Loopmancer – Детективот од Cyberpunk е заглавен во Groundhog Day

Во 2020 година излезе играта која што многумина ја чекаа со години, до тој степен што девелоперите мораа да ја издадат премногу рано и испадна еден од најголемите флопови во историјата на гејмингот (за некој и најголемото разочарување). Таа игра се вика Cyberpunk 2077 која што денес е многу подобрена, но сепак луѓето што ја чека веќе го немаат истиот жар во нив да ја играат како што треба. Не е перфектна, но е многу подобра. Но интересно е тоа што иако Cyberpunk 2077 не помина баш добро, жанрот “Cyberpunk” стана многу голем мејнстрим и гејмерите максимално бараат повеќе игри со таков жанр и сместени во таков свет, во таква иднина!

Излегоа игри како The Ascent и Ghostrunner, сепак не влегоа во некој спотлајт да бидат дознаени и играни од многу луѓе и да добијат големи фан бази, влегоа во сенките на големина наслови и беа дознаени само од луѓе кои што сакале да ги играат баш тие игри… Но сепак едно Indie студио од Бејжинг кое што се вика eBrain Studio направиле една игра која што има многу интересно име – Loopmancer.

Се работи за Sci-Fi Roguelite-Platformer кој што е сместен во еден Cyberpunk свет (Dragon City) со многу добар но хард-кор Noir наратив. И нормално секој ваков Roguelike си бара да си има добар и забавен hack-and-slash комбат. И нормално црешата на шлагот е дека играта е правена во Unreal Engine 4, и тоа што го нуди енџинот е искористено максимално.

The year is 2046, and the world has advanced to the point where cybernetic implants and bionic prosthetics have become commonplace. However, as is typical for the genre, the wealth gap has created a good ol’ fashioned dystopia. You play as Xiang Zixu, a private eye tasked with investigating the disappearance of a high-profile journalist. You’re killed in pursuit of a crime lord who may be linked to her disappearance, and then wake up in your bed, Groundhog Day-style. The day has restarted, but your memories remain intact.

Синопсис на приказната

УМЕТНОСТА Е ВО ДЕТАЛИТЕ

Кога го започнувате демото, првото нешто што ќе го забележите е колку убаво изгледа играта, освен карактерите кои што често се чудни. Очигледно е дека моделите на ликовите би можеле малку да се средат и да изгледаат што помалку како пластика, но играчите во секој случај нема да ги забележите во поголемиот дел од играта бидејќи играта е толку брза и забавна за играње што не се замарате со карактерите. А и дополнително не се некои со кои што може да се врзете на некое ниво да ви е драго што играте со некој детектив што се вика Xiang Zixu. Девелоперите на eBrain направиле фантастична работа создавајќи атмосферски Cyberpunk амбиент полн со прекрасни неонски светла и детални позадини. Loopmancer не разочарува во своите еколошки дизајни.

Одма штом ќе го започнете демото немате објаснување дека вие сте тој и тој, туку приказната во рафални експозиции одма ве пука и одма почнувате. Се будите како карактерот Xiang Zixu, татко кој се обидува да открие кој стои зад смртта на неговата ќерка. Во моментов, тој истражува исчезнат новинар, кој последен пат бил виден како разговара со криминалец кој има голема лутина кон главниот лик. Бидејќи е DEMO верзија не добивате некое многу информации и не откривате многу што се случува понатаму во играта, но сепак добивате доволно колку што е потребно за почеток.

За време на првото играње, Xiang умира и се враќа во својот стан на почетокот на денот. Во станот, играчот може да ги надгради своите способности, да се пресоблече и да си даде бафови по случаен избор со помош на галење на мачката, што е совршен начин да се охрабри играчот. Но сепак секој Buff е нормално различен и доколку не ви се погодат како што треба може да ви наштети на вашта игра, односно на вашиот одреден Run.

Neuro-comp interfaces, bionic prosthetics and nano-biotechnology have all become commonplace. Society is highly developed, but the gap between the haves and the have nots has only grown larger.

