Новиот Gameplay Update на Dota 2! Пуштен Tрадиционално Сред Турнир!

Мислите дека ве бива во Dota 2? Дека ја имате научено играта? Пребројте се, уште еднаш, бидејќи сè што сте знаеле до сега, се смени за 180 степени. Во ситните часови на 21ви Април беше пуштен долгоочекуваниот Gameplay Update во Dota 2.

Добредојдовте во Update 7.33! За прв пат мапата на играта се зголемува и се додаваат еден куп нови работи. Ќе направиме неколку кратки прегледи на новите додатоци за секој дел, доволно за да имате нешто за кое што ќе го разговарате со другарите за да си правите нови тактитки како ги смачкате противниците во блиска иднина. Така што да почнеме…

Мапа

Мапата е пропорционално проширена од страните, односно додаден е дополнителен терен околу страничните шуми. Реката веќе не ја сече дијагонално мапата како што сме научени досега, туку е некако повеќе на средина. Roshan веќе нема да нè чека на река, туку ќе се појави на една од две локации што се на ќошевите од мапата. На кратко за Рошан, поtanky е и преработени се итемите што ги дава. На прво убивање класично дава само Aegis, на второто дава плус Cheese, а на третото, зависно од дали се појавил во северниот или јужниот дел, ќе даде или Refresher Shard или Scepter. Веќе нема да има Aghanim’s Shards.

На мапата ги имаме следните додатоци:

  • Twin Gates: два портала во близина на новите Rosh Pits, што дозволуваат телепортирање од една страна на мапата во другата, a la Pac Man стил
  • Lotus Pools: базенчиња што пуштаат овошја што даваат мана и здравје, кои што може да се стакаат.
  • Tormentors: после 20та минута се појавуваат пињати полни со Aghamin’s Shards кои што дефлектираат поголем дел од нападите и се надградуваат со секое следно оживување. Ако не го напаѓаш, нема ни да те нападне, ама дефинитвно ќе има мемиња околу ова.
  • Watchers: Неутрални вардови кои што може тимот да ги позајми на 7 минути, сè додека спротивниот тим не ги саботира. По убивањето на Roshan, овие вардови гледаат во насоката каде што бил убиен.
  • Defender’s Gates: безбеден backdoor пристап за влегување и излегување од база
  • Wisdom Runes: руни што се појавуваат во близина на базите што нудат XP boost на хероите што ќе ги земат
  • Shield Runes: нова руна што се појавува во река и дава 50% плус HP како штит
  • 12 нови неутрални кампови: manifesting jungling again
  • Нови Outposts: по две на секоја страна

Големи Гејмплеј промени

Universal Heroes

Сте слушнале за agility, strength и intelligence? А, дали сте слушнале за universal heroes? Во новиот апдејт, постои четврт атрибут што не преферира еден тип како што сме научени досега, туку ги преферира сите. За секој поен на било кој атрибут, универзалните херои ќе добиваат 0.6 damage.Универзални херои се Abaddon, Bane, Batrider, Beastmaster, Brewmaster, Broodmother, Chen, Clockwerk, Dark Seer, Dark Willow, Dazzle, Enigma, Io, Lone Druid, Lycan, Marci, Magnus, Mirana, Nyx Assassin, Pangolier, Phoenix, Sand King, Snapfire, Techies, Timbersaw, Vengeful Spirit, Venomancer, Visage, Void Spirit, Windranger и Winter Wyvern .

Обновен Black King Bar

При активирање на BKB добиваш basic dispell, 50% magic resistance и debuff immunity; што значи дека додека си имун не добиваш debuffs. Исто така додека трае имунитетот, се негира pure и reflected damage. Сите debuffs што поминале преку периодот на имунитет, се враќаат по истекувањето. 

Промени во Neutral Items

Наместо да добиеш item по убивање на неутралци, добиваш токен што можеш да го замениш за еден од пет понудени опции. Токените може да се трампаат, ама не можеш item-от.

Тековно подобрување на неутралците

Неутралните крипови се појачуваат со тек на време. Како што тера играта, неутралците добиваат појаки спелки и се појаки. Enchantress, Beastmaster и сите останати љубители на зоолошки градини, like this.

Променета формула за убиства и намалени stuns

Повеќе вредност имаат убиствата на хероите наспроти останувањето да фармаш во lane до 30та минута. Додека сите disables во играта се преработени т.е. нмалени; така што отворете си ги подетално промените за вашите херои.

Муерта доби Scepter и Shard upgrades и е конечно додадена во Captain’s Mode. Со тоа, херојот е избалансиран „соодветно“ за да може да почне да се игра во професионални игри. Другио херои кои што претрпуваат поголеми промени се: Clinkz, Arc Warden, Ogre Magi, Medusa и Alchemist.

