Организацијата PETA бараат во God of War Ragnarok да има “Peta Mode” каде што ќе нема насилство врз Животни

Повеќето луѓе знаат дека сè што ќе му застане на патот на големиот и веќе стариот Kratos нема да заврши баш сјајно. Без разлика дали тоа е со сечилата, секирата или само со рацете на Kratos, знаеме дека премногу крв е пролеана од негова страна, посебно кај суштествата и животните. Поради таа причина групата за права на животните PETA повеќе би сакале Kratos да ги поштеди сите суштества кои застануваат на патот на Kratos. Здружението бара во играта да се стави “PETA MODE” каде што ќе нема насилство врз никое животно!

Во неколку објави преку официјалниот Twitter профил на PETA, организацијата бара од Sony Santa Monica да им дозволи на играчите да ја играат Ragnarok без да мора да го исфрлаат „насилството врз животните“. Секој кој е дури и неколку часа во играта ќе биде свесен дека Kratos масакрира еден куп животни што му се на патот, но PETA сака да има начин да го избегне сето тоа крвопролевање. Бидете предупредени дека надоле претстојат благи спојлери на God of War Ragnarok, ако се уште не сте ја играле можно е да добиете спојлер!

Ова не е прв пат, а ни па последен пат PETA да повика голем издавач да промени една од своите игри. Позабележителен пример за ова беше за време на лансирањето на Far Cry 6, во кое PETA побара од Ubisoft да ја отстрани мини-играта со петли. Ништо не беше променето на крајот, и многу е веројатно дека серијаталот God of War ќе има многу колење животни во идните наслови. Во идните наслови нормално доколку се направат… А сите знаеме дека оваа франшиза нема да згасне така лесно.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.