The Last of Us Part 2 добива Remaster верзија за PlayStation 5, а подоцна можеби и за PC

Официјално The Last of Us Part 2 доаѓа на PlayStation 5, според реномирани датамајнери и протекувачи на социјалните мрежи кои што до сега се што кажале и потврдиле испаднало 99.9% вистина и може целосно да им се верува на овие луѓе.

Според реномираните датамајнери и нивните водачи кои што го водат профилот на @PlayStationSize, кој неодамна твитна прилично нејасен твит, The Last of Us Part 2 официјално доаѓа за PlayStation 5, и тој чуден твит беше буквално за тоа.

Не е јасно кога ќе бидат објавени вестите, но со оглед на тоа што The Game Awards се на само неколку недели и ќе се одржат на 8 декември, можеби нема да помине долго до официјалното соопштение и претставување. The Last of Us Part 2 беше објавена во 2020 година на PlayStation 4, и навистина недостасуваше едно убаво издание и на PlayStation 5. Играта подоцна ќе дојде и на PlayStation 5, овозможувајќи игра со 60FPS! МЕРАЦИ!

The Last of Us Part 2 доби признание од критичарите и од корисниците и освои најмногу награди на The Game Awards во својата историја, вклучувајќи игра на годината, најдобра режија на игра, најдобра наративност, најдобар аудио дизајн, иновација во пристапноста, најдобра акција /Авантура и најдобра изведба.

Според Sony, The Last of Us Part 2 се продала во над 4 милиони копии ширум светот, со што стана најбрзо продаваниот ексклузивен за PlayStation 4 во тоа време до денес. Доколку збориме за PlayStation 5 тој рекорд сега го држи Marvel’s Spider-Man 2.

Успехот на „The Last of Us“ доведе до тоа HBO да ја адаптира играта во ТВ серија, при што првата сезона постигнуваше 32 милиони гледачи по епизода во просек. Втората сезона ќе започне да се снима во јануари 2024 година и треба да излезе во 2025 година.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Џокерот од Флорида, кој навидум инспирираше лик прикажан во трејлерот за на GTA 6, бара 2 милиони долари од Rockstar Games за неговото искористување, и тоа што му го украле целиот карактер кој што он сам си го градел.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, „вистинскиот“ Џокер ги повтори своите размислувања од неговото претходно видео. Тој покажа кон ликот од играта рамо до рамо со негова слика, повторувајќи постојано дека е јасно од кого е инспириран тој лик.

“We gotta talk GTA, or not you guys gotta give me a million or two,” he said in the video.

“Holla at me GTA. Rockstar Entertainment.”

Дури и ако има шанси да добие пари од Rockstar, тоа е многу малку веројатно. Rockstar лесно може да тврди дека ликот во играта е пародија. Има и случај кога актерката Lindsay Lohan се обиде да ги тужи Rockstar, тврдејќи дека ликот на девојка во GTA V се базира на неа.

Тој случај на крајот беше отфрлен откако судијата Eugene Fahey изјави: “„Уметноста и реалниот живот не треба да се споредува. Доколку во игра имаме рендер од некој карактер не значи дека тоа е инспирано од реалниот живот”.

Rockstar не ги коментираше барањата на Џокерот од Флорида, и најверојатно нема да ги коментира во никакво официјално својство… Нормално дека не се будали за да го направат тоа…