Режисерот на The Batman најави стрип серијал каде што ќе се раскаже приказната на The Riddler (Year One)

Режисерот на популарниот The Batman филм, Matt Reeves најави спин-оф стрип серијал каде што ќе се раскаже приказната на непријателот од филмот The Riddler кој што беше игран од страна на врвниот Paul Dano. Овој стрип ќе ја раскаже приказната на карактерот кој што го видовме во филмот, и многу интересно нешто е што ова било идеја на Paul Dano и он решил да ја пишува приказната за стрипот. Серијалот ќе го носи името “Riddler: Year One”. Официјалната најава дојде од страна на режисерот Matt Reeves на социјалните мрежи со следниве твитови.

Твитовите на Matt Reeves брзо беа проследени од еден од официјалните профили на социјалните мрежи на Batman, дополнително потврдувајќи го датумот на објавување на стрипот. Стрипот треба да го добивеме во октомври.

Оваа објава исто така помага за дополнително контекстуализирање на големиот вирален маркетинг на The Batman. Виралниот маркетинг сајт на филмот (црната веб страна на The Riddler) објави детална галерија на реквизити во позадина од улогата на Riddler-от на Dano. Можевме да ги видиме неговите тетратки со мислите на негативеот, фотографии од надзорот и досиеја за различните политичку фигури од Готам што ги следел, фотографии од неговото скришно место каде што ги заговарал сите грозоморни убиства и стапици што ќе ги употребел. Тоа беше јасен показател дека во оваа нова верзија на The Riddler има многу повеќе отколку што може да се вклопи во опсегот на еден филм.

Од првиочниот звук, Riddler: Year One ќе скокне понатаму за да покаже како судскиот сметководител Edward Nashton ја решил темната загатка на корумпираната политичка и елитисичка хиерархија на Gotham City, а истовремето целосно полудувал во процесот. Тоа би можело да биде прекрасно длабоко и сложено проучување на карактерот што исто така помага да се оформи светот на Gotham што го изгради Matt Reeves, со истиот тон на Noar и теми со кои одеше Batman. Reeves отсекогаш бил упатен за тоа колку длабоична додаде Dano на својата улога на The Riddler, сега фановите ќе се уверат и самите себеси.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN