Dead Island 2 Рецензија – “Апокалипсата со Хипстери во Лос Анџелес”

Dead Island е франшизата која што е изгубена во времето и свемирот бидејќи после менување на три студиа во период од повеќе од 10 години, кои што сите пробуваат да направат некој вид на продложение и тоа да помине… Пробува само да помине покрај фановите на Зомби Франшизите. Веројатно тоа е причината зошто првите девелопери на првата Dying Light престанаа со ова и си продолжија со нивната поголема франшиза и љубов – Dying Light. Но сепак и новиве дечки кои што си ја лапнаа франшизава да ја продолжат не направиле некоја голема грешка со тоа што го прават, колку толку успеале да направат Зомби Забава со Хипстери кои што се многу надувани, живеат во Лос Анџелес и нормално мислат дека апокалипсата е како добра журка на Коачела.

Доколку некого прашате во кратки црти да ви ја објасни Dead Island 2 и да ви каже дали играта е добра и дали треба веднаш да се купи и да се игра, може комотно да се каже, играта е добра дури пристојна за играње. Жанрот е многу едноставен и директен, Зомби Апокалипса, не треба да барате влакно во јајце бидејќи тие два збора кажуваат буквално се за што се работи. Сите сме играле многу Зомби игри и сме веќе натрупани со различни Зомби игри, но сепак сте од тие луѓе што сакаат да играат нешто што наликува на Dead Island од 2011 година, и да бидат тие механики, ова е тоа… Deep Silver Dambuster Studios навистина се потрудиле да го задржат, односно да го вратат шармот од првиот дел на играта, едноставно да направат добар напредок од тогаш.

Dead Island 2 е играта која што се заржува на старите Зомби шармови со тоа што вие добивате Зомби Маскар игра каде што можете да играте сами (соло) или со вашите пријатели (co-op) и едноставно да се зезате цело време и да уживате во интересниот свет. Иако не е многу голем, ниту целосно отворен, светот е толку направен што веројатно нема да ви здосади толку многу бидејќи е сепак убавите делови на Лос Анџелес пресликани маестрално, и како некој што ретко ќе му се пружи шанса да оди таму на одмор или на било што, ова е интересен начин да се види. Па и за време на Зомби Апокалипса!

Во Апкалипса се ужива, не се бега!

Приказната е многу едноставна, индиректно продолжение од таа од 2011 година. Индиректно бидејќи се случува во многу слично време иако во нашиот свет се поминати 12 години, таму се разлика само неколку месеци. Која е разликата? -Само местото каде сте.

Во светот се случува Зомби Апокалипса и сите се во тешка паника да побегнат и да се спасат, да не бидат гризнати и да станат зомбиња кои што побрзо ќе умрат од некој што ќе дојде да преживува таму и желба му било цел живот да тема зомбиња. Се качувате на Авион кој полетува од Лос Анџелес да ја избегнете катастрофата, но веднаш ви се случува поголема катастрофа кога вашиот авион се урнува назад во Лос Анџелес. Пред да ја започнете вашата авантура имате избор од 6 различни карактери. Amy, Bruno, Carla, Dani, Jacob или Ryan. Сите карактери се уникатни на свој начин, и внимавајте кого ќе изберете бидејќи нема промена! Шансите да го изберете Jacob се огромни бидејќи најкул изгледа, неговите можности се најдобри, и е протагонистот кој го гледаме на сите промотивни материјали и на паковката од играта. Кого и да одберете нема да згрешите, сите се тешки хипстери кои што стварно имаат големи шанси да преживеат Зомби Апокалипса! За да прочитате секој карактер какви уникатности има стиснете -> ТУКА.

Бидејќи вашиот карактер е од Лос Анџелес и е тешка будала, сфаќате дека секого кого ќе запознаете до крајот на играта е исто така тешка будала како вас. Едноставно не се замарате што авионот со кој што требаше да избегате ви се урна, едноставно станувате и си кажувате дека ќе најдете екипа со која што ќе продолжите да убивате зомбиња сред апокалипса! Цела игра е преполна со Црн Хумор и ниту малку замарање што ќе ви се случи, што дава интересен шмек на сите останати озбилни работи за тоа дека треба да се најде лек, како да се стопре се ова, што е најпаметно… Не бе дечки, влагате со повеќе од потребно субстанци во вас и едноставно си го терате животот додека ги гледате вашите другари како дерат човечки трупови на улиците.

