Голем број на исти непријатели
КУПИ ЈА ВЕДНАШ

МАРКЕТИНГ

About The Author

Gearbox Entertainment имаат нов сопственик бидејќи Embracer Group само што го продаде студиото на Take-Two Interactive за 460 милиони долари. Сите тие милиони долари ќе бидат исплатени во целост како новоиздадени акции на Take-Two.

Како дел од продажбата, Take-Two ќе добие Gearbox Software, Gearbox Montreal и Gearbox Studio Quebec. Од гледна точка на игри, компанијата ќе добие права на франшизите Borderlands и Tiny Tina’s Wonderlands заедно со Risk of Rain, Brothers in Arms, Duke Nukem и Homeworld.

Како дел од најавата, беше откриено дека Gearbox моментално има нови игри Borderlands и Homeworld во развој.

Embracer ќе го задржи Gearbox Publishing San Francisco, кој ќе биде преименуван пред официјалното затворање на договорот. Покрај тоа студиоот Gearbox, Embracer ќе ги задржи Cryptic Studios заедно со Neverwinter Online и Star Trek Online, Lost Boys Interactive и Captured Dimensions.

“Today’s announcement marks the result of the final structured divestment process and is an important step in transforming Embracer into the future with notably lower net debt and improved free cash flow.

Through the transaction, we lower business risk and improve profitability as we transition to becoming a leaner and more focused company. After evaluating several options for Gearbox, I am happy that we have reached a solution that is in the best interest of all stakeholders. Randy and the team have been great team members throughout the past years, and I would like to thank them all for that. As one of the world’s greatest games developers, I am confident that Gearbox will continue to innovate and thrive in their new home within Take-Two.”

Официјална изјава за медиумите од Lars Wingefors, ко-основач и извршен директор Embracer

“Our acquisition of Gearbox is an exciting moment for Take-Two and will strengthen our industry-leading creative talent and portfolio of owned intellectual property, including the iconic Borderlands franchise. This combination enhances the financial profile of our existing projects with Gearbox and unlocks the opportunity for us to drive increased long-term growth by leveraging the full resources of Take-Two across all of Gearbox’s exciting initiatives.”

Официјална изјава за медиумите од Strauss Zelnick, извршниот директор на Take-Two

Embracer додава дека продажбата на Gearbox ќе го намали нето долгот на компанијата за 300-330 милиони долари.

Со преминувањето кон Take-Two, Gearbox ќе продолжи да биде предводено од основачот и извршен директор на студиото Randy Pitchford, велат од компанијата. Ќе работи како помошно студио во рамките на .

“Joining forces with Take-Two Interactive and 2K will help Gearbox ascend to our next level. Take-Two and 2K have demonstrated repeatedly their commitment to our engine of generating creativity, happiness, and profit. We set the bar for interactive entertainment and achieved remarkable results with groundbreaking, record-setting games when we worked together at arm’s length as partners. I’m incredibly excited about what we can accomplish now that we’re fully aligned as one.”

Официјална изјава за медиумите од Randy Pitchford

Пред објавувањето, гласините за купување на Gearbox на Take-Two беа околу од есента 2023 година, но сепак многумина мислевме дека ова е само обична лажна гласине и дека веројатно никогаш нема да се случи.