Game of Thrones: The Rise of The Dragon – Новата книга од серијалот на George R.R. Martin

“An Illustrated History of the Targaryen Dynasty” 

Пред претстојната prequel/spin-off ТВ серија ‘House of The Dragon’ креаторот на ‘A Song of Ice and Fire’ George R.R. Martin најави дека е во припрема илустирана историја која што ќе се фокусира на династијата на Targaryen. The Rise of The Dragon треба да биде објавена и да излезе во октомври оваа година. HBO претходно потврди дека House of the Dragon исто така ќе започне да се емитува оваа година, но за жал се уште не се знае официјлната дата кога би можеле да ја добиеме серијата.

За фановите кои се прашуваат која е разликата во The Rise of The Dragon и претходно објавениот Fire & Blood, за среќа има многу интересен одговор кој го даде George R.R. Martin на неговиот блог.

Замислете го The Rise of The Dragon како луксузна референтна книга во која најозлогласеното семејство од Вестрос, и нивните змејови, оживеале од страна на фантастични артисти. Fire & Blood беше напишана како велемајсторска приказна за настаните од освојување на Весторс од страна на Aegon Targaryen до злогласниот Dance of The Dragons, граѓанската војна која речиси го поништи владеењето на Targaryen. Подемот на змејот ќе го покрие истиот временски период.

Дел од блогот на George R.R. Martin

Мартин претходно го користеше својот блог за да ја потври продукцијата и спремањето на House of The Dragon која е веќе завршена и дека тој всушност видел мали исечоци на некои од епизодите и покрај тоа што треба да се заврши поголемиот дел за серијата. Авторото го одговори и она што без сомнение би го прашале фановите, а тоа е кога би била премиерата на серијата. Мартин на ова прашање немаше одговор, но затоа CEO на HBO го изјави следново:

Типично кажано, сакам да имам пристап каде што ќе зборуваме за тоа како би можела да изгледа втората сезона и ќе зборуваме за сценарија. Ние сакаме да гледаме како функционира серијата. Тоа, ако се обложувам би рекол дека има прилично добра снимка бидејќи House of The Dragon ќе добие втора сезона. Ние сакаме работите да се емитуваат и да ни дадете малку време.

HBO Programming Head – Casey Bloys

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN