Еве како фановите на Dungeons & Dragons можат да ја играат новата авантура на Critical Role онлајн

Фановите на D&D и Critical Role кои што немаат регуларна група ќе бидат задоволени на друг начин. Dungeons & Dragons Adventure’s League, е организираната програма за играње на Wizard of the Coast која ќе ги води играчите низ целата приказна за Critical Role: Call of the Netherdeep. Новиот авантуристички модул е моментално во фаза на адаптирање, а сесиите ќе започнат од 18ти март.

Најновата итерација на D&D Adventure’s League ја води Baldman Games. Тоа им овозможува на играчите да платат номинален надомест (во моментов е $15) за да обезбедат место на масата за четиричасовна сесија предводена од вешт DM. (Dungeon Master). Основачот David Christ го предвоедеше плаќањето преку интернет во 2020 година, носејќи ја целата програма на различни виртуелни маси, вклучувајќи ги Roll20, Fantasy Groups и Foundry VTT. Лигата се уште оди силно, со голем ел од нејзината активност организирана на платформата Discord.

Целата приказна (книга/кампања) содржи 224 страни која што креаторите им предлагаат на сите да ја проделат приказната во доста одредени сесии кои што ќе траат по 4 часа. Сите тие сесии ќе си имаат свој почеток, средина и крај.

Резултатот од се ова е што се добива D&D игра која не е толку отворена како оние што може да ги играте дома со пријателите или вашата група. Играчите не се охрабруваат да талкаат од главната приказна, главно поради потребата да се заокружат работите навреме и да се подготват играчите за следниот дел од кампањата. Но, придобивката е што не ви треба редовна група за да ја доживеете целата приказна. Можете да се појавите сами на масата со вашиот лик и да знаете дека сите останати што ви се придружуваат се спремни да го задржат наративното движење.

Пријавувањата се отврени сега на The Yawning Portal, официјалната онлајн алатка за регистрација за D&D Adventure’s League. Оние кое започнуваат на Level 1 можат да се пријават за авантурата “Frozen Stick” за да започнат веднаш. Наскоро ќе бидат обезбедени опции за приклучување на играчите на повисоки нивоа. Одете во Baldman’s Discord за повеќе информации, вклучитено и список на книги и правила што ќе бидат дозволени за градење на вашиот карактер.

Дали сте фанови на D&D и Critical Role? Пишете ги вашите миселења за оваа кампања во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.