Genshin Impact наднимала приход од $3 милијарди

Кога за прв пат беше прикажана Genshin Impact, Nintendo фановите многу тешко ја прифатија играта. Штандовите на PlayStation од играта беа натрупани со гејмери кои што ја напаѓаа дека е многу инспирирана од Zelda: Breath of the Wild, до степен што PlayStation сакале да направат Zelda но за нивните конзоли. Многу од сликите може да ги погледнете ТУКА. Сепак, кинескиот развивач miHoYo е тој што беше “кој последен се смее најслатко се смее”, бидејќи беше објавено дека верзијата за телефони си собира околу $1 милијарда приход на секои шест месеци! Имајте на ум дека ова е одвоено од она што го заработува на PC и на конзолите. Причината за тоа е што многу повеќе гејмери трошат пари преку телефон за разлика од PC и PlayStation. И интересно е што многу повеќе е играта преку телефони.

Sensor Tower, кој ги разбранува бројките, објаснува: „По објавувањето на играта низ целиот свет, на играта и беа потребни 171 ден за да ги генерира своите први 1 милијарда долари на мобилни телефони, не вклучувајќи го трошењето преку продавници за Android од трети страни. Потоа беа потребни дополнителни 195 дена за да се акумулираат дополнителни 1 милијарда долари – што резултираше за играта да заработи 2 милијарди долари само во првата година. Genshin Impact ја премина пресвртницата од 3 милијарди долари 185 дена подоцна, што значи дека играта има просечен приход од 1 милијарда долари на секои шест месеци, што ја прави една од најуспешните мобилни игри на сите времиња.”

Иако бројките на конзолата се веројатно многу пониски, би можеле да ризикуваме дека и тие да бидат сè уште импресивни, што можеби на некој начин објаснува зошто Sony се толку опседнат со овие игрис. Шефот на PlayStation, Џим Рајан, минатата година навести дека неговата компанија ќе приспособи дел од својата најголема интелектуална сопственост на мобилните телефони, и гледањето на ваквите бројки, изгледа како паметна инвестиција.

Сосема очекувано, Кина е земјата од која доаѓаат најмногу приходите за играта. Ова има смисла бидејќи програмерите зад Genshin Impact, MiHoYo, се базирани таму. Јапонија и САД се на второто и третото место соодветно. Значи, оваа вест веројатно значи дека нивните извори на приходи се дури и повисоки отколку што се пријавени бидејќи овде не се земаат предвид платформите PS4, PS5 и PC. Тие, исто така, посочија дека наскоро ќе излезе (треба да излезе) Switch верзија. Што значи дека тие веројатно ќе заработат уште повеќе пари откако ќе бидат објавени.

Ова е прилично позитивна вест за компанијата, која неодамна мораше да го одложи ажурирањето на Version 2.7 на неодредено време. Така, иако тоа сигурно ќе доведе до пад на приходите на претпоставениот краток рок, бидејќи работите ќе се средат во Кина. Тие сигурно имаат повеќе од доволно пари за да лебдат во ова време. Genshin Impact е бесплатна за PC (преку Epic Games Store и официјалната веб-страна), PlayStation 4, PlayStation 5, Android, iOS, а наскоро доаѓа и на Nintendo Switch.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.