Trek to Yomi – Kurosawa Mode од Почеток до Крај

Trek to Yomi е стилски сајд-скролер на самурајски слешер кој што можеби ќе ве остави без зборови од колку добро изгледа се тоа, или можеби брзо ќе ви се смачи од фактот што се работи за целосно црно-бела игра. Приказната која е сместена за време на EDO периодот во Јапонија „Trek to Yomi“ ја доловува феудалната Јапонија со црно-бел филтер кој потсетува на класичната самурајска кинематографија – особено на филмовите на легендарниот режисер Акира Куросава. Речиси секој момент во Trek to Yomi може да биде една добра фотографија која може да ја ставите како позадина на вашиот десктоп.

Trek To Yomi ја раскажува приказната за младиот самурај по име Hiroki, чие село е нападнато од бандити кога тој е само мало ронинче. Интересно е што иако е мал и уште вежба, го спасува селото и го спасува денот! Во еден момент приказната иде малку во иднината, тој станува постар и иде во ново патешествие. Бандитите се враќаат повторно да го нападнат селото, но овој пат завршува катастрофално. Градот е запален, неговата сакана никаде ја нема, а самиот Хироки е протресен и буквално не знае што да прави. Доколку сакате добра приказна, не се радувајте многу. Ќе добиете кратка приказна и гејмплеј што ќе го завршите во едно седнување, и ќе сфатите дека класична приказна која што сме ја виделе низ многу филмови и многу игри. Приказната можеби е тоа што е најразочарувачкото нешто во целата игра. Имате еден што мисли дека е многу голем херој, оди на големо патешествие и со тоа ја раскажува приказната. Колку пати сте го слушнале и доживеале ова?

AKIRA KUROSAWA БИ СЕ ГОРДЕЕЛ

Пред да почнеме да збориме за било што околу играта мора одма да го разглобиме “филтерот”. Можеби е многу навредливо да се каже дека играва има филтер. Доколку збориме за Ghost of Tsushima кога ќе се уклучи Kurosawa Mode тоа може да се смета за филтер, овде е нешто многу повеќе од тоа, овде е ремек дело. Сите ќе се сложиме дека во Ghost of Tsushima на никој не му беше мерак да игра со Kurosawa Mode, а не па да ја помине целата игра на тој начин, односно со тој филтер. Многу пречи и при самото играње и се осеќа како да се игра друга игра, но која што не е доволно забавна. Во Trek to Yomi тие работи се целосно победени и подобрени. Овде се си има смисла зошто е црно-бело, и зошто филмовите на Куросава до денес се останати како ремек дела во кинематографијата. Осветлувањето, начинот на секоја сцена како е прикажана, брзината на движењето на карактерот, буквално ништо не доведува до момент да се каже “барем малку боја да имаше овде, или, ме интересира ова како би било во боја”. Од самиот почеток до самиот крај на играта се осеќа како да се гледа филм од Акира Куросава. Целата естетика во секое ќоше е Јапонска естетика, Loading Screens се целосно напишани на Јапонски, облеката и оклопите на непријателите се направени до перфекција. Доколку сте фанови на самураи и феудален Јапан нема никогаш да кажете дека нешто ви фали (можеби и ќе кажете доколку навистина нешто ви фали).

ВРВНА ФИЛМСКА КАМЕРА

Движењата на камерата во играта се работите кои што ја дополнуваат дополнително естетиката на играта да биде уште подобра. Играта не е целосен платформер, на одредени места може карактерот да се движи на целата широчина, но поглемиот дел од играта е одење лево-десно. Но сепак камерата низ текот на целата игра се движи цело време филмски. Скоро никогаш камерата не е залепена на карактерот и како се движите вие, камерата само ве следи. Можете да отидете многу далеку на одреденото место од стазата и на самиот крај да се смени сцената, односно да се смени позицијата на камерата, тоа ја прави целата естетика да е максимално филмска и како да е повеќе филм а не баш игра. Многу тешко да се раскаже точно како работи се ова, многу е подобро да се искуси целото ова.

КОМБАТОТ Е ПРЕКРАСЕН, НО МНОГУ ЕДНОСТАВЕН

Се чувствувате многу смртоносно, способни сте да ги пресечете повеќето непријатели со неколку замавнувања со катаната, и тоа одма ви кажува дека комбатот е прелесен или што би се рекло “A Piece of Cake”. Непријателите кои што носат оклоп не се толку лесни за убивање, бидејќи тие се способни да претрпат поголема штета, но и они можат да се победат на многу лесен начин. Непријателите кои што користат копја личат дека се најтешки, но сепак повторно како сите други се лесни за убивање. Едноставно комбатот иако изгледа дека е тежок, всушност е многу лесен и едноставен за учење. Во рок од 10-15мин. мислите дека сте најјакиот Ронин во Јапан. Многу голем проблем во играта е што убивањето на непријателите не е ни малку задоволувачки! Кој играл Ghost of Tsushima знае дека секое убиство на непријател си има своја страст, тежина и уживање, и кога ќе се убие некој ви се полни душата. Овде нема ни 1% од тоа… Сето тоа резултира во борбата да добива чуден ритам додека едноставно се спротивставувате, напаѓате и потоа повторувате, без разлика со кој тип на непријател се соочувате. Едноставноста на комбатот доаѓа по учење само на неколку напади, а факт е дека нема никој од тие напади да ги искористите правилно. Едноставен комбатот до одреден степен можете само да стискате копчиња, и ќе мислите дека многу јако сте го испосекле непријателот.

