Ако се прашувате како Team Ninja ќе се шири и ќе продолжи да ја одржува Wo Long: Fallen Dynasty во живот во текот на остатокот од годината, новиот roadmap треба да одговори на сите прашања. Во roadmap-от, ни е кажано што ќе доаѓа во играта секој месец во текот на остатокот од годинава, со тоа што вклучува бесплатни ажурирања, платен DLC, средувања на играта, нови мисии, подобрувања на функциите и неколку возбудливи соработки!
Имено, забележано е дека во септември е планирана соработка со Lies of P, па очекувајте ја околу лансирањето на играта кон средината на месецот. Потоа, во ноември, ќе има соработка на Nioh. Не се спомнува што ќе донесат овие соработки во играта, затоа очекувајте дополнителни информации од Team Ninja додека сме се поблиску до нив кога започнуваат.
Кога стнува збор за Nioh не треба многу да размислуваме зошто и како, двете игри се на Team Ninja. Но, од каде колаборација со Lies of P? Какви се овие колаборации?! Многу се надеваме дека ќе е нешто сериозно, а не некоја глупост како например козметика или некои микро трансакции што би можеле игрите да ги имаат.