Изгледа дека дознаваме кога ќе ја видиме и ќе ја земеме во раце следната Nintendo конзола. Клучните студија кои што ќе прават игри за следната конзола конечно ги добиле Development Kits, и според тоа сите сугерираат дека следната конзола ќе ја видиме во 2024 година!
Според повеќе луѓе со познавање на плановите за конзолата за следната генерација на Nintendo, компанијата најверојатно ќе објави нов хардвер во втората половина на 2024 година, за да се осигура дека има доволно залихи на располагање на првиот ден и да го избегне видот на недостиг што сите го почуствуваме со PlayStation 5 и XBOX Series X. Сетете се колку време се чекаше да се стигне до некоја од тие две конзоли… Nintendo не сакаат да го имаат истото, сакаат да си имаат продажба за сите и уште толку да имаат во сите продажни салони.
Иако специфичните детали за конзолата се чуваат внимателно, порталот VGC доби инсајдерски информации дека следната конзола на Nintendo ќе биде многу слична на Switch-от и ќе има преносливи опции. Огромни се шансите да биде Nintendo Switch 2. Дополнително зошто може конзолата да е Switch 2 е тоа што два извори со кои разговарале луѓе од VGC сугерираат дека конзолата би можела да се лансира со LCD екран, наместо со попремиум OLED, со цел да се намалат трошоците, особено имајќи го предвид зголеменото складирање потребно за игри со поголема верност. Тековниот Switch доаѓа со само 32 GB внатрешна меморија, додека многу игри од сегашната генерација на PlayStation и Xbox се над 100 GB.
Сакате уште еден доказ дека ќе е Switch 2? И новата конзола повторно ќе подржува физички игри кои што ќе бидат на кертриџи…
Останатите детали, како што е Backwards Compatibility за Switch игрите (физички и дигитални), остануваат нејасни. Нинтендо соопшти дека сака да конвертира што е можно повеќе од корисничката база на Switch од над 100 милиони во неговиот следен систем.
Индустрискиот консултант со седиште во Токио, Dr Serkan Toto, изјави за сајтот VGC дека лансирањето на конзолата во 2024 година ќе има смисла за Nintendo, бидејќи се предвидува да забележи двоцифрен пад во продажбата на хардверот и софтверот на Switch оваа година, и дополнително конзолата прави 7 години постоење. Тоа е главниот генерациски живот на секоја конзола.
“I would generally say that looking at Nintendo’s financials, it seems clear that it’s time for a new piece of hardware in 2024,” he said. “Hardware is already projected to fall 16.5% year-on-year in the current fiscal, while the minus for software is expected to hit 15.9%. The only way to stop these losses from totally ballooning next fiscal is a new device, and the second half of 2024 sounds like a realistic release window to me.”
Dr Serkan Toto, изјави за сајтот VGC