Нови Items (нови нови нови год)

Blood Grenade (65) – AOE 50 damage при фрлање што резултира во -15% успорување на хероите што ќе бидат поткачени и 15 damage во секунда со времетраење од 5 секунди и +50 HP како пасивен атрибут.

Diadem (1000) – чисти +6 на сите атрибути

Cornucopia (1200) – +5HP/+2 мана ренерација и 7 damage

Pavise (1400) – фрли штит на пријател што апсорбира 300 damage и трае 8 секунди и +3 armor, +2.5 мана регенерација и 175 HP

Phylactery (2400) – следниот unit target спелка што ќе ја пуштиш додава 125 damage на метата и ја успорува за 50% во следните 1.2 секунди и +200 HP, +200 мана и +7 на сите атрибути

Harpoon (4500) – Meat Hook сите што сакаат да бидат Pudge, повлечи го непријателот на 35% од целосното растојание помеѓу него и тебе или влези му во фаца ако си меле херој. Бидејќи се надградба на Echo Sabre, овој item ја повлекува и неговата пасивна и има +15 Attack Speed, +15 damage, +20 strength, +10 agility, +16 intelligence и +2 мана регенерација.

Disperser (5700) – во основа Diffusal Blade со Demon Edge, успорува непријатели за 4 секунди со почеток од 100% успорување кон 0. Доколку се каста на пријател прави basic dispel и ги убрзува за 100% во првите 4 секунди и не може да бидат успорени. На ова имаме и +20 agility, +10 intelligence и +45 damage.

Нови неутрални Items 

Duelist Gloves  (T1) – +15 attack speed сè додека имаш непријател во радиус од 900 единици и + 10 damage

Spark of Courage (T1) – +10 damage ако имаш над 50% HP и +5 armor, ако паднеш под 50%

Gossamer Cape (T2) – автоматски dodge на удар, пасивна на 5 секунди што се обновува и +20 movement speed

Defiant Shell (T3) – контра удар, пасивна на 5 секунди што се обновува со +5 armor и +7 на сите атрибути

Vindicator’s Axe (T3) – +30 damage ако си silenced и +15 armor ако си stunned +25 bonus attack speed

Dandelion Amulet (T3) – на секои 12 секунди блокирај до 300 magic damage, сè додека е над 75 damage и 25 bonus movement speed и +300 bonus mana.

Martyr’s Plate (T4) – распредели 20% од целосниот напад низ пријатели што се во радиус од 900 во следните 8 секунди и +20 magic resistance

Обновен систем на MMR, подобрено калибрирање, сменето додавање и губење на ранк, наградување на активните играчи без пукање во колено на старите, нов систем на immortal matchmaking и еден кул други подобрувања можете да ги прочитате на официјалниот вебсајт: https://www.dota2.com/newfrontiers

Овој апдејт нема крај, така што е добро тоа што имаме викенд пред нас да пцуеме на раат за све што не ни чини околу Дота.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Проектот и серијата Secret Level беа претставени на неодамнешната церемонија на Gamescom Opening Night Live, при што студиото Blur ги дигна стандардите за амбициозниот проект кој вклучува неколку препознатливи франшизи. Secret Level е анимирана серија во која секоја епизода е заснована на различна игра: God of War, Unreal Tournament, Warhammer итн.

Во последните неколку месеци на интернет се појавуваа неколку тизер трејлери, но неодамна протече еден поголем трејлер кој што ни откри неколку клучни членови на актерската екипа.

Гејмингот владее во Холивуд

Протечениот трејлер за Secret Level, кој се појави на еден Телеграм сервер, прикажува повеќе од франшизите што најдоа место во проектот. Тоа е долга листа, а потенцијалот на Secret Level е речиси неспоредлив – има толку многу серии на видео игри од кои може да се извлече за да се насели универзумот.

Во трејлерот се откриваат вокалните таленти на неколку актери од висок профил:

  • Arnold Schwarzenegger
  • Patrick Schwarzenegger
  • Kevin Hart
  • Heaven Hart
  • Keanu Reeves
  • Gabriel Luna
  • Arianna Greenblatt
  • Adewale Akinnuoye-Agbaje
  • Michael Beach
  • Emily Swallow
  • Claudia Domit

Еве еден од претходно објавените трејлери за Secret Level:

Не ни треба долго да чекаме додека готовиот трејлер не биде објавен на интернет – самото шоу ќе биде премиерно прикажано на Prime Video на 10 декември и ветува дека ќе понуди малку нешто на сите, без оглед на видот на игрите во кои уживате.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!