Актерот Doug Cockle се враќа во улогата на Geralt во новата серија на The Witcher

Познатиот актер Doug Cockle храбро се враќа во улогата на Geralt од Ривија во целосно новата анимирана серија за The Witcher, која треба да се појави на Нетфликс кон крајот на 2024 година. Doug Cockle е човекот кој што го оживеа Geralt и го претстави на публиката уште во 2007 година, уште од првата игра. Он е човекот кој го дава гласот на Geralt во сите игри.

Doug Cockle не му го позајмил гласот на Гералт од објавувањето на Blood and Wine (DLC) во 2016 година. Во краткиот едноминутен трејлер што го објави Нетфликс, беше откриено дека тој ќе биде протагонистот во серијата The Witcher: Sirens of The Deep, кој ќе се емитува исклучиво на Нетфликс кон крајот на следната година.

Не дава многу, но изгледа брилијантно, а борбените сцени во краткиот трејлер изгледаат импресивно и автентични. Има големи шанси оваа серија да е најдоброто нешто што сме го виделе од актерот до сега. Сепак, неговата реализација во The Witcher 3: The Wild Hunt ќе биде тешко да се победи.

Гералт на Cockle е таму горе со Солид Снејк, Марио, Ецио и Кратос кога станува збор да биде веднаш препознатлив како глас на лик!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…