Поранешниот Креативен Директор на Battlefield “Lars Gustavsson – Mr. Battlefield” основа ново студио

Lars Gustavsson, поранешниот креативен директор на игрите Battlefield од DICE и – многу поважно – човекот што порано го нарекуваа „Mr Battlefield“, има ново студио. Претставено утрово, TTK Games е ново студио со седиште во Стокхолм, кое работи на „нова, next-gen online shooter“.

Може ли таа нова игра да земе некои детали од Battlefield? Кој може да каже… Ќе поминат години додека не го видиме на дело, но можеби ќе можеме да сфатиме нешто од останатите основачи на ТТК. Придружувајќи се на Gustavsson како коосновачи се:

  • Daniel Berlin, поранешен водечки World дизајнер и дизајнерски директор на повеќето Battlefield игри
  • Vidar Nygren, поранешен технички директор на Battlefield и човекот кој го водеше развојот на Frostbite енџинот на EA
  • Peter Hoyles, поранешен уметнички директор на студиото за DICE LA и уметник на повеќе игри од серијалот на Battlefield

Сите овие 4 коосновачи ќе тераат кон една цел… Или ќе направат нова слична игра на Battlefield која ќе биде подобра од тоа што го има сега, или едноставно се згадени од целата таа франшиза и сакаат да направат нешто сосема ново.

ТТК велат дека имаат обезбедено „значително финансирање“ за своите проекти, што секако звучи убаво, и вели дека ја задржала и својата „креативна слобода“.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.