Square Enix ги продаде Tomb Raider и Deus Ex за многу малку пари на Embracer Group

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

Големи IP’s и преку 1000 работници за само $300 милиони

Гигантот Square Enix ги продаде своите западни студија и над 50 нивни IP’s на Embracer Group за само 300 милиони долари!

Продажбата, која треба да се реализира до септември оваа година, значи дека Embracer ги поседува Crystal Dynamics, Eidos Montreal и Square Enix Montreal, како и нивните IP’s, вклучувајќи ги Tomb Raider, Deus Ex, Thief и Legacy of Kain. Во сите овие студија има околу 1100 вработени.

Како што веќе беше најавено, нова Tomb Raider игра е во припрема од студиото Crystal Dynamics, која што се спрема на Unreal Engine 5. Иако до сега таа нова игра го имаше спотлајтот како нешто ново и големо, сега сите своите желби ги свртија кон сите овие други големи франшизи и ќе чекаат нешто ново од нив. Причина за тоа е што од Tomb Raider добивме една убава рибут трилогија, а другиве како да се заборавени. Но не за долго! И не само фановите, туку и самите Embracer Group ќе посветат внимание на другите

Во изјавата за медиумите, Embracer се во план да инвестираат во овие франшизи. Изјавата гласи вака:

“We see an opportunity to invest in these franchises (Tomb Raider and Deus Ex), as well as the additional acquired IPs such as Legacy of Kain, Thief and other original franchises”.

Договорот не вклучува игри што Square Enix ги објавува од надворешни студија, како што се Life is Strange, Just Cause и Outriders.

Ајде сега да збориме за цената… Сите сме свестни што се случува периодов и нема некој на планетава што не дозна за купувањето на Activison/Blizzard од страна на Microsoft за скоро $70 милијарди. Или ајде не мора да е за гејминг, Elon Musk го купи Twitter за $44 милијарди. Можеби ова се високи бројки, да спуштиме малку сепак нели. Пред многу брзо време Sony го купи гигантот и креаторот на Destiny за $3.6 милијарди, убава бројка нели. Пред година дена истите овие Embracer инвестираа $1.3 милијарди за да ги купат креаторите на Borderlands – Gearbox, уште една убава сума на пари, нели? И сега доаѓа убавото прашање, Зар Tomb Raider, Deus Ex, Legacy of Kane и уште многу други не вредат ни приближно толку, и вредат само 300 милиони?!

Можеби навистина не вредат, но сепак сите сме растеле на тие игри и сакаме да ги видиме со големи, убави и слатки бројки.

Сите студија на Embracer

Аналитичар во Niko Partners, Daniel Ahmad, на Twitter го сподели следново:

Во февруари, Square Enix изјави дека генерално добро прифатената игра „Marvel’s Guardians of The Galaxy“ на Eidos Montreal имала „потценети очекувања“. Додека играта на Marvel’s Avengers на Crystal Dynamics продолжува да добива ажурирања, иако се смета дека била комерцијална катастрофа.

Square Enix кажаа дека нивната продажбата на Embracer за нив „овозможува лансирање на нови бизниси за продолжување на инвестициите во полињата како што се Blockchain, AI и Cloud“.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit
Share on pinterest

WP Post Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

PC
Share on facebook
Share on twitter
Share on reddit

The Last of Us Part 1 е одложена и повеќе нема да го дочекува првичното објавување на 3ти март. Наместо тоа, играта е одложена до крајот на тој месец и сега ќе излезе на 28 март. Naughty Dog рече дека дополнителното време потрошено работејќи на играта ќе биде искористено за „да се осигураме дека дебито на The Last of Us Part I е во најдобра можна форма“.

Одложувањето беше објавено оваа недела во твит од профилот на Naughty Dog во кој најпрво им се заблагодари на луѓето за поддршката на франшизата поради тековната ТВ адаптација на The Last of Us, која доминира во разговорите откако првпат почна да се емитува. Студиото призна дека има луѓе кои ја сакале преработената верзија на The Last of Us која дебитираше неодамна на PS5 и уште повеќе кои сега беа заинтересирани за играта благодарение на шоуто HBO и да им дадат на тие луѓе најдоброто искуство, играта. треба повеќе работа.

The Last of Us Part I е римејк на оригиналниот The Last of Us со обновена игра, вклучувајќи некои дополнителни и ажурирани функции. Нејзината верзија за компјутер е една од неколкуте порти за PlayStation на PC што Sony ги постави на таа платформа во последниве години и доаѓа во скоро совршено време сега со оглед на тоа што сме во средината на The Last of Us на HBO.