Rayman доаѓа во Mario + Rabbids Sparks Of Hope во ново DLC

Ubisoft сподели дека малото жолто другарче Rayman ќе доаѓа во играта Mario + Rabbids Sparks of Hope во ново DLC кое се вика “Rayman In The Phantom Show“. Долго време се шушкаше дека нешто се прави за играва и дека нешто ново ќе се додаде, но конечно е најавено DLC што доаѓа во стратешката игра Nintendo mashup што се појави на Switch минатиот октомври.

По објавувањето на Sparks of Hope минатата година, Ubisoft објави дека планира три DLC-а за играта. Првиот беше The Tower of Doooom, кој се појави во играта овој март. Ubisoft го објави вториот DLC, The Last Spark Hunter, минатиот месец и сега, знаеме кога DLC 3 ја комплетира играта по лансирањето, бидејќи Rayman In The Phantom Show ќе пристигне на 30ти август 2023год..

“Rayman is back. And he is the special guest in a new mysterious dimension: the Phantom Opera’s network studio. The Phantom, the charismatic ghostly boss of Mario + Rabbids Kingdom Battle, is also coming back and asking for help to improve his channel’s ratings.” 

Изјава од Ubisoft

Кога Ubisoft минатата година го отрки Roadmap-от за Sparks of Hope по лансирањето, изјавија дека Rayman ќе биде прикажан во DLC 3, но не беше тоа баш сигурно дали ќе биде баш така, и сега речиси една година подоцна, тој конечно е тука. DLC на Sparks of Hope’s Rayman In The Phantom Show доаѓа во играта на 30 август.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Штотуку беше објавено дека Саудиска Арабија ќе стане земјата каде што ќе се прават Олимписките Игри во Е-Спорт од 2025 година. Ова значајно откритие доаѓа по 12-годишниот договор потпишан меѓу IOC и Саудиската федерација за Е-Спорти. Во моментов, Светското првенство за е-спорт се одржува во Ријад, но Олимписките игри за еспорти ќе бидат нешто сосема друго.

Ова е резултат на соработката меѓу Томас Бах, претседателот на IOC, и HRH Prince Abdulaziz, министер за спорт во Саудиска Арабија.

Пишување историја

IOC имаа идеја за воведување на е-спорт на Олимписките игри, но зошто да го направите тоа кога можете да создадете сосема нов настан фокусиран на уникатната, дигитална индустрија?

Во изјавата за LinkedIn, Ралф Рајхерт, извршен директор на Фондацијата за Светски куп за еспорти, изјави:

Репрезентациите и гордоста сè уште се недоволно развиени во е-спортот, но сигурен сум дека ова ќе се промени со текот на времето. Ова е голем чекор за спортот, не толку за краткорочното влијание, туку за долгорочната перспектива.

Со оваа огромна зделка ќе се одржат првите олимписки еспортски игри во Саудиска Арабија следната година. Зборувајќи за партнерството, Томас Бах од IOC се осврна на некои клучни грижи во врска со поставувањето: „Со партнерството со саудискиот NOC, ние исто така обезбедивме почитување на олимписките вредности, особено во однос на насловите на играта на програмата, промоција на родовата еднаквост и ангажман со младата публика, која го прифаќа е-спортот“.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!