Да не заборавам, и нормално Имун сте на вирусот… Зошто во игра со Зомби Апокалипса вие не би биле Имун на се тоа…

Целата приказна е Б-Продукција филм, што значи доколку очекувате малку по сериозна Зомби приказна каде што вие треба да преживеете, да откривате работи за што и како се случило, зошто е се ова вака, да се пронаоѓате себеси душевно и што уште не, уште одма треба да ве запрам и да ви кажам дека ова е само доколку имате желба да масакрирате Зомбиња! Доколку сакате Зомби игра со ‘екшли’ приказна зад себе што крие многу, листата е огромна и можете да бирате многу, овде е само “Fun, Gun and Run“. Позитивното е иако ѝ недостига раскажувачка суштина, оваа одисеја која се врти барем има многу смешно пишување и незаборавни ликови низ целиот свет, како и фактот дека и двете се целосно уништени дела во корист на Dead Island 2. Еден Quest е ме натера да барам лукав асистент на снимањето на хорор филм во кој има џиновски механички пајак кој плука киселина, додека еден Quest ме натера да убивам зомби на креативни начини во корист на влијателната мрежа на социјалните мрежи која сака да ја зајакне својата моќ. Бројните начини на кои девелоперите стручно се потсмевале на стереотипната суета и празнотија на поставката во Лос Анџелес, на најдобар начин потсетуваат на Лос Сантос на GTA 5!

Многу од постојаниот тек на смеа излегува од вашиот избран протагонист, кој најмногу се потсмева на сè и секого. На пример, ликот што најмногу го играв, Jacob, постојано ги доведуваше во прашање мотивите на зомби-кловнот кој демнеше карневал за деца. Е тука беше пуштање во гаќи колку беше тоа смешно. Сепак, едно од лошите страни е тоа што голем дел од фантастичните дијалози го нагазуваат NPC кои го користат истиот дијалог без разлика каков лик го играте. Доколку се потрудиле МНОГУ повеќе да направат се различно, оваа игра би имала стотици и стотици саати играње без престан! И верувајте немаше да здосади! Но сепак многу е тешко 1 комедија да нарпават, а не па 6 вкупно.

Во Лос Анџелес сте Алиса во Земјата на Чудата

Јас лично не сум бил во Лос Анџелес но благодарение на многу филмови директно од Холивуд, и многу игри, од прилика знам како изгледа градот и какви убавини крие тој град, но овде… Лос Анџелес е како да сте влегле во Земјата на Чудата, но ја нема Алиса и нејзините пријатели, туку имате многу повеќе ненормални карактери кои што пробувате да се зближите со нив, но сепак ако не го живеете тој стил не можете да го направите тоа. Светот иако не е преголем, и не е Open-World, навистина имате што да видите, имате премногу работи што можете да ги истражите и ќе уживате во секој момент што ќе го поминете на тие улици преполни со крв, напуштени Спортски Автомобили и мртви трупови. Истражувањето на светот е буквално Клучот за да видите што се случува и како се случуваат работите. При истражување на светот никогаш нема да го најдете ‘богатството на крајот од виножитото‘ ќе наоѓате само оставени работи како оружја, ѓубренца за поправка и некои други ситни работи, но сепак ако се најдете во момент кога ќе ги убиете сите зомбиња и почнете малку повеќе да ги истражувате деталите и истер-еговите кои што се оставени од девелоперите, навистина ќе уживате во тоа. Има премногу постери, знаци, графити, билборди кои што се со сатирична порака. Истражувањето нема да ве награди со буквално ништо, нема да го најдете лекот за стоп на апокалипсата, но срцето ќе ви биде наполнето од среќа. Добар момент е кога ќе најдете Лажна Инфлунсерска Куќа каде што е преполна со заебанции! Не ви правам спојлери, но тоа е нешто што мора да го видите и да се смеете како што треба!

Зомбињата како зомби се скоро сите буквално исти бидејќи сепак тоа е зомби, нема некој избор. Но сепак уникатноста ја имаат во тоа што сите некогаш биле луѓе и ја носат облеката или униформата на луѓето што некогаш биле. Многу е ретко да најдете ист карактер со истата облека што е многу добро бидејќи индиректно сфаќате дека светот живее, односно живеел. Најчесто ќе видите Полицајци, војнизи и доктори со исти облеки, но обични луѓе кои што се шетале на улица или биле туристи во Лос Анџелес, тешко е да најдете човек што ја има истата близа, истиот дуксер како некој што сте го виделе на почетокот од играта до крајот на играта.

