Dr. Disrespect го продава влезот за BETA тестот на неговата игра во форма на NFT

Доколку не ви се допаѓа концептот на NFT во гејминг индустријата, големи се шансите дека уште помалку ќе ви се допаднат кога ќе видите дека еден од најпопуларните стримери планира да го вклучи NFT концептот во својата игра. Мега контроверзниот Dr. Disrespect по трајна забрана од страна на Twitch основал сопствено студио за развој и креација на игри, и подготвува multiplayer шутер што се планира наскоро да ги видиме првите информации па дури и да започне BETA верзијата на играта.

Сепак, принципот на развивање на неговата игра ќе биде малку поинаков од класичниот ран пристап каде што ја купувате играта и можете да му предложите на развивачот како да ја развие и креира понатака. Тимот на Dr. Disrespect ќе го продава пристапот на BETA тестот на играта во форма на NFT… Но ни тоа не е целата приказна… Имено, за $50 ќе продава да се купи шанта за тестирање на играта како NFT. Нема да ја продаде самата игра, ниту пристапот од играта, туку шансата за пристап до играта во развој. Кои за $50 можеби нема ни да ги добиете. Но, ако го добиете, по еденмесец ќе можете да го продадете на некој друг – затоа што е во форма на NFT.

Можноста за пристап до BETA тестот ќе биде споделена врз основа на повеќе критериуми. Ќе се види кога корисникот ќе се приклучи на заедницата, колку е активен на серверот на Discord, колку е активен во играњето и каква визија има што го прави добар PvP играч. Сепак, штом играта ќе биде лансирана, пристапот кон неаа ќе биде класичен. Ова е само за они кои сакаат да учествуваат во развојот на самата игра, или едноставно можност за ран пристап до играта.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.