Има малку суштина и надвор од борбата. Барањето алтернативни патишта во играта за каде да одите и каде да шетате, може да доведе да направите “Environmental Kills” – да сечете јаже за да паднат трупци на некои бандити кои седат околу некој оган, на пример, или да отворите брана за водата да ги одведе сите непријатели. Овие работи ја прават играта да не мора директно цело време да се борите со непријателите, скоро секогаш може да ги заобиколите. Иако многу од работите како сајд-квестови изгледаат максимално филер и обично не прават ништо ни се задоволни, овие работи ја прават играта малку повеќе уникатна.

Исто така, постои само една единствена рудиментирана загатка, каде што треба да погледнете три канџи (Јапонски Букви/Карактери) и потоа правилно да ги редите во круг, што се користи повеќе пати. Има одреден степен на предизвик во тоа да морате да правите разлика помеѓу различни симболи. Не е ништо сериозно, но сепак дава некој шарм дека сте Ронин и знаете да читате Јапонски Симболи.

БОСОВИТЕ СЕ ИЗЛЕЗЕНИ ОД SOULS ИГРИТЕ

Борбите со босовите се исклучок од ветровитата борба која што ја има во текот на целата игра. Тие воведуваат непријател кој не може едноставно да се обезглави во еден момент, односно да се исечка на парчиња со еден или два удари. Овие “шампиони” мора да се проучат за да можете да смислите стратегија за преживување на нивните напади и внимателно да им се спротивставите. Тешко дека ќе ги победите од прва. Босовите беа причината за голем број од моите умирања во текот на играњето, бидејќи тие се еден од единствените делови што ме принудија да ги измешам моите стратегии. Овде го нема моментот на стискање копчиња и да мислиш дека си направил нешто многу јако. Во буквална смисла босовите се како да се излезени од некоја Souls игра. Нормалните човечиња и непријатели се едноставни и ништо сериозни, но кога ќе дојде главниот те шамара без око да му трепне. Сите искусивме периодов како иде Elden Ring и ова е многу слично на тоа. Доколку босовите во оваа игра не беа добри или не беа баш вака тогаш играта ќе беше многу голем фејл. Браво за тој што му текнало за ова.

Непријателите во играта не се во голем број, и немаат некоја голема уникатност, од почетокот до крајот на играта ќе се борите со скоро истите непријатели, и во вистинскиот свет и во подземјето. Во длабочините на подземјето, кое е исполнето со реки обложени со черепи и стапици кои ја менуваат формата, се справувате со духчиња кои не се далеку од обичните луѓе на површината. Има некој што фрла со ножеви и некои кои се телепортираат да ве заебава дека не можете да го убиете и некои такви, но сепак никогаш не сте задоволни.

ИГРА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРОБА

И како за крај да кажеме завршни зборови. Ова не е игра што треба да очекувате многу. Погоре се ви е кажано што се случува и како се движи. Сепак играва е само $20, за таа цена можеби нема да бидете максимално задоволени и можеби нема да го добиете тоа што го барате, сепак тоа е нешто што вие самите сте го смислиле и го очекувате, но за цената добивате се што е потребно. Играта можете исто така да си ја симнете од XBOX GamePass за ако сакате да заштедите малку пари. И дополнително девелоперите Flying Wild Hog не се нови во индустријава, скоро сите нивни игри ја фураат ова ѕверска тематика. И како за крај играва е стварно кратка, за 5-6 часа ја завршувате цела од почеток до крај…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Според новиот извештај од аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо (забележан преку IGN), компанијата наводно ги прекинува испораките на Apple Vision Pro во 2024 година.

Овој потег, наводно, ќе ги намали испораките на околу 450 илјади уреди, наспроти проектираните 800 илјади што ги очекуваа пазарните аналитичари.

Apple само што го лансираше уредот во февруари, и брзо акумулираше со мешани критики. Уредот вклучуваа над 200 наслови од Apple Arcade, како и поддршка за контролери. Сепак, уредот јасно даде приоритет на пробивање на нови терени во компјутерскиот простор наместо игри.

Скапичок уред…

Извршниот директор на компанијата, Тим Кук, изјави дека уредот ќе воведе нова ера на „Spatial Computing“. Но, пониските пратки подразбираат малку помал оптимизам.

Сепак, извештајот во март сугерираше дека Sony на сличен начин го паузира производството на уредот PSVR2 поради намалената продажба. Извештајот од Yijia Zhai објасни дека „високата цена на VR хардверот делува како главна пречка за неговото проширување“.

Уредот беше лансиран со висока цена од 3.499 долари… Ова е сосема поинаков простор во споредба со традиционалните слушалки за игри. Значи, ако компанијата навистина ги намали испораките, тоа можеби не мора да биде затоа што самите карактеристики се слаби.

Што понатаму?

Минатиот февруари, клучниот Xbox Podcast ги ажурираше фановите за плановите на Мајкрософт за идниот хардвер. Претседателката на Xbox Сара Бонд изјави дека „има некои возбудливи работи кои излегуваат во хардверот што ќе ги споделиме наскоро“.

Немаше спомнување за Xbox VR уред, иако можеби сè уште не е на одмет. Неодамнешните тврдења сугерираат дека Xbox прави прототип на мајчин рачен уред Xbox.

Apple Vision Pro