Кориците на стрипови често се исто толку возбудливи како уметноста и приказната во самата книга/самиот стрип. Дополнително тие се работите што не тераат да видиме за каков стрип и каква приказна се работи внатре. Меѓутоа, во овој случај поранешниот илустратор на Rockstar Games, Mark Scicluna, решил да направи многу ѕверски стрип корици, но за модерни игри!
Почнувајќи од серијата Crash Bandicoot, вклучувајќи го и нејзиниот спиноф за трки Crash Team Racing, до Horizon Zero Dawn, God of War, Resident Evil и многу повеќе, овие корици се толку добри што посакуваме стриповите да бидат вистински. Како и да е, насловните страници на Scicluna се тоа што за сега може да не задоволи, па можеби во иднина може да ги видиме работите во вистински стрип! Иако за добар број од игрите веќе има стрип приказни.
Погледнете дел од неговите дела:
Ако сте заинтересирани да купите некоја од овие корици, можете да го сторите тоа на страницата RedBubble на Scicluna. Доколку ви треба некој интересен и уникатен постер во вашата соба ова е дефинитивно за вас!