Некои игри ви кажуваат сè што треба да знаете во насловот, и тоа е веќе стандард во изминативе декади на гејмингот. Доколку не можете да се сетите на некоја таква игра одма ќе ви го дадеме најдобриот пример – Don’t Starve. Тоа е игра за тоа како треба да јадете за да живеете… Многу конкретно нели. Играта Don’t Scream е исто таква, само што има дополнителен слој на предизвик. Тоа е хорор игра каде што, ако врескате во реалниот живот, играта започнува одново… Или на друг начин ова е Хорор игра која што има некој елемент на Soulslike. Ако умрете, тогаш од ново. Односно ако викнете, тогаш од ново.
Се разбира, тоа значи дека ви треба микрофон за да го репродуцирате вашето викање/врескање. Како што објаснува страната на Don’t Scream на Steam, „Морате да го калибрирате вашиот микрофон во играта, така што секое пискање, скокање или дури и мало чкрипење ќе биде регистрирано како крик, зголемувајќи го предизвикот“. Тоа не значи дека не можете да испуштате бучава – прифатливо е ниско зборување – но дури и „тивкото здивнување“ се смета за неуспех. „Можете да ја заобиколите калибрацијата за да викате преку стравови“, објаснуваат девелоперите, „но тоа ќе ја расипе возбудата. За вистинско хорор искуство играјте како што е дизајнирано“.
Don’t Scream има за цел да реплицира хорор филм од пронајдена снимка како The Blair Witch Project, само со траење од 18 минути наместо 81. Ја истражувате плашливата шума Pineview со камера, а тајмерот се намалува само кога се движите. Очигледно ќе има „десетици динамични стравови“ за да ја тестираат вашата храброст на патот.
Што ќе се случи ако стигнете до крајот на 18-минутното траење? Со оглед на тоа што „Don’t Scream“ очигледно нема „приказна“ туку многу „познание“, не очекувам дека ќе има многу до нејзината кулминација надвор од последниот скок и достигнување на Steam, но се работи за патувањето, а не за дестинацијата, како што сакаат да објаснат неверојатно заморните луѓе.
Don’t Scream ја прават двајца инди-програмери кои се од Joure & Joe. Предвидено е да се пушти во Early-Access на 27 октомври оваа година, а девелоперите планираат да додадат повеќе стравови, проширени информации, опционални цели и повеќе во текот на своето време во Early-Access.