Официјално се случи протекување на PlayStation 5 Pro кое што се потврди дека е вистинско и дека конзолата ќе има големи промени во хардвер и треба да пристигне некаде пред крајот на 2024 година. Медиумот Insider Gaming збореше со изворот кои што сакале да останат анонимни бидејќи не биле овластени да зборуваат за плановите на компанијата, и потврдуваат дека YouTube каналот Moore’s Law is Dead е реална, и покрај критиките на објавувачот и протечените спецификации.
На почетокот на 2023 година, преку медиумот Key to Gaming беше најавено дека PS5 Pro е под кодното име „Trinity“ и ќе таргетира подобрени и конзистентни FPS со резолуција 4K (4K120FPS), нов „режим на перформанси“ за резолуција 8K и подобрен RayTracing. Дополнително, беше објавено дека Trinity ќе има 30 WGP и 18000mts меморија.
Денес беше потврдено дека новиот харвер кој што ќе го има новата конзола се следниве:
- Рендерирање 45% побрзо од PS5
- 2-3x Ray-tracing (x4 некогаш)
- 33.5 Teraflops
- PSSR (PlayStation Spectral Super Resolution Upscaling)
- Подршка за 8K резолуција во SDK случаеви
- Прилагодена архитектура за машинско учење
- AI Accelerator, подржува 300 TOPS на 8 bit computation / 67 TFLOPS of 16-bit floating point
Медиумот Insider Gaming исто така сподели документација од порталот за програмери дека Devkits се достапни за студиа од First-Party од септември 2023 година, Third-Party од јануари 2024 година и од пролет 2024 година ќе бидат достапни и тест уреди кои ќе бидат идентични со финалниот производ. Спремајте се!!!