Убавината на истражување исто така доаѓа од местата на кои што главната приказна ве води. Почнувате на местото со урнатиот авион и потоа продолжувате во прекрасниот Bel-Air. Никоја палата не е иста од внатрешен и надворешен начин. Убавината е тоа што ве водат и во Филмски Студија на холивуд каде што иако цело време ве напаѓаат зомибња и сакате само да продолжите понатака, повеќе ќе сакате да застанете во студиото каде што се снимал некој Сит-Ком или каде што се снимала некоја интересна сцена како например во Џунгла. Секое место каде што можете да одите е уникатно на свој начин. Можете да везете во некоја помала куќа и да потрошите повеќе време истражувајќи, но можете да влезете и во поголема палата каде што ќе ви е досадно цела да ја истражувате и сакате другите делови од мапата да ги истражувате. Целото истражување ќе ви зависи дали ќе сакате да ги терате Сајд-Квестовите кои што се навистина прекрасни и вредни за правење!

Мечови или Пушки?! Со што да Демолирете?!

Кога ја почнав играта мислев дека изборот на оружја ќе е ненормално голем и буквално со се што ќе видите фрлено на улица ќе можете да тепате. Не бев далеку од вистината, навистина се што видов на улица што можев да го искористам како оружје можев да го искористам и навистина ми помагаше, но на крај навистина се сврзувате само со одредени работи. Изборот на оружја е прилично голем… Ножеви, катани, чекани, токмаци, штрафцигери, метални цевки, Алати, безбол палки, обични даски, Мачети, буквално премногу и преголем избор! ИМА WOLVERINE РАКАВИЦИ! И секое оружје е уникатно на свој начин и секое е појјако од некое или е побрзо за користено од некое друго.

Многу интересно за оружјата е што можат да се прават многу интересни надградувања како например можете на катана да ставите опција за електро шокови или фрлање оган што многу ќе ви помогнат против непријатели. Доколку ставите опција за електро шокови, а под вас има вода, можете да удрите во земја и да ги шокирате неријателите. Но сепак тоа има е френдли-фајр, така да пазете што правите… Најдобро е да си најдете кое оружје најмногу ви лежи но ова е една од ретките игри каде што навистина ќе можете да го користите целиот асортиман на оружја, да уживате и на момемнти навистина повеќе да ви трема Меч него Чекан…

Комбатот е навистина досаден, репететивен и цело време си викате ова е нешто што требале да викнат луѓе што разбираат да им го направат како што треба. Цело време додека ја играв играта комбатот ми беше нешто што сакав да ја запрам и да не ја ни завршам од причина што работите што ги правите се ужасно досадни и не личат нешто како што некој човек навистина би ги правел. Да, секое оружје тепа на свој начин, односно има свои движења, но сепак е досадно за гледање. ОСВЕН ФИНИШЕРИТЕ!!!

Во секоја игра каде што има доволно забавен комбат, но има ФИНИШЕР, е тоа е нешто што одма те враќа во живот и за желба за играње. Така и во Dead Island 2, финишерите се работите кои што ме тераа да не ја запрам играта и сакав цело време да се тепам него да ја терам играта до крај… Смачкување на глава, сечење на раце, сечење на тело на половина, цепење на мозок, вадење на очи!!! Се е пред вас дури зумирано бидејќи е сепак во FPS, тоа е убавина за гледање! Нема ништо поубаво од тоа да фатите зомби и да го исечкате на мали коцки бидејќи сте му се вратиле како Федерер и толку сте го демолирале што се осеќа како да сте го вратиле во човечка форма!

Но сепак се е тоа убаво и забавно додека не сфаќате дека во играте имате и ПУШКИ каде што целиот комбат во буквална смисла тоне во вода! Иако пушките во играта прават многу повеќе DMG. за разлика од некоја безбол палка, сепак премногу се осеќа дека механиките за оружја се додадени во последен момент, и се додадени со мислење воопшто дали да има такво нешто. Сигурно се додадени само да не добијат комплименти во стилот “Зошто нема оружје, во Америка сме…”. Но сепак доколку ги немало навистина ќе било многу подобро. И кога ги имате сите тие Огнени уржја, секогаш ќе се вратите на Ладните Оружја. Во никој аспект не се добри, навистина се избрзани што не се ни осеќа никаков фидбек, многу лошо. Можеби многу добро работат во CO-OP делот кој што не го пробав, некој да пука а вие од блиску само да тепате.

Голем Хипстер кој расте во Шварцинегер!