Year 2046 / Dragon City

РАБОТА-ДОМА, ДОМА-РАБОТА

Вашето апартманче/станче е првата локација каде што може да си шетате, но сепак подоцна доаѓа полициската станица каде што има многу други работи кои што може да правите таму. Во полициската станица имате неколку можности. Тука избирате каде сакате да одите, на кои стази/области. Ова е многу битно бидејќи секоја област е различна (логично) и секоја област има свои спесифичности. Тие се различни непријатели, различни оружја кои што може да ги најдете, приказна, нивоа и се што може да замислете. Во демото за жал ја има само првата област. Но во полициската станица исто така има еден специјалист за оружја и зајакнување на вашиот карактер. Нешто слично како што James Bond го има “Q” тука имате еден ваш Q. И дополнително во просторијата каде што е специјалистот има едно многу интересно нешто, еден MIni-Game кој што нема да ви откриеме што е бидејќи сакаме да ви оставиме сами да си видите за што станува збор.

НЕ СЕ ВЛЕЧИ, ТРЧАЈ ШТО МОЖЕШ ПОБРЗО

Така цело време ќе започнувате, ќе мора да поминете низ станот и полициската станица само за да се дојде до игра. На патот, играчот ќе гледа повеќе сцени и ќе биде запрен да разговара со ликовите. Тука се прави изборот за со кои оружја сакате да играте и која стаза сакате да ја играте. Играта е доволно брза, односно доволно колку што треба. Далеку е од брзината која што ја има Ghostrunner, но како за ваков платформер има солидна брза што реално може само малку да се зголеми. Брзината во секоја игра е нормално многу битна, и на вакви игри секој сака да мисли дека е многу јак и да лета низ стазите како да игра Warframe. Тоа не дека не е возможно, но нема навистина да летате. Но со помош на лизгање, брзо трчање и нормално Граплинг Хук вие се осеќате како Ninja-Detective. Но затоа брзината во комбатот е прекрасно направен што нема да може да му одолеете

Стазите со секој нов Loop се менуваат на одредени начини. Мал број се и секогаш се различни, но сепак не се генерираат самите секој пат. Околу 3-4 и секој следен пат играте на друга (не толку различна) стаза. Не се толку тешки за памтење, нема да ве бунат не се грижете. И нормално доколку сакате да правите и Fast Travel и тоа е возможно. На одредени места на стазите имаате машини кои што ви нудат можност малку да си ја вратите силата (HP) и со тоа се прави Fast Travel.

ЛАДНО ОРУЖЈЕ, ОГНЕНО ОРУЖЈЕ И… ЛОСОС?!

Начинот на кој што ќе ја преземе ситуацијата ќе зависи од оружјето што го имате и сите ability’s што ги имате. Низ нивоата има машини познати како PUT машини, кои ви овозможуваат да ја префрлате валутата на Loopmancer, позната како eCoins, во неа и да инвестираат во ново оружје. Доколку сте инвестирале одредена сума во тоа оружје но немате доволно да го отклучите, на следното играње ќе ви остане сумата што сте ја инвестирале. Изборот на оружја во играта е ОГРОМЕН! Има оружја како катани и огнени секири, па се до шеговити оружја како столче на преклопување или солена риба. Сите тие, исто така може да вклучуваат специјални напади, како што например палката за голф да може да лансира проектили кон непријателите. Веројатно никогаш нема да играте со такви Joke-Weapons, бидејќи ако некој ви даде голем Лосос и Катана што би одбрале… Но сепак возможно е да ја поминете играта и со Лосос како оружје, но ќе сакате да си ги извадите очите додека успеете да стигнете до крајот на тој начин.

Покрај ова, играчите можат да носат огнено оружје, бидејќи секогаш е убаво да се има и некој пиштол или пушка заедно со вашата катана. Да се ​​биде во можност доволно да се користат сите овие во жарот на битката е клучот за опстанокот. Нормално нема да можете да пукате цело време, и немате без број куршуми, интерсно е имате многу малку, но Loopmancer вклучува кутии за снабдување од време на време за да надополни сè што е изгубено. Играта има многу кутии кои што мора да ги скршите доколку сакате да си ги вратите куршите и повторно да си пукате. Како што спомнавме, многу сте ограничени за со куршуми, но сепак многу повеќе ќе сакате да сечете луѓе со катана него да ги пукате и убивате. И нормално на сите стази има едни топки кои што ги наоѓате и ви даваат мал Upgrade на вашето HP, Stamina, колку муниција може да имате.

