Assassin’s Creed Mirage треба да ја видиме во август 2023

Иако веќе знаеме дека следната игра од серијалот на Assassin’s Creed треба да го видиме во 2023 година, новиот извештај наведува дека Assassin’s Creed Mirage е планирана да излезе во август 2023 година. Но сепак ова не е ништо официјално, само се одредени протекувања кои што се појавија на интернет!

Причината зошто овие протекувања се случија е бидејќи играта до сега е целосно откажувана два пати од страна на студиото, според Insider Gaming. Очигледно Ubisoft планирале насловот Back-To-Basics да излезе баш на почетокот на следната година. Не беа забележани специфики за задржувањата, иако Assassin’s Creed Mirage е предвидена за хардвер од сегашната генерација (PS5/XBOX Series X). Ограничувањата на тие платформи би можеле да предизвикаат главоболки за развој на старите генерациски конзоли. Но, тоа се шпекулации во овој момент.

Поминаа повеќе од две години од лансирањето на Assassin’s Creed Valhalla, голема празнина за франшизата. За да се пополни тоа време, последното ажурирање на играта се одликува со поврзување со Assassin’s Creed Mirage. Ubisoft, исто така, веќе прави Pre-Purchases за Mirage. Стандардното издание чини 50 долари, а најскапата опција се продава за 150 долари.

Гледајќи подалеку, Ubisoft има големи планови за франшизата со Assassin’s Creed Infinity. Но, пред тоа, Assassin’s Creed Mirage може да биде фантастично враќање на корените на серијата. И Bungie објави соработка помеѓу Destiny 2 и Assassin’s Creed Valhalla што ќе види кросовер козметика во двете игри почнувајќи од 6 декември.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”