Вие си почнувате како едно Хипстерче кое што многу дува, не го занима животот, имате доста пари, живеете во Лос Анџелес, и после катастрофата од тоа што вашиот авион се урива, вие полека растете со тоа што можете да го направите и како го правите, и во буквална смисла станувате Шварцинегер на крај од кога ќе се излевелирате до заби и ќе ставите се на макс, стварно станувате Зомби Демолишер.

Начинот на кој што се наградувате е секој левел добивате ‘Картички’ кои што имаат многу кул дизајн и колекционери на карти многу би се напалиле, и секоја Карта нуди уникатна работа. Некоја карта ви дава опција да можете да правите Dodge друга карта ви дава опција да имате Block. Втората опција скоро не ја ни пробав, Dodge механиката ми беше подобра и повеќе ми служеше. Картите работат на сите работи како например поголем Damage доколку направите временски Dodge, малку регенрација на HP доколку исто направите добар Dodge, на непријателите доколку им направите Клизач можете одма да ги бутнете и да им ја смачкате главата. Опцијата за надоградување е масовна со премногу карти. Доколку успеете да ги отклучите сите Слотови за Upgrades и да си одберете кои работи најмногу ви лежат, навистина можете да биде Шварцинегер!

Постојат дури и специјални опции во зависност од тоа кој лик го играте. Ако сакате да станете екстра чудни, добивате и пристап до натчовечки моќи – AoE или способност да навлезете во бесен бес и да ги раскинете зомбите со голи раце. Звучи лудо но сепак ретко ќе го искористите, масивни Cooldowns, но вреди!

Multiplayer делот НЕ работи како што мислите…

Во играта постои досадно правило според кое никој не може да се приклучи на вашата игра освен ако не е на истиот дел или понатаму во кампањата како вие, што значи дека ќе треба многу да се повлечете за да им помогнете на пријателите да ве фатат ако сакате да играте заедно – само за да мора повторно да го сторите тоа ако еден од вас биде пред другиот играч по линијата. Тоа е особено чудна одлука бидејќи не можам да замислам ниту еден развој на заплетот што е доволно значаен за да гарантира заштита од спојлери на овој начин. Multiplayer делот не го пробав, но кога дознав какво е правилото, сфаќам зошто.

Завршни зборови за Dead Island 2

Играта е Лос Анџелес во Земјата на Чудата каде што вие сте влезени во Б-Продукција на Филм каде што уживате од почеток до крај. Или подобро кажано некоја добра прошетка на ‘Walk of Fame’ каде што имате цел, ако сакате да ја прошетате целата улица мора да убивате зомбиња! Земете си ги вашите Wolverine ракавици, и едноставно уживајте во добра Зомби игра и не барајте влакно во јајце!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај од аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо (забележан преку IGN), компанијата наводно ги прекинува испораките на Apple Vision Pro во 2024 година.

Овој потег, наводно, ќе ги намали испораките на околу 450 илјади уреди, наспроти проектираните 800 илјади што ги очекуваа пазарните аналитичари.

Apple само што го лансираше уредот во февруари, и брзо акумулираше со мешани критики. Уредот вклучуваа над 200 наслови од Apple Arcade, како и поддршка за контролери. Сепак, уредот јасно даде приоритет на пробивање на нови терени во компјутерскиот простор наместо игри.

Скапичок уред…

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, изјави дека уредот ќе воведе нова ера на „Spatial Computing“. Но, пониските пратки подразбираат малку помал оптимизам.

Сепак, извештајот во март сугерираше дека Sony на сличен начин го паузира производството на уредот PSVR2 поради намалената продажба. Извештајот од Yijia Zhai објасни дека „високата цена на VR хардверот делува како главна пречка за неговото проширување“.

Уредот беше лансиран со висока цена од 3.499 долари… Ова е сосема поинаков простор во споредба со традиционалните слушалки за игри. Значи, ако компанијата навистина ги намали испораките, тоа можеби не мора да биде затоа што самите карактеристики се слаби.

Што понатаму?

Минатиот февруари, клучниот Xbox Podcast ги ажурираше фановите за плановите на Мајкрософт за идниот хардвер. Претседателката на Xbox Сара Бонд изјави дека „има некои возбудливи работи кои излегуваат во хардверот што ќе ги споделиме наскоро“.

Немаше спомнување за Xbox VR уред, иако можеби сè уште не е на одмет. Неодамнешните тврдења сугерираат дека Xbox прави прототип на мајчин рачен уред Xbox.

Apple Vision Pro