Креаторите на Metroid Dread – Mercury Steam работат на две нови игри

Девелоперите на Metroid Dread, Mercury Steam, работат на два целосно нови и ненајавени проекти.

Тоа е според најновиот финансиски извштај од Nordisk Games, која поседува малцински удел во развивачот. Според документите, студиото работи на „два големи необјавени наслови“. Веројатно е дека една од игрите за кои се споменува е Fantasy игра која што е во колаборација со 505 Games, чии детали допрва треба целосно да се споделат. Сепак, идентитетот на вториот наслов не е познат.

Играта која што е со Codename – Project Iron, треба да е мултиплатформска фантази игра која има почетен развојен буџет од 27 милиони долари.

“We are thrilled to work with the team at MercurySteam, a proven studio that over the years has created numerous phenomenal IPs – including the recent hit release Metroid Dread in partnership with Nintendo.

With MercurySteam’s creative vision and talent and 505 Games extensive experience, gamers can expect a high-quality, captivating and engaging videogame.”

Изјава од Raffi и Rami Galante, co-CEOs на Digital Bros

Извршниот директор на MercurySteam, Enric Álvarez неодамна даде интервју во кое разговараше за успехот на Metroid Dread и тоа дека работата со Nintendo била „хаотична“. Зборувајќи за Gamereactor Álvarez зборуваше за соработка со издавачот на франшизата на Metroid.

“We have an excellent understanding of each other. It’s fair to say that over time we became friends. And they are super talented people, super hard-working people. They have a work ethic that is unbeatable. And they are open to accepting new ideas and trying them.”

Enric Álvarez за Gamereactor

Во 2021 година се тврдеше дека развојот на играта бил „хаотичен“, меѓутоа, како одговор на ова, Алварез го посочи успехот на играта како демант. Metroid Dread е најпродаваната игра на франшизата. Иако податоците за јавните продажби за целата серија на Metroid е тешко да се добијат – на крајот на краиштата, тие се стари 35 години – ниту еден наслов на Metroid никогаш не бил пријавен да продаде повеќе од 3 милиони копии. Retro Studios во 2007 година тврдеше дека Prime 1 продаде над 2 милиони копии.

Серијата Metroid историски се бореше да се продаде добро во споредба со другите франшизи на Nintendo, но Dread беше поддржан од силна маркетинг кампања, вклучувајќи истакнати ТВ реклами.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Мајкрософт објави дека три нови игри ќе се приклучат на Xbox Game Pass во текот на следната недела. Но сепак некои работи кога доаѓаат, повеќе треба и да си одат. Овој пат од Xbox Game Pass си заминуваат 9 игри, од кои што сите се добри.

Најголемите игри – што се однесува до озлогласеноста – што наскоро ќе го напуштат Xbox Game Pass се Valheim и Gotham Knights. Сепак, тоа не се единствените истакнати наслови што се отстранети.

Целосната листа од деветте игри е:

  • Gotham Knights (Cloud, Console, и PC)
  • Let’s Build a Zoo (Cloud, Console, и PC)
  • Loop Hero (Cloud, Console, и PC)
  • My Time at Portia (Cloud, Console, и PC)
  • PAW Patrol Grand Prix (Cloud, Console, и PC)
  • Phoenix Wright: Ace Attorney Trilogy (Cloud, Console, и PC)
  • The Walking Dead: The Complete First Season (PC)
  • The Walking Dead: Season Two (PC)
  • Valheim (Cloud, Console, и PC)

Нема конкретен датум кога игрите ќе бидат отстранети. Што се однесува до образложението, тоа веројатно се должи на различни договори за лиценцирање кои истекуваат помеѓу Мајкрософт и издавачите. Оние кои сакаат да продолжат да ги играат може да ги купат за ажурирање со 20% попуст.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!