ЦРВЕНО БУРЕ ЗНАЧИ САМО ЕДНО НЕШТО

Една важна работа што беше вистинско изненадување е тоа што се што има на стазите се многу битни карактеристики во битката. Ова главно доаѓа на патот на експлозивните црвени буриња кои се расфрлани низ целата област, што може да предизвика голема штета не само на непријателите, туку и на играчот. Дополнително на тоа, има неколку области кои имаа еколошки опасности како што се брзо возење на возила на автопат. Како и бурињата така и автомобилите ви штетат и на вас и на непријателите. Непријателите може лесно да се соборат, но бараат одредена стратегија врз основа на нивниот став. Тие се означени со каква боја трепкаат; ако е црвено, тие сè уште можат да бидат тепани и нема да направат Respawn или да се вратат, ако е жолто, тие блокираат и не можете лесно да ги утепате не. Овој пристап ги држи играчите на нивните прсти, но би било убаво да се има блокада за самиот протагонист, бидејќи нападите можат да бидат брзи и многу штетни. Да се ​​одбегне од патот е малку незгодно, а брзиот блок може да ја подобри борбата.

Нешто што многу ќе ве нервира додека ја играте играте дефинитивно ќе се црвените буриња бидејќи некогаш ќе е тешко да ја избегнете експлозијата, но сепак непријателите се исто така добро оружани. Многу оружја имаат во себе гранати. Нормално доколку ви фрлат една граната таа ќе експлодира и доколку не ја избегнете ќе ве оштети, па дури може и да ве убие.

ЗВУКОТ Е КАКО ДА ЗБОРИТЕ СО ПРИЈАТЕЛИ НА DISCORD

Нешто што многу ја утепува и уништува забавата додека играте е дефинитивно саунд тракот војс актингот кои што го имаат протагонистите, но дефинитивно антагонистите… На непријателите кога им се додавало гласови веројатно девелоперите немале начин како да го направат тоа и решиле да седнат сите да зборат на Discord, тоа да го снимат и да го стават во играта. Дефинитивно тоа е најлошото нешто во играта кое што доведе на моменти за проверка да се види дали случајно сме во некој Voice Chat на Discord со неколку пријатели. Целиот саунд-трак не е доволно направен како што треба, се осеќа како да е музика што успеле да ја најдат накаде на YouTube и не ни провериле колку музиката се спојува во играта. Не е толку лош, но кога веќе станува збор за Cyberpunk Futuristic свет, мора да има приближно нешто како што имаше Cyberpunk 2077… Нешто што најдовме во играта што можеби е BUG, не навлеговме многу да провериме е тоа што доколку целиот Sound го ставите на 0, исклучите се што може да се исклучи, зборувањето на непријателите се уште си стои и не може да биде исклучено! Можеби ви текнало дека сакате да ја играте играта без звук, во еден момент ќе слушнете некој како овка од болка, и баш тогаш проверувате дали не сте излегле од Discord Voice Chat.

ДАЛИ МОЖАМ ДА ЈА ИГРАМ ИГРАТА НА PC?

За среќа, иако играта еимпресивните, Loopmancer не бара врвен хардвер. Ова се минималните и потребните барање за хардвер

  • OS: Windows 7 64-bit
  • Processor: Intel Core i5-8250U / AMD Phenom II X4 965
  • Memory: 8 GB RAM
  • Graphics: GeForce MX150 / Radeon R7 260X
  • DirectX: Version 11
  • Storage: 15 GB available space
  • OS: Windows 10 64-bit
  • Processor: Intel Core i7-4770S / AMD FX-9590
  • Memory: 16 GB RAM
  • Graphics: NVIDIA GTX 1060(6GB) / Radeon R9 390X
  • DirectX: Version 11
  • Storage: 15 GB available space

Играта за сега ја има само како DEMO верзија, но треба да ја видиме во текот на оваа година на PC, PlayStation, XBOX и Nintendo Switch.

Трејлер
Гејмплеј

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN